Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022. година.
Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за идната година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Делегатите на Собранието едногласно ги усвои извештајот од Администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2021-2025, а беше усвоена и Стратегијата за социјална одржливост.
Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари беа претставници на ФИФА.
Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:
„Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж.
За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг.
Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат.
Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат.
На стара слава не се живее, имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата програма за работа е квалитетно осмислена и ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи. Во однос на тоа имаме голема поддршка и помош од УЕФА и ФИФА за што сме бескрајно благодарни.
Не бегаме од предизвиците кои се пред нас, напротив, подготвени сме и се радуваме на новите искушенија“.
Елкан Мамадов – претставник на ФИФА:
„Сакам да ве поздравам во име на нашиот претседател Џани Инфантино и генералната секретарка Фатма Самура. Ова е шанса да ја посочам одличната соработка на ФФМ со ФИФА, рефлектирана во насока на развојот на фудбалот и заедничката работа ќе продолжи да носи бенефит за вашата убава земја. ФФМ успешно спроведува програми што ги нуди ФИФА, а посебно ФИФА Форвард – програмата и драго ми е што средствата се користат ефикасно, а најмногу за клучната компонента – инфраструктурата. ФИФА почна трет циклус со ФИФА Форвард и со нетрпение ја чекаме соработката, а немаме сомнеж дека средствата ќе се искористат ефикасно и паметно, сѐ со цел за развој на фудбалот. Честитки за посветеноста и напорната работа, а ФИФА ќе продолжи да ве поддржува“.
Денис Бастари – претсатавник на УЕФА
„Европскиот фудбал се соочи со многу големи предизвици и во изминатата година, но покажавме солидарност и поддршка едни за други. Сплотеноста и солидарноста е клучот за надминување на сите потешкотии. Треба да продолжиме да го развиваме фудбалот, а со зголемениот обем на хет-трик програмата на УЕФА ние ќе продолжиме да го поддржуваме фудбалот и да инвестираме насекаде низ Европа. Фондот за хет-трик го зголемивме за 21 осто и сакам да посочам дека ќе продолжиме со успешните проекти, а многу сме среќни затоа што со ФФМ ќе продолжиме по истите патеки и во иднина. Фудбалот да го одржиме на ова атрактивно ниво. Вие ја имате нашата поддршка на тој пат“.
Спорт
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во вториот дел, а тоа всушност беше автогол на стоперот на гостинскиот тим Серхио Рамос во 76. минута.
Барселона имаше поголем посед и напаѓаше во текот на целиот натпревар, но тие напади често беа залудни.
Во првото полувреме Жоао Феликс ја пропушти најдобрата прилика кога од добра позиција ја погоди гредата, а во вториот дел по ударот со глава на Ламина Џамал, топката косо удри во ногата на Рамос и заврши зад Орјан Ниланд. .
По овој натпревар Барселона се врати на првото место на табелата во Примера, иако има натпревар повеќе од првите вицешампиони Жирона и Реал Мадрид кои играат меѓу себе во дербито на колото во сабота од 18:30 часот на стадионот „Монтилви“ во Каталонија.
Највозбудливите моменти може да ги прегледате во продолжение:
Спорт
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за натпреварувачката сезона 2023/24 во Првата македонска футсал лига.
Паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал се:
- КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 – КМФ КАРАДАКУ
- КМФ ШКУПИ 1927 – КМФ ОСОГОВО 2022
- КМФ ЦРНА РЕКА – КМФ ФОРЦА 2015
- КМФ КЛИМИ – КМФ БУТЕЛ 2020
- КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ – КМФ КЕГИ МОБИ
Во продолжение, распоредот на натпревари за сезоната 2023/2024 може да ги проследите на официјалниот линк ТУКА
Спорт
На денешната седница на Управниот одбор при ФФМ одлучено да продолжи поддршката на училишниот спорт за најмладите како и формирање на совет за едукација на тренери

На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Хороскоп18 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза2 дена
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Временска прогноза3 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември