Македонија
Чудо пред Велигден во црквата „Свети Ѓорѓија“: Се помолила пред икона, и оздравела!

Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда! Ова го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете.
– Можеби звучи неверојатно, но една верничка која слушнала за мироточењето на иконата во нашата црква, дојде, се помоли пред иконата, потоа ме праша дали имаме крстена вода. Јас и го покажав садот, си пушти од водата и ме праша: отец, водата е газирана!? Јас и одговорив дека само е светена вода и толку…Но, истата верничка, следниот ден повторно дојде во нашата црква, се заблагодари пред иконата и ме прегрна мене и одборниците. Рече: „Оче, верувале или не, болката во нозете која ја имам цела деценија и која ми го отежнуваше движењето, ми помина”. И еве оттогаш има повеќе од две недели, неколку пати доаѓа, раскажува отец Бобан.
Тој, веднаш потоа појаснува дека Бог, всушност, го дарува чудото за да не направи силни во верата.
– Чудото, за оној кој верува не е толку потребно. Чудата кои Бог на директен или индиректен начин секојдневно ни ги праќа, служат за нас кои веруваме уште повеќе да ја засилиме верата во него, тие се духовна радост. И за оние кои се скептични и се сомневаат, што за жал е дел од човековата природа која живее без Бога, ваквите чуда се доказ дека Бог навистина постои. Сами гледате какви коментари има на социјалните мрежи, вели нашиот домаќин.
Додека го правевме разговорот, голем број верници влегуваа и излегуваа од црквата. Не им пречеше што десетина жени генерално ја чистеа и внатрешноста на храмот и дворот.
– Традиционално, секоја среда пред Велигден доаѓаат вернички од селото и околината и пред големиот празник генерално чистат. Голема радост ни е веста дека за Ѓурѓовден ќе не посети и неговото блаженство, македонскиот архиепископ, г.г. Стефан, вели Ристо Сетинов, член на црковниот одбор. Со радост ни раскажа дека пресвета Богородица со мироточењето им донела голем број верници во црквата и тоа не само од околината на Скопје туку од цела Македонија, па дури и од соседна Србија.
На иконата се уште има траги од мирото, а ако се допре со челото, навистина има специфичен мирис.
– Чудо е, навистина. Кога тргнав кон иконата како да одев по латици, а кога застанав простум … не знам, чувството е преубаво, неописливо. Треба да сме среќни што Бог се уште не удостојува со чуда, во ова време на живот во грев. Сега се чувствувам дека имам енергија за да го прегрнам цел свет. Господ на помош да е на сите! – вели Катерина Грозданова, која заедно со нејзиниот сопруг ја сретнавме во црквата.
Мироточењето на иконата беше забележено на 10. овој месец на неделната литургија кога присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена. Свештеници и теолози на МПЦ, но и лично г.г. Стефан потврдија дека станува збор за „мироточење на иконата”, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој често се случува во црквите.
Македонија
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 28/29.01.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-01, Кичево-01).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: МВР
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво