Кичево
Кичевчани со успешна реализација на хумористичната драма „Леле Бабата“

Амбициозните кичевчани пред повеќе од една седмица се појавија на кичевската драмска сцена со една хумористична изведба на драма под име „Леле бабата“ – која остави прекрасен впечаток пред ценетата присутна публика.
Средношколците од Кичево на менторство од по искусната драмска елита имајќи добра идеа, својата добра намера ја преточија во успех со цел да направат нешто ново за нашиот град, нешто што стварно недостасуваше од таков карактер.
Главната цел за реализација на проектот беше „хуманоста“, која во право светло се покажа, така што собраните сретства од драмата се веќе донирани за лицата кои имаат посебна потреба од тоа. Особена благодарност пренесуваме на Општинската организација на „Црвен Крст“ – Кичево која се погрижи целата приказна да изгледа на едно современо ниво – вели Вејсел (учесник во драмската претстава)
Поради позитивните коментари од кичевчани, овие млади амбициозни актери по изјавите за нашиот портал, не се крие желбата за понатамошна работа, подготвување на хуманитарни дела како и хумористични драми од сличен карактер, така што на барање на големата публика, во преодниот период можно е и реприза на драмата „Леле бабата“.
Галерија од настанот:
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.2177679742279067&type=3
Секоја чест наши млади драмски интелекти, се надеваме дека ќе уживаме во безброј нови проекти и уште по бројни хумористични дела на драмскиот паркет.
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Занимливости24 часа
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Временска прогноза23 часа
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите