Здравје и убавина
Дознајте кој лек е брз за акни и херпеси

Херпесите се мали, непријатни пликови кои се појавуваат од нечистотија или стрес, а може да бидат видливи со денови. Исто така, и акните се чест проблем со кој никој не сака да се бори.
Сепак, постои природен лек со кој на брз начин ќе се ослободите од овие две непријатни појави.
Земете парче бел лук, ситно исечкајте го и ставете го директно на херпесот. Оставете го да делува 10 минути, а потоа измијте го со топла вода. Оваа постапка можете да ја повторите 5 пати, по кои за околу 12 часа херпесот ќе се повлече.
Тајната на белиот лук е што ја зголемува одбранбената способност на организмот. Богат е со многу минерали, содржи етерични масла, витамини и се смета за природен антибиотик.
Третманите со лук се препорачуваат и кај појавата на акни и секој тип на нечиста кожа.
Доволно е да ставите малку исечкан лук на местото, да го оставите да отстои неколку минути и местото да го исплакнете со топла вода.
Секако, избегнувајте ја областа околу очите.
Постапката можете да ја повторите безброј пати, но за оние со чувствителна кожа не се препорачува повеќе од 5 пати во денот.
Здравје и убавина
Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело. Токму затоа ви претставуваме неколку намирници кои ќе ви помогнат брзо да го намалите вишокот килограми
Јагоди
Освен што се овошје кое е создадено за уживање, јагодите исто така можат значително да ви помогнат и при слабеењето. Најновото истражување потврди дека лицата кои јадат осум грама повеќе влакна, губат половина килограм повеќе на 1.000 внесени калории. За среќа, јагодите се преполни со влакна, па можете да ги јадете секојдневно.
Јајца
Преполни се со протеини и лесно заситуваат. Доколку за појадок јадете јајца, ќе видите дека ќе бидете значително посити, па со самото тоа ќе го намалите и внесот на друга храна.
Зелена салата
Салата е преполна со вода која ви помага да се заситите побрзо, па доколку ја изедете пред главното јадење, помалку ќе изедете од оброкот, па така ќе се заштитите и од дебелеење. Доколку не сакате салата, истата работа ќе ја постигнете и со консумирањето на супа од зелечук.
Печурки
Освен што имаат вкус на месо, печурките исто така во себе содржат и одредени фактори и квалитети како црвеното месо. Истражувањата покажаа дека доколку изедете една порција печурки, ќе се заситите исто како да сте изеле една порција месо.
Извор: denar
Здравје и убавина
Како успешно да се спречи појавата на мозолчиња преку лето

Борете се против мозолчињата одвнатре – јадете многу пробиотици и зелен зеленчук.
Со повисоките температури често се менува и изгледот на нашата кожа. За да се обидете да ја спречите или барем да ја ублажите оваа појава држете се до овие правила:
1. Борете се со мозолчињата одвнатре – јадете многу пробиотици и зелен зеленчук
2. Обидете се целосно да ги избегнувате слатките и газираните сокови
3. Почесто перете ја навлаката за перницата
4. Набавете малку посилен лонсион за чистење на лицето, со состојки против мозолчиња
5. Со антибактериски марамчиња пребриштете го мобилниот телефон неколку пати во денот
6. Пијте барем 2 литри течности дневно
7. Тргнете ги шишките од лицето
8. Доколку забележите мозолчиња на грбот или деколтето – некое време носете само памучни маици
9. Престанете да ги стискате мозолчињата и митесерите
10. Правете темелен пилинг еднаш неделно
/denar
Здравје и убавина
Кои јаглени хидрати се корисни, а кои треба да се одбегнуваат според некој од истражувањата

Постојат јаглени хидрати без кои нашето тело не може правилно да функционира и тие би требало секој ден да бидат на нашето мени. Многу зборуваат дека јаглехидратите се нашиот најголем непријател и кои се виновни за зголемување на килограмите, но дали се сложувате со овие инстражувања?
Црн леб и макарони
Овие производи содржат влакна и потребно им е помалку време да се обработат, така што ќе обезбедат да останеме подолго сити. Тоа значи дека енергијата на јаглехидратите ќе се троши побавно, а ние ќе имаме енергија долго време. Во исто време содржат и витамин Б, кој е важен за метаболизмот.
Грав и други мешунки
Црниот грав, леблебија и леќа содржат многу фолна киселина, магнезиум, влакна и калиум. Сите овие елементи ни помагаат да го намалиме шеќерот во крвта, да го подобриме нивото на холестерол и целокупното здравје.
Овошје
Овошјето не асоцира на ништо со јаглени хидрати, но поради шекерот, сето тоа спаѓа во оваа категорија. Плодовите се полни со витамини, минерали и антиоксиданти. Избегнувајте купување на неоргански праски, јагоди, грозје, јаболка, боровинки и цреши, бидејќи може да имаат повеќе пестициди.
Зимски тикви
Зимските тикви се полни со влакна и хранливи материи, како што е бета-каротен, што ни помага да го подобриме видот и витаминот А кој се грижи за здравјето на белите дробови. Имаат и витамин Ц кој спречува формирање на брчки и го подобрува имунолошкиот систем.
Житарки од цели зрна
Меѓу нив се кафеавиот ориз и овесот. Тие се најздрави јаглени хидрати, затоа што нашиот организам брзо ги вари.
Кои јагленохидрати треба да ги избегнуваме?
Бел леб, бел ориз, чипс, житарки и закуски кои имаат маснотии.
/denar
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април 2023)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (2 април)
-
Скопје20 часа
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар
-
Временска прогноза2 дена
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..
-
Македонија1 ден
Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово
-
Занимливости2 дена
„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата
-
Македонија23 часа
(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин
-
Кичево2 дена
Нова неделна супер акција во АТВА Маркети – Кичево, купувајте по одлични цени!