Занимливости
Денешен Хороскоп (1.6) Петок
Овен (21.03-20.04)
Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најобар ред. Здравје: внимавајте на вратот и долниот дел на стомакот.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате доби пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Повикајте пријатели ако не за нешто друго барем да му кажете дека мислите на нив иако не ги гледате често. Анализата на некои проекти и планирања за во иднина можат да се покажат многу поважни одколку од конкретните акции за кои сеуште не сте подготвени.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Ќе почуствувате големи ограничувања на работното место. За жал ви престојат проблеми поради некоја работа од минатото, а исто така и некои законски одговорности. Но ќе имате време за аргументирана одбрана на вашите постапки. Не треба да имате доверба во сите колеги, постојат такви кои не ви мислат најдобро. Во љубовта ве очекува хармоничен ден со доста разбирање и љубов од страна на вашиот партнер.
Рак (22.06 – 22.07)
Работната сфера денеска во секој случај ќе биде ваша светла точка. Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници, а за тоа ќе имаат причина бидејќи нивната енергија и концентрација е далеку поголема одколку на колегите. Љубовните врски не се стабилни, а можно е да дојде и до разделба. Здравјето ви е во ред.
Лав (23.07 – 22.08)
Денеска очекувајте стрeсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Некој од вашата близина ќе настојува да ви наштети. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете. Здравјето добро ве служи.
Девица (23.08 – 22.09)
Идеална доза на оптимизам денеска ќе ви биде неопходна. Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе. Ќе морате да превземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска. Здравје: солидно.
Скорпија (23.10-21.11)
Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контактите со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Во семејството ситуацијата е доста мирна благодарение на вашето однесување. Старите врски се обновуваат, а кај новите ситуацијата е одлична за почеток.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни. Слободните ќе уживаат во дружењето со претствници од спротивниот пол, но и оние во врски нема да заостануваат во тоа.
Јарец (22.12 – 20.01)
Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера. Самите си правите лошо.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидат ценети вашата стручност, одговорност и педантност. Помалку ќе се повлечете и ќе им се препуштите на другите да ги превземат наградите и комплиментите за вашиот труд и залагање, но тука многу ќе згрешите. Одлично ќе се снаоѓате во работата со луѓе и со задоволство ќе давате помош на оние кои ќе ја побараат. Некои деловни вести ќе доцнат, а тоа ќе ве спречи во реализацијата на некоја работа која сте имале намера да започнете.
Риби (20.02 – 20.03)
Интелектуално сте многу силни и ќе постигнувате добри резултати во учењето, пишувањето, анимирајќи ги другите за нови активности. Силната физичка поврзаност со партнерот ќе ви ја врати страста во вашата врска. Слободните ќе зрачат со нагласена сексипилност. Прифатете ја поканата за ручек, забава бидејќи можете да стретнете привлечна личност. Кратко патување и контакт со луѓе од друга средина ќе ве прават инспиративни и успешни.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Видео1 ден
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили1 ден
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин1 ден
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Магазин1 ден
Продажбата на телефони во Кина е на историски најниско ниво