Без категорија
Денешен Хороскоп (23.3.18) Петок
ОВЕН
ЉУБОВ: Изгледате вознемирено поради различни дилеми, но партнеро има добра идеја и знае да ве расположи. Усогласете си ги мислите и чувствата/
РАБОТА: Се обидувате да се ослободите од многубројните обврски, но постојано наидувате на отежнати околности.
СОВЕТ: Избегнувајте ситуации кои дополнително ве исцрпуваат.
БИК
ЉУБОВ: Нема потреба да внесувате дополнителни сомнежи или емотивна тензија во заедничкиот однос. Среќата ви се насмевнува.
РАБОТА: Важно е да се придржувате до проверен образец во деловно финансиската соработка и да избегнувате непотребни предизвици.
СОВЕТ: Слободното време посветете го на некои омилени теми и опуштете се.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Партнерот има големо влијание врз вашето расположение, посебно кога изненадно ќе ве преплави чувството на несигурност или нагласената сентименталност.
РАБОТА: Сакате да занемарите некои незгодни ситуации. Избегнувајте докажување пред соработниците кои користат други деловни критериуми
СОВЕТ: Потребно ви е мало поттикнување за да го подобрите расположението.
РАК
ЉУБОВ: Се повеќе почнува да ви недостасува нечие присуство или внимание. Нема причина да ги потиснувате своите чувства и потреби.
РАБОТА: Јасно ви е дека многу работи изгледаат различно во однос на тоа што јавно се говори или кажува во друштво на соработниците.
СОВЕТ: Избегнувајте депресивно расположение и деструктивно однесување
ЛАВ
ЉУБОВ: Контролирајте ги своите афекти и негативни страсти во вашиот однос, не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
РАБОТА: Ве очекува ново или поучно искуство во средбата со соработниците. Кај себе поттикнувате љубопитност и креативно расположение.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде прошетка во природа или некоја спортска активност.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ако сте незадоволни со емотивниот и брачниот статус, слободно превземете иницијатива пред блиската личност.
РАБОТА: Имате впечаток дека некој ве успорува или ви пречи во вашите деловни цели. Барате начин да го подобрите расположението и концентрацијата.
СОВЕТ: Планирајте излегување како причина за добро расположение.
ВАГА
ЉУБОВ: Во приватниот живот избегнувајте дискусија во семејството или нова конфронтација со некој близок.
РАБОТА: Сфативте дека постојат нови отежнувачки околности, па не инсистирајте на вашите оригинални намери.
СОВЕТ: Обидете се да ја подобрите концентрацијата.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Честопати знаете дека идеализирате одредени настани. Вашата емоционална несигурност произлегува од прекумерни желби што не знаете правилно да ги канализирате.
РАБОТА: Премногу ароганции од ваша страна може да го комплицираат деловниот договор. Понекогаш треба да се создаде во креативна изолација.
СОВЕТ: Нема потреба да се оптоварувате со “тешки мисли”, опуштете се.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Поттикнете кај себе емоционалната инспирација и добар вкус. Препуштете се на вашите чувства и страсти.
РАБОТА: Имате добро чувство за бизнис процена. Важно е правилно да ги нагласите вашите професионални способности и да дејствувате добро.
СОВЕТ: Вие сте во одлична психо-физичка форма.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Вие постојано се обидувате да избегнете емоционална одговорност пред блиска личност. Сепак, не можете да ја негирате вистината во ситуации кои стануваат очигледни.
РАБОТА: Внимателно анализирајте нови бизнис настани кои ги загрижуваат вашите соработници.
СОВЕТ: Треба да ја подобрите вашата кондиција.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Во љубовни очекувања, одите еден чекор понапред од вашиот партнер. Вашата нетрпеливост изгледа збунувачка за љубената личност.
РАБОТА: Ако некој те изложи на бизнис предизвик, размислете за можните последици. Некој може да ги открие вашите тајни намери.
СОВЕТ: Бидете внимателни во сообраќајот и избегнувајте стресни ситуации.
РИБИ
ЉУБОВ: Нема причина да се однесува строго кон блиско лице, да прифати нечие извинување. Запомни, доброто се враќа назад.
РАБОТА: Вие се грижите дека животната средина го почитува вашето мислење или дека некој посериозно ги разбира деловните идеи за кои се залагате.
СОВЕТ: Избегнувајте деструктивно однесување и лоши навики.
Без категорија
(ВИДЕО) Di María ја зепачати резултатската предност од 2 гола за Аргентина по првите 45 минути. Франција ја чека пеколно полувреме..

Фудбалерите на Аргентина и Франција играат во финалето на Светското првенство во Катар. Поведоа „гаучосите“ со голот на Лионел Меси од пенал, а потоа беше забележана неверојатна контра која ја заврши Анхел Ди Марија за 2:0.
По десната страна, Мекалистер истрча, ја префрли топката на спротивниот крај, а од левата страна Ди Марија излезе пред Лорис и лесно ја реши оваа ситуација, по што стрелецот не ја криеше среќата во солзи.
