Случувања
Ѕвездата на Голден Стејт ги загуби нервите, па ги гаѓаше навивачите (ВИДЕО)
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс синоќа го совладаа Портланд со 115:105, но во центарот на внимание беше Андреа Игудала, поради еден глупав потег.
На крајот на првото полувреме судиите го исклучија кошаркарот на Голден Стејт, откако не успеа да го заврши последниот напад, па се изнервира и ја фрли топката кон трибините со навивачи на Портланд.
Поради тоа доби жестоки свирежи, а судиите решија веднаш да реагираат и да го исклучат.
Andre Iguodala was ejected for throwing the ball into the stands at the halftime buzzer. 🤭 pic.twitter.com/PnnrMU2VZb
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 30, 2018
Кичево
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).
Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.
Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.
Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!
Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Кичево
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево19 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин16 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери