Македонија
Дел од планинарите барале турата да се откаже, телата најдени на само 4 метри од врвот Кајмакчалан (ВИДЕО)

„Трансверзалец“ има само еден лиценциран водич за зимски тури, а тој не бил предводникот на групата од која двајца планинари загинаа на Кајмакчалан. Според федерацијата на планински спортови на Македонија, водичот на групата поседувал лиценца за планинарење во летни услови. Не се знае каква била структурата на групата, но за искачување на група од 50 планинари потребни се 20 лиценцирани водичи, пренесува ТВ Сител.
Од друштвото „Трансверзалец“ денеска не сакале да дадат коментар за трагедијата во која настрадаа 27 годишната Калина Велевска и 35 годишниот Александар Миновски од Скопје.
Од Федерацијата на планинари на Македонија ќе го чекаат извештајот од друштвото кое ја организираше групата кој задолжително се доставува по секоја реализирана тура. Заклучокот за несреќата ќе го соопштат во петок, откако претходно ќе се состане одборот со претседателите на сите планинарски друштва од Македонија.
Од федерацијата се категорични, на зимско планинарење се тргнува најрано по три дена откако ќе падне снег. Водичот на групата морал да го прекине искачувањето кон Кајмакчалан, бидејќи не било согласно правилата.
Според информациите до кои дојде Сител, дел од членовите на групата како и водичот веќе дале исказ за несреќата пред грчките полициски служби.
Извори за Сител од групата велат дека условите биле многу лоши, а меѓу нив имало и такви кои барале да се откаже турата веднаш откако се соочиле со првите снежни виулици.
Калина и Александар се изгубиле околу 14 часот попладнето и со нив можело да се разговара на телефон некое време, но подоцна загубиле секаков контакт.
Пребарувањето од грчките служби почнало веднаш по пријавата. Телата се најдени на 2524 м.н.в на само 4 метри од врвот Кајмакчалан.
Местото се наоѓа на само стотина метри од македонската гранична линија на планината од каде теренот на планината е див и непредвидлив. Тоа се гледа и од снимките кои се направени од пожарникарната служба на Воден која ги извлекуваше телата.
По информациите дека грчките служби најверојатно отпочнале истрага, МВР ни соопштија дека ќе се работи на откривање на околностите под кои ги загубија животите двајцата планинари.
Од Основното Јавно обвинителство засега нема отворено истрага за случајот но велат постои можнот да се отвори постапка и од македонското обвинителство, но се уште нема таква ифнормација.
Извор: Kurir
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура10 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза2 дена
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје1 ден
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“
-
Автомобили10 часа
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Магазин10 часа
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7