Кичево
Lounge Bar „Bacardi“ со посно мени за Велигденските пости

Нашиот „Bacardi“ Lounge Bar каде може да ги најдете сите вкусни јадења и пред јадења, во своето богато мени додаде и посно по повод Велигденските пости.
Посен доручен, посни пред јадења, панцероти, посни салати, посни тестенини, посни рол сендвичи, посни фурнаринки …
ИЗВЕСТУВАЊЕ: По повод најголемиот Христијански празник „Велигден“ во Недела, нашиот локал нема да работи, така што ви посакуваме среќни Велигденски празници, многу здравје, среќа, љубов и бериќет. /Bacardi
Кичево
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. пешадиски баталјон (4.пб), од 1 пешадиска бригада (1.пбр) традиционално го одбележаа 21-ви мај, Денот на Единицата.
Во текот на свеченоста со пригодни говори и честитање на празникот, се обратија командантот на 4.пб потполковник Горан Трајаноски и командантот на 1.пбр полковник Сашо Лафчиски.
Во своите говори се навратија на јубилејните 30 години од формирањето на Армијата, историјата на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои претстојат.
На оваа свеченост прогласен беше најдобар вод, од составот на баталјонот и доделени беа стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.
Одбележувањето заврши со реализиција на тактичко техничкиот збор (ТТ-збор) во неколку работни точки, на кој учесниците од основните и средните училишта како и останатите присутни гости, со разгледување имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
Денот на Единицата беше исто така збогатен и со неколкуминутна програма на играорците од КУД „Бисер“ од Кичево.
На денот на Единицата во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираше крводарителна акција со која што персоналот доброволно даруваше крв, дарувани беа 51 единица на крв.
На денот на единицата присуствуваше началникот на штаб на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пбр полковник Сашо Лифчиски, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, преставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
На официјалната покана Порта.мк беа гости, така што преку фотографија ви го пренесуваме овој традиционален настан!
Нека е честит и вековит 21-ви мај!
Не е дозволено никакво превземање на фотографии без договор со уредникот, со почит.
Кичево
Урбана викенд програма во Република 96250

Петок (27.05.2022) го резервираме за љубителите на електронката музика диригирана од локалниот DJ PUNISHER, почеток во 21:00h (Second floor).
Забавата продолжува и оваа сабота, 28.05.2022. со Laura Krliu & Diamond Balazhi, Оливер Стојкоски (Drums), Кико Јапер (Bass). Република 96250 ве поканува на одлична забава, почеток 21:30 часот.
Кичево
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од селата Црвевци со Гарани, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.К. (42) од село Туин, кичевско, удрило во пешак В.Ш.(39) од село Стрелци, кичевско.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото изврши екипа од ОВР Кичево, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Македонија10 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Култура1 ден
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Кичево4 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Автомобили1 ден
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Скопје2 дена
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Магазин1 ден
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7