Македонија
Денеска е Св. преподобна маченичка Петка
Денеска е Св. преподобна маченичка Петка.
Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.
Македонија
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, известуваат од МВР.
Македонија
РКЕ: Од ноќеска нови цени на горивата, дизелот и бензинот 98 со намалена цена за литар
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 75,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (30 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (29 април)
-
Кичево2 дена
Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст
-
Македонија1 ден
РКЕ: Од ноќеска нови цени на горивата, дизелот и бензинот 98 со намалена цена за литар
-
Филм1 ден
Вечерва за прв пат во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево, анимираниот детски филм „Смрдушковци“
-
Македонија8 часа
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
-
Магазин9 часа
Фантастични резултати на Samsung во првиот квартал
-
Свет1 ден
Во оваа земја се забрануваат уреди од технологија за продажба кои ќе содржат лесни лозинки од типот „admin“ или „123456“