Скопје
Момчиња загинаа во сообраќајка предмалку на Првомајска во Скопје

На скопската улица „Првомајска“ вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загубија две лица.
Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои се уништени.
Според очевидци двете момчиња починале уште пред да дојде Брзата помош.
Подетални информации очекуваме во текот на ноќта или утрешниот ден.
Колегите од iNFOMAX беа на терен:
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (13 март)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (12 март) – среда
-
Временска прогноза1 ден
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски
-
Спорт1 ден
Омерагиќ: Со заеднички амбиции и взаемна желба, ФФМ добива нов спонзор за македонскиот фудбал
-
Здравје и убавина23 часа
Дознајте за храната која е богата со витаминот „Е“, а тој е и тоа како корисен за здравјето на човекот
-
Спорт1 ден
Милевски го истакна списокот на повикани фудбалери за мечевите против Лихтенштајн и Велс
-
Lifestyle8 часа
Утрински навики што го забрзуваат стареењето на кожата
-
Lifestyle8 часа
Три кујнски состојки што ќе ги разубават вашите лилјани