Следете не

Култура

Утре е голем ден: Едно нешто одредува каква ќе ви биде цела година, не правете го ова

Објавено пред

на

Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. Ноември. Утре именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.

Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погубил.

Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погребале.

На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Култура

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Објавено пред

на

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.
Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.
Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.
Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата.
Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…
Честито име, да донесе здравје, љубов, среќа, душевен мир и благосостојба!

Прочитај повеќе...

Култура

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме

Објавено пред

на

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

Вчера во Кичево глутница бездомни кучиња нападнале 12 годишно момче

На 30.01.2025 во 14.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале...

Lifestyle3 часа

Дали ја држите чашата за вино правилно? Еве зошто е важно

Многумина уживаат во чаша вино по долг ден, но малкумина размислуваат за начинот на кој ја држат. Според експертите, правилното...

Lifestyle3 часа

Пет работи што никогаш не треба да ги правите на празен стомак

Она што прво го внесувате во организмот наутро не само што влијае на вашиот ден, туку и на целокупното здравје....

Магазин3 часа

DeepSeek го освојува светот: Отворениот AI, Google и NVIDIA во криза!

Појавата на новиот асистент со вештачка интелигенција од Кина – DeepSeek – предизвика големи промени на глобалната технолошка сцена. Најдобар...

Магазин3 часа

Sony го прекинува производството на Blu-ray дискови, MiniDiscs и MiniDV касети

Sony најави дека ќе престане со производството на неколку видови медиуми за снимање видео и аудио содржина, вклучувајќи ги Blu-ray...

Магазин3 часа

Nvidia: Конекторите за напојување на RTX 50 се безбедни

Компанијата Nvidia уверува дека графичките картички од серијата RTX 50 нема да се соочат со проблеми со топење на конекторите,...

Временска прогноза4 часа

На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (31 јануари)

ОВЕН Вашиот најголем непријател овие дена ќе биде здодевноста и мрзеливоста на работа. Обидете се што побрзо да се грижите...

Спорт15 часа

(ВИДЕО) Домаќинот Хрватска со победата над „големата“ Франција ќе игра во големото Финале!

Хрватската машка ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во преполната сала во Загреб ја совлада Франција...

Спорт15 часа

ФФМ организираше семинар за медицински лица, како и практични вежби на фантоми од медицинскиот симулациски центар

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“....

НАЈЧИТАНИ