По првите 45-минути, Аргентина е на чекор до шампионскиот трофеј.
Головите:
AT FIRST MESSI SCORES THE GOAL FROM THE SPOT.
AND THEM DI MARIA SCORES ONE OF THE BEST GOAL OF THIS #FIFAWorldCup #ArgentinaVsFrance #Messi𓃵 #Messi pic.twitter.com/bB0duzpr0a— ᴇɪɴꜱᴛᴇɪɴ (@EinsteinG_) December 18, 2022
Messi & Ángel Di María
Argentina goal! 🔥🇦🇷 pic.twitter.com/65cN88ndzn— Ramazan Küsken (@ramazankusken) December 18, 2022
Без категорија
Дали знаете дека постојат четири пијалоци кои може да се каже дека се подобри од водата за пиење?

Сепак, ако пиете само вода, нема да можете да внесете одредени потребни состојки кои се добри за вас, вели Фелисија Столер, диететичар и физиолог од Њујорк. „Немојте да ме сфатите погрешно, да се пие многу вода е добро за секого. Но, така нема да внесите доволно антиоксиданти, фитосостојки и други потребни нутрициенти“.
Затоа треба да посегнете по други здрави напитоци за да ја одржувате хидратацијата на вашето тело. Во прилог четири пијалоци кои се подобри од водата:
Зелен чај
Истражувањата покажаа дека овој напиток го намалува холестеролот и крвниот притисок, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, па дури и дека уништува клетки на рак.
Зелениот чај го заштитува мозокот. Истражувањата покажаа дека помага во спречување на наслаги на нервите што водат до Алцхајмерова болест, а ја подобрува активноста на мозокот во делот одговорен за меморија.
Во неодамнешна студија презентирана во 2015 година на Меѓународната конверенција за Алцхајмерова и Паркинсонова болест, истражувачите го поврзаа зелениот чај со превенција од ментални болести кај луѓето над 60 години. Тоа се должи на богатството од антиоксиданси што го нуди зелениот чај.
Што е најважно, зелениот чај е многу малку обработуван, па со негова подготовка добивате шолја полна антиоксиданси. Зелениот чај одлично помага и при слабеење.
Кокосова вода
Од 2007 до 2009 година пет пати се зголемила потрошувачката на кокосова вода во САД, а тоа се должи на препораките дека овој напиток е полн со електролити кои на извонреден начин го рехидрираат телото по вежбање. Дури една студија објавена во Medicine & Science in Sports & Exercise докажа дека кокосовата вода ги надополнува течностите во телото подобро од вода.
Таа е богат извор на натриум, калиум и магнезиум основните електролити потребни на телото, а кокосовата вода ги има истите рехидрирачки својства како и спортските пијалоци, минус шеќерот.
Во една чаша пијалок има 60 калории. Некои производители во неа додаваат шеќер, а се препорачува да се купи чиста и да се додадат во неа поблаги овошја.
Пиво
Толку од наводите дека чаша студено пиво ги уништува мозочните келии. Новите анализи во 32 различни студии објавени во весникот PLOS Oneпокажуваат дека пивото го редуцира ризикот од Парикнсонова болест.
Според истражувањата, луѓето кои пијат една или повеќе чаши на ден пиво, но да пијат само пиво, а не да мешаат и вино и ракија, имаат 59 отсто помали шанси да заболат од невродегенеративни болести од луѓето кои не пијат алкохол.
За споредба, оние кои пијат само жестоки пијалоци и тоа повеќепати на ден имаат два пати поголеми шанси за развој на Паркинсонова болест.
Друга добра вест за пивопиите е дека едно истражување објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry потврди дека xanthohumol состојката во пивото помага во борбата со рак, а има и кардиоваскиларни бенефити и го штити мозокот од Паркинсон и Алцхајмер.
Млеко
Има многу контроверзи околу пиењето млеко. Некои нутриционисти велат дека помага во обидот за намалување на тежината, па се до превенција од рак. Некои велат дека млекото помага во здебелеувањето, го намалува нивото на калциум, предизвикува рак, и други болести. Сепак, бројни студии покажаа дека млекото е здрав пијалок.
Ново истражување на Универзитетот на Канзас медицинскиот центар покажа дека пиењето млеко го зголемува нивото на glutathione во мозокот, моќен антиоксидант кој им помага на клетките во борбата со таканаречените слободни радикали.
„Слободните радикали предизвикуваат оксидативен стрес, кој води до различни состојби, меѓу кои и Алцхајмер и Паркинсон“, вели Столер.
Според студијата, возрасните кои пијат по три чаши дневно млеко имаат највисоко ниво на glutathione антиоксидантот.
Без категорија
Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.
Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.
Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:
- Windows 10 Home, version 20H2
- Windows 10 Pro, version 20H2
- Windows 10 Pro Education, version 20H2
- Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2
Извор: Betanews
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп4 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин2 дена
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво