YouTube Live Stream
Нашиот YouTube лик BamBo доделува CS:GO stream вечерва во 20:00ч

Нашиот ЈутЈубер член на големото семејство BamBo од YouTube Macedonia во соработка со Steam Key Shop MK само за верните обожаватели денес токму во 20:00ч во живо на неговиот YouTube канал доделува CS:GO Stream
Бидете дел и уклучете се на неговиот канал, стиснете SUBSCRIBE и добијте гратис CS:GO Stream!
Со среќа! :)
YouTube Live Stream
YouTube Macedonia шоу во Скопје!

YOUTUBE Македонија пристигна!
Не! Одма да се разбереме. Ова не е meet-up. Ова е една сосем друга приказна, поинаква, нова, тотално нова. Ова е приказна која ќе не’ собере сите на едно место, да се дружиме заедно со сите наши омилени јутубери.
Драги другари и другарки, со огромно задоволство Ви најавуваме големо шоу на 12. 05. 2018 (сабота) со почеток од 14 часот, во малата сала на ВИП АРЕНА – Борис Трајковски каде ќе можете да ја доживеете јутјуберската атмосфера предводена од Bobi Beatbox, GP, Winncoot, Steffonator, Bambo, Иван Ајнштајн, IB, Blostur, Darko Atanasovic, Antonio HD, BonnoTV, LordOFails, Андреј Прави Влогови и Nikola’s Art House. Ќе биде скроз лудо, ќе има челниџи, гејминг, пеење, зезање, Q&A, влогање…
Ќе биде настан за кој многу долго ќе се зборува, ќе се прашува кога пак и зошто не побрзо?
Целава приказна другари и другарки ќе биде поставена како настан од светски рамки, на голема сцена. Сето ова ќе биде во продолжение од два – три саати, се разбира не ставаме лимит до кога ќе трае бидјеки не знаеме јутјубериве како ќе се заиграат и колку ќе откачат, на крајот на краиштата дојдени сме за забава, нели?
На нас останува да ги следиме и гледаме како го прават тоа, да им се восхитуваме на нивните иновации во интернет просторот, да се воодушевуваме на нивната интернет приказна и секако да се обидеме и ние да постанеме како нив – дел од YouTube Македонија!
Дојдете заедно да бидеме дел од оваа приказна, и колку и да звучи клише ќе го напишеме: не дозволувајте други да ви раскажуваат како било!
Не другари, ова нема да биде meet-up. Ова ќе биде ШОУ!
Билетите можете да ги купите во Југотон и продажната мрежа на Тикет Плус, како и on-line на ticketplus.mk и jugoton.mk по следниве цени:
Фан Пит – 600 ден. (само 300 влезници)
Партер – 300 ден.
Трибина – 400 ден.
ВИП Пакет – 1.500 ден. (фан пит влезница, фотографија и дружење со јутјуберите и официјална маичка од настанот)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин2 дена
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин2 дена
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин2 дена
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Свет2 дена
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Скопје13 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН