Следете не

Занимливости

Хороскоп за денес (25.5) Петок

Објавено пред

на

Овен (21.03-20.04)

Денот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете запослени. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи. Во љубовниот живот ве очекуваат возбудливи средби и интересни моменти. Здравје: добро.

Бик (21.04 – 21.05)

Во целост ќе се опуштите и ќе заборавите на вашите основни обврски. Со вашето однесување давате впечаток на личност, која е целосно незаинтересирана за се околу себе. Морате да признаете дека сте претерале. Почнете да се подготувувате за секојдневието, зошто вашите пријатели и соработници наскоро нема да имаат доволно трпение и разбирање за сите постапки и однесувања. Здравје: нервоза.

Близнаци (21.05 – 22.06)

Ве очекуваат некои помали неприлики. Ќе бидете немирни и чуствителни, па најповеќе внимание ќе треба да обрнувате на вашето здравје. Ако почуствувате зголемена потреба да промените нешто добро размислете, бидејќи промените нема да ви бида поволни. Едноставно работете ги оние задачи кои морате, но секако со повеќе внимателност, бидејќи постои можност за грешки. Сентименталниот живот ви е нестабилен.

 
 
 

Рак (22.06 – 22.07)

Трпеливите и толерантни Ракови ќе бидат нервозни и скони кон конфротации. На удар ќе се најдат најблиските соработници и пријатели. Па затоа ќе морате да работите со максимално трпение и што поорганизирано. На работното место ќе се бара многу повеќе од обично, па тоа додатно ќе ве оптеретува. Со обзир на тоа што вашето здравје зависи од расположението можни се соматски пореметувања.

Лав (23.07 – 22.08)

Поволен ден, а причини за вознемирување се помалку. Ќе имате се повеќе енергија, но повеќе внимание ќе терба да му посветите на односите со соработниците и претпоставените. Внимавајте што зборувате ако не сакате да имате неприлики. Финансиската ситуација не е поволна но набрзо ќе се подобри. Во љубовнито живот ве очекуваат несредени односи со партнерот. Бидете потактични. Здравје: одлично.

Девица (23.08 – 22.09)

Одговорните и самокритични Девици треба да се подготват за напорен ден. Ве очекуваат предизивици, обврски а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас. За да ситуацијата биде што посложнена ниту во вашиот дом не ќе можете да најдете мир. Здравје чуствително, внимавајте на крвотокот.

Вага (23.09 – 22.10)

Денот ќе ви биде многу динамичен, исполнет со дружење, нови идеи како и обиди барем некои од нив да се реализираат. Сепак треба да ве предупредиме дека поголемиите желби и планови не ќе можат да ви се исполнат иако вие многу се надевате. Некои од вас многу погрешно ќе ги проценат шансите и дадат неодмерени изјави. Доколку ви се уаже шанса за на пат немојте да брзате да ја искористите-во спротивно компликациите на кои не сметате се неизбежни.

Скорпија (23.10-21.11)

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Скорпии поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада. Здравје: просечно.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Животот ви се подобрува, а што е уште побитно ќе се чуствувате способни и јаки да се соочите со постојните проблеми. Неодмереноста на некои Стрелци ќе им донесе проблеми на работното место или во контактите со пријателите. Работата ќе ви предизвикува стресови и проблеми, а односите со соработниците ќе ви бидат напнати. Не обрнувајте внимание на неважни работи, тие само ве оптеретуваат.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некои Јарци ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа. Јарците од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници. Финансиската ситуација ви се подобрува, во љубовта просечна ситуација.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете многу ангажирани. Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски а слободните ќе бидат доста разочарани. Здравје-чуствително внимавајте на хроничните заболувања.

Риби (20.02 – 20.03)

Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можите на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголеми и не ќе бидете во состојба да ги решите некои клучи работи иако на тоа многу ќе се ангажирате. Финансиската ситуација ви се подобрува, а паралелно со тоа и вашиот апетит за трошење расте.

Занимливости

Јапонскиот робот „Archax“, направен по моделот на популарните „Transformers“, е ставен на аукција

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Минатата година во јуни, јапонската компанија Tsubame Industries го заврши производството на робот по име Archax, направен по моделот на популарната серија Transformers. Сега истиот робот е на аукција на веб-страницата SBX Cars.

Во моментот на пишување, аукцијата ја погледнале речиси 19.000 луѓе и досега се дадени четири понуди. Првичната понуда беше 23.000 долари, вториот понудувач ја зголеми на 25.000 долари, третиот на 199.000 долари, а сега таа бројка скокна на 333.333 долари.

