Занимливости
Прочитајте денешен Хороскоп (7.6) Четврток

Овен (21.03-20.04)
Недоразбирањата со вашиот претпоставен можат многу лошо да делуваат врз вашето напредување на професионален план. Бидете посмирени и обидете се да најдете заеднички јазик како не би ја ставиле во ризична положба вашата работа. Оние кои се во сериозна врска да имаат повеќе разбирања за барањата на партнерот. Здраствената состојба ви е чуствителна внимавајте на нервите.
Бик (21.04 – 21.05)
Бидете подготвени за доста немирен ритам на вашите активности во текот на денот. Ви престои опасност многу лесно да скршнете од вистинскиот пат. Затоа држете се за она што ви е најважно макар и да мора некому да му кажите ,,не,,. Родените во третата декада ќе се чуствуваат доста емоционално и чуствително. Здраствената состојба ви е просечна, движете се повеќе.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Ви недостасува самоувереност за оние работи кои многу ви се важни. Обидете се да ги сокриете сопствените слабости и тоа со бегање во самотија. Можеби таа на момент ќе ви помогне да се позанимавате со некои работи кои смируваат и ви го враќаат вниманието. Проблем може да се појави и тоа ако претерате со фантазирањето и заминете превисоко за вас. здравје: солидно.
Рак (22.06 – 22.07)
Извршете ги службените обврски без никакви одложувања. Работите се одвиваат со голема брзина и затоа потрудете се да бидете присебни колку можете. Побарајте ги старите пријатели. Потребна ви е опуштена атмосфера со отворени комуникации. Во љубовта добро ќе се сложувате со саканото лице и ќе поминете пријатни моменти. На слободните претставници планетите ќе им донесат нови љубовни понуди.
Лав (23.07 – 22.08)
Овој ден ви носи некои новини. Најнапред на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои во принцип сте заинтересирани, но сепак не ќе можете се одеднаш да реализирате. Лавовите од првата декада ги очекува доста гужва и тоа состаноци кои никако да ги договорите, документација која во последен момент не е потполна, боледување на колеги кои во моментот ви се неопходни и сл. Сето тоа ќе ве излудува, но без грижи.
Девица (23.08 – 22.09)
Виталноста и волјата за работа ќе ви бидат со променлив карактер. Иако се чувствувате полни со енергија, не ќе можете да најдете начин таа енергија практично да ја искористите. Тоа може да ве доведе до засилена нервоза на работното место. И на емотивен план состојбата е променлива, не ќе знаете што всушност сакате од вашиот партнер. Слободните ќе се запознаат со личност која навистина го заслужува вашето внимание.
Вага (23.09 – 22.10)
Би можело да се рече дека се наоѓате во супер позиција. Ќе работите вредно, но резултатите ќе ги видите подоцна, барем кога парите се во прашање. Па затоа како обично ќе ве фаќа паника. Љубовните врски се стабилни. Што се однесува до сигурноста и стабилноста на нервниот систем не треба да се грижите -се ќе биде во најдобар ред. Повеќе движење особено во природа многу ќе ви годи.
Скорпија (23.10-21.11)
Бројот на настани се зголемува. Ситуацијата може нагло да ви се промени, па поради тоа овој ден ќе ви биде доста напорен, но ќе имате доволно енергија тоа да го пребродите. Бидејќи расположението ви е променливо многу ќе ви биде тешко да се разберете самите себе. Но за брзо вашата ситуација ќе се стабилизира. Љубовниот живот ќе ви биде интензивен, а тоа значи дека задоволството и недовербата ќе бидат паралелни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денот ви носи многу поволни услови за работа, но и добро расположение. Доколку бидете во прилика да се обратите на некому за соработка, настојувајте тоа да биде припадничка од женскиот пол. Оние претставници кои имаат работа со суд, ги очекува многу неизвесност. Во секој случај работите нема да се одвиваат по планот, а можат да бидат и понепријатни отколку што изгледааат. Здравје: солидно.
Јарец (22.12 – 20.01)
Условите не ви се најповолни за реализација на вашите планови прдвидени за денешниот ден. Ве советуваме поважните работи да ги оставите за подоцна. На тој начин ќе можете да избегнете барем дел од стресовите кои ви се закануваат. На интимен план обидете се што можете побрзо да ги решите проблемите кои ве измачуваат, се разбира ако сакате да ја заштитите љубовната врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ова би можело да биде доста успешен ден, но од вас ќе се бара многу ангажирање. Всушност и вие самите нема да бидете задоволни со себе ако не би работеле доволно. Што се однесува до финансиите ве очекува добивка на која не сте се надевале. Сентименталниот живот ќе ви биде одличен, ве очекуваат многу убави моменти во друштво на вашиот партнер. Здравјето одлично ве служи.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат многу контакти. Иако ќе мислите дека многу бројните разговори за вас се многу важни, тие можат само да ве вознемират и да ви направат нестабилни ситуации кои можат лошо да делуваат на вашите одлуки. Обидете се да ги задржите добрите односи и бидете воздржани во изразувањето на сопствените мислења. Љубовниот живот ви е прилично стабилен. Здравјето чуствително, ве очекуваат забоболки и главоболки.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево4 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости21 час
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет1 час
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје