Занимливости
Дневен Хороскоп (17.02.2018) Сабота

ОВЕН
ЉУБОВ: Не успевате да ја задоволите вашата сакана личност, премногу сте горди да ги признаете своите слабости. Нема причина за несигурност.
РАБОТА: Не верувате во нечија приказна, затоа проверувајте ја секоја информација која доаѓа од необичен извор или укажува на евентуални промени во деловната соработка.
ЗДРАВЈЕ: Потребни ви се забавни содржини, како поттик за добро расположение.
БИК
ЉУБОВ: Ве возбудуваат емотивни игри во средба со саканата личност, особено кога се се случува како што посакувате.
РАБОТА: Ви значи да се разликувате од другите во позитивна смисла и на начин кој остава голем впечаток на вашата околина.
ЗДРАВЈЕ: Ке ви одговара активна улога на различни страни.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Не сакате да ги разоткриете своите намери и емотивни слабости, но љубовниот епилог зависи од нечие расположение.
РАБОТА: Вложувате голем напор во своите цели, но околината не ги сфаќа сериозни вашите намери. Стишете ја својата суета.
ЗДРАВЈЕ: Бидете реални во своите проценки, избегнувајте стресни ситуации.
РАК
ЉУБОВ: Емотивен предизвик или нова авантура имаат свои негативни последици. Понекогаш забранетото овошје носи горчлив вкус.
РАБОТА: Постојат изненадни случувања на деловната сцена кои во целост ви пречат за остварување на своите намери.
СОВЕТ: ДОбро ќе ви дојдат повеќе часа сон.
ЛАВ
ЉУБОВ: Некој изненадно ги пореметува вашите емотивни планови или вашиот договор кој го имате со саканата личност. Воздржете се од коментари.
РАБОТА: Успешно ја завршувате работата која делува поттикнувачки на вашата околина. Добриот глас се слуша надалеку, ќе бидете горди на својот успех.
СОВЕТ: Важно е да ја зачувате присебноста и оптимистичкиот дух.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Опуштете се од се што ве оптоварува во средбата со саканата личност. Емотивната блискост делува лековито.
РАБОТА: Некој ве доведува во незгодна ситуација, поради тоа избегнувајте афективно однесување и побарајте добар совет од блиските соработници.
СОВЕТ: Важно е да ја зачувате присебноста и самоконтролата.
ВАГА
ЉУБОВ: Она што го чувствувате како кочница, е всушност Вашата неподготвеност за повеќе да ги уважувате останатите.
РАБОТА: Ќе се снаоѓате со помош на балансирање помеѓу туѓите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некоја средина.
СОВЕТ: Можни се мали главоболки.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: И покрај вашата голема потреба за забава, некои работи ќе го намалат вашето задоволство. Повеќе почитувајте кон другите.
РАБОТА: Вие ќе бидете фокусирани на себе, размислувајќи подлабоко за вашите бизнис цели и за тоа каде Ве води целата работа.
СОВЕТ: Одмарајте повеќе.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Ќе бидете среќни и задоволни во друштвото на саканата личност, а нема да ги прескокнете ниту средбите со Вашите пријатели кои што се инспиративни.
РАБОТА: Ќе има некоја реорганизација на работното место. Новините се однесуваат на условите за работа, колегите и слично.
СОВЕТ: Пијте повеќе вода да не дехидрирате.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Бидете внимателни, можна е една ненадејна средба, немојте да дозволите лесно да Ве заведат нечиите комплименти и манири.
РАБОТА: Некој Ве доведува до финален чин и несакана ситуација. Не можете да го игнорирате влијанието на останатите, но секогаш постои друго решение.
СОВЕТ: Сочувајте ја присебноста
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Приметувате дека партнерот има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза и на емотивната несигурност.
РАБОТА: Важно е правилно да се разбирате со соработниците околу распределбата на обврските. Нема причина за брзоплетост.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара психофизичка релаксација.
РИБИ
ЉУБОВ: Посакувате нова средба или емотивно зближување. Важно е да имате добра идеја и вистински поттик.
РАБОТА: Во деловните преговори мора да постои минимална согласност во остварувањето на заедничките интереси.
СОВЕТ: Обидете се да го подобрите своето расположение.
Занимливости
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“

Во 2007 година Google ги објави првите фотографии на Street View од Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Оттогаш поминаа 15 години, а автомобилите на Street View опремени со камери снимија и споделија повеќе од 220 милијарди фотографии од Street View и поминаа преку 16 милиони километри, што е еквивалентно на патување околу светот повеќе од 400 пати.
Индонезија, САД и Јапонија се на врвот на глобалната листа на земји со најпосетувани локации на услугата Street View во текот на изминатата година, додека Мексико и Бразил се на четврто и петто место.
Со Street View можете да посетите места како што се пешачките зони, планинските врвови или длабочините на океанот и сето тоа е достапно од удобноста на вашиот дом. Сепак, три локации привлекоа најголем интерес од корисниците минатата година: Сите 154 ката на Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, која беше прогласена за највисока зграда во светот, Иконата Ајфелова кула во Франција, која нуди феноменален поглед на Париз, Како и нашата специјална колекција на слики на Таџ Махал во Индија.
Среќен роденден „Google Street View“ !
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп20 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура8 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје22 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“
-
Магазин1 ден
Збогум на Internet Explorer
-
Магазин8 часа
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7