Аукцијата завршува на 19 јули во 03:00 часот, но цената е малку изненадувачка, бидејќи компанијата, како што пренесува Reuters, планирала да продаде пет роботи по цена од по три милиони долари, што е значително повисока цена во споредба со тековната аукција.

Се ракува со џојстик, внатре во кабината има четири екрани, преку кои може да се набљудува движењето и околината, а за сето тоа се заслужни девет камери кои овозможуваат поглед на просторот од 360 степени. Изграден од метал и пластика, Archax може да ги крева рацете, да мавта и да се префрли од режим на возило во режим на робот и обратно.

Има четири ногарки со гуми, слични на оние што ги користат виљушкарите. Може да се управува со предните ногарки, додека е со погон на задните тркала. Доаѓа во пет бои: сина, бела, црвена, зелена и виолетова.

Генералниот директор на компанијата што го произведе овој прототип, Рио Јошида изјави дека сака да направи нешто ново и различно.

„Исто така, Јапонија е многу силна во анимација, игри и роботика, како и автомобили, па мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ги има сите овие елементи во себе – тоа е Јапонија“, изјави тој за Ројтерс.

Прочитај повеќе...

Занимливости

SpaceX Starship, првото враќање од вселената

Објавено пред

на

Се планираше Starship да го совлада враќањето од вселената уште порано, но тоа се случи дури сега. Леталото веќе натера многумина да размислуваат за патување до Марс, а последниот лет докажува дека ракетите за повеќекратна употреба се повеќе од само имагинација.

Уште во 2019 година, Илон Маск зборуваше за плановите за „поход“ на Марс, не само за патување до Црвената планета, туку и за активности што ќе доведат до првите одржливи населби. Така, во рамките на овие долгорочни планови, луѓето би станале меѓупланетарен вид, и тоа не за сто или двесте години, туку, како што Маск тврди веќе некое време, многу порано.

Лансирањето на еден Ѕвезден брод чини околу два милиони долари, а за тераформирање на Марс ќе биде потребно многу повеќе од еден Ѕвезден брод. Маск вели дека за успех на проектот ќе бидат потребни најмалку илјада авиони кои ќе се користат за транспорт на товар, градежни материјали и екипаж, а целиот процес, како што се проценува, ќе трае најмалку 20 години.

За воопшто да се размислува за населби на Марс, потребно е барем едно летало со екипаж да стигне до оваа планета. SpaceX на 6 јуни докажа дека Starship може да се врати на Земјата за повторно да се користи. За прв пат сите делови на ракетата висока 121 метар го преживеаја лансирањето, како и спуштањето во Индискиот Океан.

Starship е најголемото и најмоќното вселенско летало некогаш изградено. Тоа е клучот за иднината на компанијата SpaceX, а успехот е од интерес и за агенцијата НАСА, бидејќи леталото е замислено како дел од новата мисија Артемис на Месечината. Ќе има уште пробни летови пред човечкиот екипаж да тргне на пат, а се проценува дека тоа би можело да се случи на крајот на оваа деценија.

„Starship“ досега е лансиран вкупно четири пати, а овој лет е најуспешен. Се уште не се знае кога ќе се случи петтиот, експертите тврдат дека нема да чекаме долго.

Извор: Ars Technica

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Дукати го претстави новиот модел „Монстер“ во чест на легендарниот Аиртон Сена

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Најновата „играчка“ на легендарниот Аиртон Сена доаѓа од Ducati, која го претстави специјалното издание Monster. Мотоциклот има шарена графика инспирирана од кацигата на Сена. Како резултат на тоа, моделот го имитира бразилското знаме и има мешавина од жолта, зелена и сина боја.

Специјалниот Monster е опремен со елементи од јаглеродни влакна, алуминиумски потпирачи за нозе и специјални алуминиумски тркала. Ним им се спојува сино седиште, уникатна плочка и приспособена анимација за подигање за екранот од 4,3 инчи.

Моќта доаѓа од познатиот двоцилиндричен мотор Testastretta со 82 kW/111 КС. Велосипедот има и целосно прилагодлива суспензија Ohlins и систем за сопирање Brembo со жолти клешти.

Производството е ограничено на 341 единица (3 за три светски титули и 41 за бројот на победи на Сена во Формула 1), а цените започнуваат од 25.000 долари.

Извор: autoblog.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан7 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