Следете не

Занимливости

Денешен хороскоп 02.02.2018

Објавено пред

на

ОВЕН
ЉУБОВ: Во разговор со блиска личност постапете по својата свест, неумереност во изразувањето на чувства води кон погрешно решение.
РАБОТА: Имате добри идеи за унапредување на деловните цели, но вам ви недостасуваат доверливи информации. Немојте да носите избрзани одлуки.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара витаминска исхрана и повеќе течности.
БИК
ЉУБОВ: Во средна со саканата личност, премногу се потпирате на својот “сјаен ум” и ги потиснувате чувствата. Непотребно го провоцирате партнерот.
РАБОТА: Задржете ја дополнителната мера на внимателност, бидејќи погрешен потег создава можност за нови компликации и деловна загуба.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да се ослободите од непотребни грижи.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Постои затишје и нова дилема во однос со саканата личност. Не сакате неизвесност.
РАБОТА: Заинтересирани сте за нечија понуда. Пред да донесете конечна одлука прифатете корисен совет.
ЗДРАВЈЕ: Контролирајте ја импулсивната страна на својата природа.
РАК
ЉУБОВ: Без оглед на својот емотивен статус и години, прифатете ја играта на заведување или нечија порака.
РАБОТА: Важно ви е да оставите вистински сценски впечаток на околуната, поради тоа ги преувеличувате своите причини.
ЗДРАВЈЕ: Постои поубав и повозбудлив дел од реалноста, како повод за позитивно размислување.
ЛАВ
ЉУБОВ: Покажете му на партнерот дека поседувате многу убави манири. Некој внимателно го анализира вашето однесување или постапки.
РАБОТА: Деловниот успех зависи од договорот со соработниците, поради тоа направете се што е потребно за да добиете нечија доверба.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да остварите психолошка рамнотежа.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Планирате излегување или емотивна средба, добро ќе ви дојде друштво од блиска личност. Важно е да се чувствувате посакувано во нечија близина.
РАБОТА: Секогаш постои полесен, но и потежок пат до успехот, поради тоа внимателно анализирајте ги различните можности кои постојат на деловната сцена.
ЗДРАВЈЕ: Емотивната афирмација позитивно делува на вашето расположение и мотивација.
ВАГА
ЉУБОВ: На средбата со саканата личност искористете веќе некој испробан рецепт за емотивно зближување. Добрата волја чуда чини
РАБОТА: Понекогаш се станува релативно и подложно на ненадејни промени, затоа немојте да донесувате заклучок без консултации со соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Забавете го малку вашиот забрзан ритам
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Нема причина за големи очекувања од општеството во кое што не сте добро прифатени. Посветете внимание на саканата личност.
РАБОТА: Вас ви е важно да бидете во центарот на вниманието, но имате впечаток дека Ви недостасуваат нови информации кои што имаат важно значење.
ЗДРАВЈЕ: Добро би Ви дошло некоја спортска рекреација
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Нечие присуство делува позитивно над Вашето расположение. Наоѓате смисла за инспирација за да се прикажете во ново светло пред саканата личност
РАБОТА: Вашата интуиција изгледа речиси непогрешлива во различни ситуации. Имате важна улога во оценувањето на добри идеи кои влијаат на крајните резултати.
ЗДРАВЈЕ: Вие сте во одлична форма.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Без оглед на мистериозното однесување на некој близок, не можете да ги скриете вашите сомневања. Го туркате своето незадоволство.
РАБОТА: Не дозволувајте некој да ја поттикне вашата желба за натпреварување, размислете за можните последици.
ЗДРАВЈЕ: Смирете ја совеста, ќе ви годи искрен или разговор од доверба.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Нема причина да се однесувате арогантно пред саканата личност. Големата упорност понекогаш го носи спротивниот ефект.
РАБОТА: Се обидувате да ги постигнете своите деловни намери надвор од официјалните простори, но тоа си има и своја цена.
ЗДРАВЈЕ: Уживајте во некоја забава, добра релаксација или опуштање.
РИБИ
ЉУБОВ: Во емоционален ентузијазам, вие ги проценувате работите на погрешен начин. Сочувајте ја блискоста со личност која нема да ги изневеру вашите очекувања.
РАБОТА: Вашиот успех значи проширена соработка и зголемена контрола над важни настани. Задржете ја активната улога.
ЗДРАВЈЕ: Важно е да чувствувате позитивен импулс и инспирација.

 

Занимливости

По повод 25 години „Google“ ова се најпребаруваните термини за 2023-та година до денес

Објавено пред

на

По повод 25 години на Google, Index ги провери најгугланите термини во 2023 година (до денес). Не е чудно што, според податоците на SimilarWeb, YouTube е најгугланиот термин на глобално ниво и оваа година.

Втор на листата е Facebook, а трет е Pornhub. Четвртата е временската прогноза, па Амазон, па зборот „преведи“. XVideos, Google Translate, Gmail и WhatsApp Web се ​​исто така во првите 10.

Меѓу спортските теми, најгуглани термини се НБА (11 место) и „Премиер лига“ (18 место). Инстаграм е на 12-то место, Твитер на 15-то, додека самиот Гугл е на 16-то место на најгуглани термини. ChatGPT е 20-ти најгуглан термин оваа година, а топ 20 вклучува и порно.

Интересно е што на листата на топ 100 најгуглани поими нема ниту една личност, односно име или презиме. Податоците беа ажурирани на 14 септември годинава.

Вака изгледаат 20-те најпродавани термини на Гугл во 2023 година (до денес):

youtube
facebook
pornhub
weather (vremenska prognoza)
amazon
translate
xvideos
google translate
gmail
whatsapp web
nba
instagram
xnxx
traductor
twitter
google
porn
premier league
google maps
chat gpt

Прочитај повеќе...

Занимливости

Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Објавено пред

на

YouTube/printscreen илустрација

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.

Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.

Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.

– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.

Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.

– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.

Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.

Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Објавено пред

на

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.

Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража

Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на ☎️ 075/788-322 или 076/355-400 ☎️, а може и да дојдат во објектот директно.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за понеделник (2 октомври)

ОВЕН Од рано наутро ќе бидете многу одлучни во намерата да направите сѐ што не сте стигнале во претходните неколку...

Скопје9 часа

(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и...

Временска прогноза16 часа

Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (октомври 2023)

ОВЕН Овој месец ќе морате помалку да се посветите на себеси и повеќе на тоа како се однесувате и што...

Скопје2 дена

Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 01.10.2023 година (недела) со почеток во 08.00 часот, поради одржување на...

Македонија2 дена

(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат...

На денешен ден2 дена

На денешен ден – 30 септември

1399.- Основачот на англиската династија Ланкастер, Хенри Болингброук (Хенри Болингброук) стана крал Хенри IV, ден по абдикацијата на Ричард II...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (30 септември)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Временска прогноза3 дена

Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината

Пред нас е еден долг период на сушно и стабилно време, иако повремено и локално можна е појава на многу...

НАЈЧИТАНИ