Занимливости
Денешен Хороскоп (22.3.18) Четврток

ОВЕН
ЉУБОВ: Смислете ситуација или гест кој ќе ја направи среќна саканата личност. Вниманието и љубовта никогаш не се доволно за заедничка среќа.
РАБОТА: Важно е да поттикнете добар однос со соработниците како и да ги почитувате различните ставови во изборот на деловните интереси и приоритети.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна форма.
БИК
ЉУБОВ: Положбата на Месечината влијае на вашата емотивна и психичка чувствителност. Потребно ви е поттикнување.
РАБОТА: Потешко од обично ја разликувате вистината и субјективните ќелби во однос на реалноста.
СОВЕТ: Дозволете си повеќе одмор.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Не дозволувајте некој намерно да ја злоупотреби вашата доверба или да се крие зад вашите ветувања.
РАБОТА: Важно ви е да избегнете различни компликации или деловни недоразбирања. Упорно се обидувате да ја промените својата положба во кругот на соработниците.
СОВЕТ: Во вечерните часови добро ќе ви дојде опуштена атмосфера и релаксација
РАК
ЉУБОВ: Емотивните искри или летаргии во односот со саканата личност не треба да ги доживувате како љубовен самрак.
РАБОТА: Постојат соработници кои изненадно ги пореметуваат вашите планови. Поради лошите процени, потребно е да направите кратка пауза.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација
ЛАВ
ЉУБОВ: Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание на вашиот љубовен живот. Светот околу себе го набљудувате со други очи и со повеќе оптимизам.
РАБОТА: Во повеќето ситуации знаете да ги прилагодите основните критериуми според своите интереси и да ги изберете најдобрите услови.
СОВЕТ: Посветете внимание на некои ведри и забавни содржини, опуштете се.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Изгледате вознемирено. Подобро е да ги смирите своите врели страсти и да не се впуштате во нова расправија со саканата личност.
РАБОТА: Доколку некој ве оптеретува со дополнителни барања, променете ги своите критериуми и не дозволувајте некој да ве ограничува.
СОВЕТ: Избегнувајте дополнителен напор и стресни ситуации.
ВАГА
ЉУБОВ: Во романтично расположение посакувате силен излив на емоции и имате добар предчувство во однос со саканата личност.
РАБОТА: Најдобро се чувствувате во компанија која има слични идеи или бизнис интереси.
СОВЕТ: Важно е правилно да ги насочувате вашите мисли и енергија.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Важно е да откриете емоционална врска што ќе ве поврзе со една драга личност.
РАБОТА: За среќа, дуелот со една личност оди добро, како што сте го најавиле на вашите соработници или вашето соседство.
СОВЕТ: Вие сте во одлична психо-физичка форма.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Саканата личност делува расположено и ги подржува вашите интереси, што претставува добар предзнак во блиска средба.
РАБОТА: Во ваш интерес е да ги задржите некои деловни настани во строга доверливост, затоа препуштете им на другите јавно да дискутираат.
СОВЕТ: Планирајте некоја омилена забава, како поттик за добро расположение.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Планирајте интересна забава во избрано друштво. Ќе уживате во нечие присуство и емоционално внимание.
РАБОТА: Вие сте во добра форма и верувајте во вашите способности. Успехот може да се постигне со комбинација на професионални манири и скриени адути.
СОВЕТ: Ќе имате активна улога на различни страни.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Постојат прашања кои се решаваат или тајни кои се откриваат, но само во блиска средба со драги личности.
РАБОТА: Прифатете нови бизнис настани во оптимистички стил, без оглед на разликите што постојат во мислењето.
СОВЕТ: Вие сте во одлична психо-физичка форма.
РИБИ
ЉУБОВ: Нема потреба да се води “чувствителна тема” и на таков начин да ја иритирате сакана личност. Внимателно изберете ги зборовите што ги користите.
РАБОТА: Категорично ги браниме своите деловни интереси, дури и по цена на вашите соработници кои имаат поинакво мислење.
СОВЕТ: Посветете внимание на подобра здравствена заштита.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Скопје2 дена
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Автомобили19 часа
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Lifestyle4 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Македонија23 часа
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Занимливости2 дена
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година