Кичево
Донација од ХО „Свети Спас“ за Кичевските жители кои настрадаа во неодамнешните поплави

Од страна на хуманитарната организација„ Свети Спас“ од Скопје, а во соработка со НВО„ Преродба“ од Кичево, на семејствата кои тешко настрадаа во неодамнешните поплави на улица „Прилепска“ во Кичево, им беше доделена помош што ја обезбеди Македонската православна црква, Охридска архиепископија, „Милосрдие“, а во спроведувањето на оваа акција посредуваше НВО „Преродба“, додека од страна на донаторот во распределбата на хуманитарната помош учествуваше отец Оливер Петровски. Со денешната донација беа опфатени 103 семејства.
– Уште еднаш упатуваме голема благодарност до хуманитарната организација „Свети Спас“ и до отец Оливер Петровски, за денешната донација што им ја доделија на нашите сограѓани кои ги снајде оваа природна непогода. Со денешната акција беа опфатени 103 ромски семејства, на кои им беа доделени по две ќебиња, чаршафи, постелнини, како и помош за 50 деца што се состоеше од облека и обувки и други помагала. Се надеваме и очекуваме, по стапките на оваа хуманитарна организација да тргнат и други помагатели, кои ќе обезбедат вода, храна и хигиенски средства, со што ќе ги помогнат нашите сограѓани да ја пребродат оваа криза – изјави Емин Мамудоски, администратор на НВО „Преродба“ кој директно учествуваше во распределбата на оваа донација.
Наскоро се очекува настраданите во овие полави да добијат и еднократна парична помош од страна на Министерството за труд социјална заштита. Списоците се изготвени и наскоро се очекува да се спроведе оваа акција.
Извор: Зоран Антоски /Нова Македонија
Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео8 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици