Следете не

Занимливости

Порта Хороскоп за денес (1.4.18) Недела

Објавено пред

на

ОВЕН
ЉУБОВ: Несакате кока некој ви дава дополнителни обврски. Важно е да го сочувате личното достоинство и добро располоќение.
РАБОТА: Поради различни недоразборања во договорот со соработниците мора да прифатите поскромни деловни можности.
СОВЕТ: Бидете внимателни во сообраќајот, избегнувајте стресни ситуации.
БИК
ЉУБОВ: Прикријте го своето емотивно незадоволство поради нечија одлука. Не носете заклучок врз основа на првиот впечаток
РАБОТА: Се обидувате да разберете нечии ториви и барате решение кое ќе ги задоволи заедничките деловни интереси.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде одмор и релаксација.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Ве привлекува нова емотивна игра. Употребете го својот шарм и дискретно одговорете на нечиј повик или љубовна порака.
РАБОТА: Доколку сте доволно снаодливи и брзи во деловната акција, ве очекува успех.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна форма.
РАК
ЉУБОВ: ИМАТЕ ЛОШО ПРЕТЧУВСТВО ИЛИ ПОТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРУВАТЕ СВОЈОТ ПАРТНЕР. ИЗГЛЕДАТЕ НАПНАТО И СОМНИТЕЛНО ВО НЕЧИЕ ДРУШТВО.
РАБОТА: Нема причина за наметнување на своите идеи и не ги потценувајте туѓите способности, освен ако не постои добра причина за тоа.
СОВЕТ: Потребно е да се оттргнете од стресните ситуации, опуштете се.
ЛАВ
ЉУБОВ: Кон саканата личност бидете доволно искрени и внимателни, постапете според вашата совест. На крајот, доброто со добро се враќа.
РАБОТА: Внимателно анализирајте ги своите соработници. Секој од вас има свој стил на изразување или начин на интерпретација на случувањата.
ЗДРАВЈЕ: Ќе почувствувате психолошко олеснување после искрен разговор.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Задоволството кое го чувствувате во нечија близина представува добар предзнак. Среќата е достижна кога вас со некој ве поврзуваат топли чувства и убави мисли.
РАБОТА: Осмислите добар план, низ одредена мудрост и умешност се може да оди кон постигнување на деловен успех.
ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе романтично расположение и ведар дух.
ВАГА
ЉУБОВ: Понекогаш упорноста и големите зборови не се доволни пред блиската личност. Променете го својот стил во согласност со стремежите на партнерот.
РАБОТА: Личноста која има различни интереси нема да ви дозволи да ги остварите своите деловни намери. Бидете внимателни во средбата со соработниците.
СОВЕТ: Имајте позитивни мисли и добро расположение.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Нема потреба да и се спротиставувате на блиската личност и да ги кршите правилата за заедничкиот живот. Важно е да остварите емотивна блискост.
РАБОТА: Бидете разумни, внимателно бирајте ги соработниците во кои имате доверба и со кои имате слични интереси.
СОВЕТ: Избегнувајте претерување или лоши навики.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Изгледате вознемирено, ви недостасува трпение пред блиската личност. Партнерот се обидува да ве наведе на добра одлука.
РАБОТА: Нема потреба да се експонирате во непознато друштво и во ризични ситуации. Важно е да ги сочувате своите интереси и позиција.
СОВЕТ: Дозволете си подобри услови за активен одмор и релаксација.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Изгледате загрижено и непотребно се оптоварувате со различни емотивни претчуства и дилеми.
РАБОТА: Прифатете деловен компромис и размислете за можните последици. Нема причина да привлекувате негативно внимание.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација и средба со пријателите.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Личноста која ја сакате мора да ја разберете дури и кога греши. Нема потреба да се однесувате како морален судија.
РАБОТА: ДОколку ви е важно да остварите деловен успех, бидете подготвени на заеднички компромиси и на нов стил на прилагодување.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојдат различни активности како и добар начин на психотерапија.
РИБИ
ЉУБОВ: Ви недостасува емотивно поттикнување. Планирајте средба со личност која ќе ви предизвика топли чувства.
РАБОТА: Вие барате брзи одговори, па вас ве иритира нечие двоумење или несигурност во деловните преговори.
СОВЕТ: Дозволете си забава како рецепт за добро расположение.

Занимливости

(ВИДЕО) На саемот „Motopassion“ реномираниот Kawasaki претстави два нови модели „Z500“ и „Ninja 500“ мотоцикли

Објавено пред

на

printscreen/official video

На саемот Motopassion, Kawasaki претстави два интригантни нови модели – Z500 и Ninja 500, кои привлекоа големо внимание кај посетителите. Она што ги издвојува овие модели е нивната способност да возат со категоријата А2, обезбедувајќи фантастично искуство и за почетниците и за искусни возачи.

Опремени со целосно нов паралелен двоен мотор за 2024 година, двата модели ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на издувни гасови Euro5+, следејќи ги најновите трендови во индустријата.

Срцето на новиот Z500 е паралелна двојна единица со волумен од 451 кубен метар, која обезбедува моќност од 33,4 kW (околу 45 КС) при 9.000 вртежи во минута. Со шест-брзински менувач и спојка со влечки, Z500 обезбедува предвидливо, но динамично управување што ќе ги воодушеви возачите од сите нивоа на вештини.

Според неговите спецификации, Z500 би требало лесно да се наметне во својот сегмент.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 800 mm
– Висина: 1.055 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 172 кг
Цена: 6.468 евра

Ninja 500 го има истиот мотор како Z500 и дели многу други компоненти со него. Со идентична единица од 451 кубика, која обезбедува моќност од околу 45 КС при 9.000 вртежи во минута, Ninja 500 ги испорачува истите перформанси со својот препознатлив спортски дизајн.

Опремен со челична рамка од решетката и тркала од 17 инчи, овој модел ветува извонредно возачко искуство, и на отворени патишта и на градски улици.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 730 mm
– Висина: 1.120 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 171 кг
Цена: 7.105 евра

Со овие модели, Kawasaki уште еднаш ја потврди својата посветеност на обезбедување врвни перформанси и иновативен дизајн, внесувајќи нова димензија во светот на мотоциклизмот.

Извор: moto-berza.com

Прочитај повеќе...

Занимливости

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Објавено пред

на

printscreen/official video

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот на Тријас кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има исклучително долг врат, објави Би-Би-Си.

Фосилот му припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis, кој првично беше идентификуван во 2003 година. Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кој беше дел од меѓународниот тим што го проучуваше фосилот, рече дека ова е првпат научниците да успеат да видат фосил од неговиот вид во целост.

Фрејзер истакна дека тоа е многу чудно животно кое има екстремитети слични на перки и дека неговиот врат е подолг од остатокот од телото и опашката заедно.

Фрејзер претпостави дека „долгиот, свитлив и флексибилен врат“ му дава на животното поголеми ловечки способности, овозможувајќи му да бара храна во подводните пукнатини. Фосилот е откриен во антички наоѓалишта на варовник во јужна Кина.

Научен труд кој го опишува новооткриениот фосил е објавен во академското списание Earth and Environmental Science.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Некогаш најсовремениот сателит, вечерва се спушта на земјата

Објавено пред

на

Илустрација

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2, лансиран во 1995 година, треба да падне на Земјата оваа вечер. Европската вселенска агенција (ESA) тврди дека поголемиот дел од овој сателит ќе изгори на патот кон Земјата.

Сепак, можно е некои делови да ја издржат топлината што ќе се создаде при спуштањето со голема брзина, иако шансите овие фрагменти да паднат на населени места и да предизвикаат штета се мали.

Делови од сателитот би можеле да паднат речиси каде било во светот, најверојатно ќе паднат во морето, јавува Би-би-си. ЕСА лансираше два речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата во 1990-тите. Тие беа најсофистицираните планетарни набљудувачи во своето време, со пакет инструменти за следење на промените на копно, во океаните и во воздухот.

ERS-2, првиот што се врати на Земјата, првично беше поставен на 780 километри над планетата, а инженерите ги искористија неговите резерви на гориво во 2011 година за да го спуштат на височина од 570 километри.

Извор: euronews.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево7 часа

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт17 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт18 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево20 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево1 ден

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин1 ден

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин1 ден

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 дена

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

НАЈЧИТАНИ