Занимливости
Денешен Хороскоп (21.5) Понеделник
Овен (21.03-20.04)
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Уживајте!
Бик (21.04 – 21.05)
Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Бикови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Зголемените обврски спрема работната околина од вас ќе бараат контакти со многу луѓе. За да можете да запомните се и она што сте го ветиле навистина ќе мора да се послужите со вашиот потсетник. Одредете приоритети и придржавајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во битните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете.
Рак (22.06 – 22.07)
Денеска деловниот живот малку ќе ви трпи, бидејќи намерно и планирано ќе оставите време за саканата личност. После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските. Здравје: одлично.
Лав (23.07 – 22.08)
Со што и да се занимавате најмогу успех ќе имате во љубовниот живот кој изгледа доста богат. Ќе ви се укажат прилики од повеќе страни, но најдобро ќе поминете ако се држите до личностите кои сте ги запознале преку работата. Така најдобро можете да го усогласите вашето и нивното слободно време. Но сепак нема да биде се така сјајно, можни се и некои недоразбирања. Здравје: добро.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе почуствувате прилив нa позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди една интересна личност. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да пропуштите ни еден работен предизвик : понуди, договори, проекти и др. Водете сметка да не згрешите во нешто. Здравјето одлично ве служи.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех. Можете да размислувате за решавање на вашето стамбено прашање, планирајте вселување, селидба и др. Ќе бидете наклонети кон трошење, но секако ќе имате и покритие. Купете за себе нешто што многу ќе ве радува.
Скорпија (23.10-21.11)
Ќе почуствувате прилив на позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои ви ги нуди една интересна личност. Ќе биде доста лудо и незаборавно за било што да се работи. Покрај изобилството на страсти не смеете да пропуштите ни еден работен предизвик : понуди, договори, проекти и др. Водете сметка да не згрешите во нешто. Здравјето одлично ве служи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до емотивниот живот во фокусот ќе бидат вашиот љубовник, партнер или близок соработник. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе му дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни. Здравствената состојба ви е одлична.
Јарец (22.12 – 20.01)
Добро ќе се снаоѓате во новите работи, но не е во ред тоа што сакате да се мешате во туѓите работи. Зошто да си создавате непријатели ако не морате? Некои од вас ќе имаат доста корисни разговори со моќни луѓе кои можат многу да помогнат во работата. Можете да ги послушате советите од вашите блиски, сигурно ќе ви бидат од полза. Сентименталните односи ви се стабилни. Здравје: одлично.
Водолија (21.01 – 19.02)
Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од окoлината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед не се запоставувајте себе си. Здравје: Ако не се чуствувате добро време е да побарате совет од лекар.
Риби (20.02 – 20.03)
Вие ќе бидете на потег, но ќе настапите доста импулсино и без размислување, па затоа е можно да направуте и некои грешки. Не се залетувајте пред непознати луѓе. Некоја помош што сте ја очекувале од странство можеби ќе пристигне па така ќе можите да ги реализирате замислените планови. Во љубовта недоразбирањата продолжуваат и би требало да го разберете вашиот партнер бидејќи и тој има проблеми.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Временска прогноза14 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт14 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија
-
Lifestyle22 часа
Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа