Занимливости
Дневен Хороскоп (16.03.18) Петок
ОВЕН
ЉУБОВ: Ќе забележите дека нешто необично се случува со вашиот партнер, но не посветувате доволно внимание на заедничките проблеми.
РАБОТА: Нема потреба да се прават бизнис компромиси. Постои лимит до кој можете да преговарате за новите услови.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи релаксација, опуштете се од напорните обврски.
БИК
ЉУБОВ: На средбата со саканата личност секогаш избирате погрешна тактика, порано или подоцна мора да се соочите со вистинат акоја што ве потиска.
РАБОТА: Доколку не ги разбирате мотивите и идеите на некој, не можете да ја прифатите важноста на различните правила на деловно-финансиска соработка.
ЗДРАВЈЕ: Потребно е да ја подобрите Вашата психофизичка рамнотежа и Вашето расположение.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Расположени сте за нова романса и тоа не го криете. Сакате да постигнете се што Ви сакаат срцето и душата.
РАБОТА: Новите идеи што ги предлагате на соработниците ја потврдуваат вашата оригиналност во размислувањето и подготвеноста да прифатите сет од заеднички цели.
ЗДРАВЈЕ: Емоционалната афирмација делува позитивно на вашата психофизичка состојба.
РАК
ЉУБОВ: Испланијрајте некоја несекојдневна забава во друштво на саканата личност. Препуштете се на својот имагинарен дух и страстните импулси.
РАБОТА: Не дозволувајте да имате недостаток од оптимизам и јака желба во одлучувачките моменти пред соработниците
ЗДРАВЈЕ: Дозволете си себеси активен одмор и релаксација.
ЛАВ
ЉУБОВ: Нема причина да се чувствувате несигурни или да ја прикривате вистината во средбата со саканата личност. Осигурајте се дека правилно ги објаснивте вашите намери.
РАБОТА: Не заборавајте дека сè има своја “здрава граница”, така што работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи психолошко опуштање и повеќе часови здрав сон.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Нема причина да се чувствувате несигурни или да ја прикривате вистината во средбата со саканата личност. Осигурајте се дека правилно ги објаснивте вашите намери.
РАБОТА: Вие сте премногу зафатени во областа на бизнисот и одговарате на премногу повици. Не заборавајте дека сè има своја “здрава граница”.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи психолошко опуштање и повеќе часови здрав сон.
ВАГА
ЉУБОВ: Посветете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Емотивната средба ви носи двострано задоволство.
РАБОТА: Постојат изненадни околности кои ве успоруваат. Некој сака да ги слушне вашите идеи. Не го барајте невозможното, прифатете го тоа што го добивате.
ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде прошетка во природа.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Во друштво на саканата личност не дозволувајте недостаток на фантазија или инспирација за добар провод.
РАБОТА: Некој ви ја поттикнува љубопитноста и желбата за нови сознанија. Прифатете ги корисните идеи кои водат до заеднички успех.
ЗДРАВЈЕ: Направете нешто за поубав физички изглед.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Во средбата со саканата личност употребете некој испробан рецепт кој води до емотивно и страствено зближување. Добрата волја прави чуда.
РАБОТА: Понекогаш се станува релевантно и подложно на изненадни промени. Избегнувајте ја варијантата “се или ништо” и различните предизвици кои моше да ви нанесат штета.
ЗДРАВЈЕ: Успорете го забрзаниот ритам, опуштете се.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Вашето однесување остава лош впечаток. Поради тоа некој ќе го намали емотивното внимание или довербата.
РАБОТА: Потребна ви е мудра одлука, подобро е да ја промените листата на приоритети орколку да ризикувате со работи кои не ги познавате.
ЗДРАВЈЕ: Во вечерните часови добро ќе ви дојде релаксација
ВОДИЛИЈА
ЉУБОВ: Залудно се противите на нечии намери, дозволете работите да се одвиваат сами по себе.
РАБОТА: Најлесно е вината да им се префрли на други, но на тој начин ништо не решавате во своја корист.
ЗДРАВЈЕ: Важно е правилно да ја контролирате својата суета.
РИБИ
ЉУБОВ: Нема потреба премногу да барате од саканата личност. Големата упорност понекогаш носи спротивен ефект.
РАБОТА: Се обидувате да ги остварите своите деловни намери, но тоа има своја цена.
ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде забава, но и релаксација и опуштање
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза6 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт6 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија