Занимливости
Една цигара дневно го зголемува ризикот од инфаркт за 50%!

Британските експерти откриваат дека ризикот од срцев и мозочен удар кај луѓе кои пушат само една цигара дневно е скоро за половина помал во однос на оние кои пушат по 20 цигари на ден.
Научниците од глобалниот универзитет во Лондон воспоставиле дека луѓето кои пушат една цигара дневно имаат 46% помал ризик од инфаркт во однос на оние кои пушат по 20 цигари.
„Не постои безбедно ниво на пушење кога се во прашање кардиоваскуларните болести. Доколку сакате да го зачувате здравјето, треба да престанете со пушење, а не со намалување на цигарите“ рече професор Алан Хакс, главниот научник на истражувањето.
Оние кои пушат една цигара дневно, претпоставуваат дека тоа ризикот од појава на болести го сведуваат на минимум.
Занимливости
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“

Во 2007 година Google ги објави првите фотографии на Street View од Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Оттогаш поминаа 15 години, а автомобилите на Street View опремени со камери снимија и споделија повеќе од 220 милијарди фотографии од Street View и поминаа преку 16 милиони километри, што е еквивалентно на патување околу светот повеќе од 400 пати.
Индонезија, САД и Јапонија се на врвот на глобалната листа на земји со најпосетувани локации на услугата Street View во текот на изминатата година, додека Мексико и Бразил се на четврто и петто место.
Со Street View можете да посетите места како што се пешачките зони, планинските врвови или длабочините на океанот и сето тоа е достапно од удобноста на вашиот дом. Сепак, три локации привлекоа најголем интерес од корисниците минатата година: Сите 154 ката на Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, која беше прогласена за највисока зграда во светот, Иконата Ајфелова кула во Франција, која нуди феноменален поглед на Париз, Како и нашата специјална колекција на слики на Таџ Махал во Индија.
Среќен роденден „Google Street View“ !
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин2 дена
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин2 дена
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Свет2 дена
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Магазин2 дена
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Скопје13 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН