Lifestyle
Здрава и ефикасна диета со компири

Често се смета дека компирите воопѓто не се за луѓето кои сакаат да се борат со килограмите. Во реалноста, сепак тоа не е точно. Прво во 100гр компири има само околу 80 калории. И второ, во овој производ има голема количина на витамин Ц, како и елементи исклучително корисни за срцето. Затоа диетата која ќе ви ја презентираме, е навистина ефикасна и здрава! Се прави четири дена, и се намалуваат минимум 2 килограми.
1 Ден
Појадок: Исечете го вашето омилено овојшје на ситни коцки и кон него додадете една кофичка кисело млеко. По желба можете да ставите и малку овес.
Ручек: 600гр компири се сечат на кругови и се запечуваат со црн пипер и сол во рерна. Непосредно пред да бидат готови, се додава 100гр рендано сирење. Се конзумира само половина од количеството.
Ужина: Мандарина, портокал или јаболко.
Вечера: Другата половина од компирите, останати од ручекот, зачинета со сос од кисело млеко и лук.
2 Ден
Појадок: 50гр сирење со ниска масленост и 1 парче препечен пченкарен леб.
Ручек: 4 варени компири со средна големина измешани со варен карфиол и брокула.
Ужина: Чаша млеко со ниска масленост.
Вечера: Направете супа од компири и зеленчук по избор. Без фиде! Каснете си колку ви се јаде од неа.
3 Ден
Појадок: 200гр кисело млеко.
Ручек: 200гр компири, запечени со едно јајце, малку сирење и свежи домати.
Ужина: Јаболка или грејпфрут.
Вечера: 200гр печени компири со 50гр сирење.
4 Ден
Појадок: 1 препечено лепче со 50гр пилешко месо и половина грејпфрут.
Ручек: 200гр варени компири, салата од пиперки и домати.
Ужина: Чаша сок од моркови и 1 препечено лепче.
Вечера: Сварете 300гр компири. Исечете ги на коцки и додадете кромид, лук, 50гр сирење и 3-4 лажици кисело млеко. Може да зачините со малку сол и сок од лимон.
Lifestyle
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!

Одбивањето да се прифати одговорноста и агресијата кон критиките се само дел од показателите за незрело однесување.
Луѓето се различни и во текот на вашиот живот ќе имате можност да запознаете различни типови на личности. Меѓутоа, ако забележите одредено однесување кое ви се чини дека не е во согласност со нивната возраст или ситуација, можно е да се работи за незрели луѓе.
Психотерапевтот Марко Јовашевиќ ги откри 12-те особини кои ја карактеризираат незрелата личност:
Тие одбиваат да преземат одговорност за своето однесување.
Кога се нерасположени, не се однесуваат љубезно со другите.
Тие реагираат агресивно на критиките.
Тие не ја гледаат поентата во подлабока анализа на сопственото однесување.
Тие нема да ги споделат своите проблеми со вас, туку со други луѓе.
Демантираат дека кажале некои работи.
Тие се убедени дека никогаш не грешат.
Нивните совети се претежно полни со гнев, нездрави и непожелни.
Ве убедуваат дека треба да се извините, дури и кога не се во право.
Кога ќе направите грешка, тие реагираат бурно и агресивно.
Ве убедуваат и ве тераат да не ги сакате луѓето кои не ги сакаат.
Скоро секој разговор што го водат е на тема омаловажување на други луѓе или озборување.
Lifestyle
За полесно да помине времето: Ако ви претстои првиот авионски лет, еве што треба да знаете

Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во бањата на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Lifestyle
Кои намирници се препорачливи за жените доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности како што се: Вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.
Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал)
Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.
Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.
Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.
Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.
Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.
/денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп5 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android
-
Видео16 часа
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето