Временска прогноза Случувања

Подгответе се за голема промена на времето

Облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поизразена нестабилност се очекува в сабота.

Close