Забава Занимливости

Фрлање аут од страна крена прашина во јавноста, но сепак регуларно! (ВИДЕО)

Аутот кој го изведе фудбалерот на Рединг на вчерашниот натпревар против Кардиф предизвика многу коментари на друштвените мрежи, бидејќи навистина изгледаше дека е неправилно изведен.

Скоро сите светски медиуми пишуваа за тоа дека играчот на Рединг извел аут влегувајќи длабоко во терен, но стигна доказ дека се било регуларно и според правилата.

Аут линијата на стадионот во Кардиф се поклопила со сенката од трибините, а зад неа се наоѓа уште една бела линија која е причината за настанатиот хаос.

Дека се било регуларно покажува фотографијата од 10-та минута од натпреварот кога од истото место е изведен аут, но тогаш ја немаше сенката, па можеше да се заклучи дека се било според правилата.