Временска прогноза
УХМР со најава за повремен локален дожд во западните делови од нашата држава, проследена со појава на грмежи

Утре и задутре, претежно во западните предели и во попладневните часови ќе има повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со појава на грмежи.
Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Временска прогноза
Од вечерва доаѓаат нови дождови, како и снег на пониските места

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, особено на планинските места со надморска височина од над 1300, 1400 метри и тоа претежно во западните предели.
Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.
Утре во текот на денот ќе има краткотраен престанок на врнежите, меѓутоа доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежи од снег ќе има и на пониски места. Детална анализа околу ова следува понатаму.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Најнови метео информации: Од пладне дожд, на планините поинтензивна снежна покривка

Денес од пладневните часови и тоа од запад ќе започнат врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во попладневните и вечерните часови ќе се прошират во најголемиот дел од државава. На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе започне да се зголемува. Локално, особено во западните предели ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог а ќе дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Врнежи ќе има и утре, особено во попладневните и во вечерните часови, поинтензивни истите повторно ќе бидат особено во западните предели од земјава а ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри, особено на запад.
Врнежи ќе има и на почетокот од следната недела кога поради продор на студена воздушна маса од север ќе преминуваат во снег во најголем дел од земјава, особено во вторник.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес облачно со умерен ветер, викендот пред нас идеален за снег на скијачките терени

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.
Потоа за време на викендот, нашата територија ќе биде под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ која ќе услови времето да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Врнежите локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ, додека на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка значително ќе се зголеми ( за над 40 сантиметри ), и тоа особено во западните предели.
. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. На почетокот од следната недела под влијание на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има понекаде и на повисоките населени места. Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен, а во понеделник од западен правец.
Да напоменеме дека за време на викендот, оние кои се љубители на скијањето, ќе биде иделано за истото и тоа особено на повисоките ски центри со надморска височина од над 1300 – 1400 метри, и тоа особено во западните и во северозападните предели (Попова Шапка и Маврово).
-
Кичево2 дена
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Временска прогноза3 дена
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Кичево23 часа
За Кичево: Млекара „Маврово“ вработува дистрибутер и работници за производство
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (22.01) петок
-
Македонија2 дена
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена
-
Видео3 дена
(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..
-
Балкан2 дена
(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ваљево, поставените столбови спасија жена и дете на пешачки
-
Македонија19 часа
Нови 347 случаи на Ковид-19 денес, починати 11 лица