Занимливости
Порта Хороскоп за денес (10.4.18) Вторник

ОВЕН
Денес треба да се усогласите со луѓето со кои работите, а тоа периодично ќе биде тешка задача за вас. Ќе ви пречат туѓите грешки и пропусти и повремено нема да можете да се воздржите со своите критики. Голема потреба да бидете со саканата личност и долго време да поминете заедно.
БИК
Имате големо влијание врз луѓето во вашето окружување и денес преку контактите со другите може да го смените правецот на некои ситуации да бидат во ваша корист. Можеби за некои личности моментално немате разбирање, но сами се виновни за тоа. Во оваа категорија спаѓа и вашиот љубовен партнер со кој можно е да имате многу лоша комуникација.
БЛИЗНАЦИ
Иако ќе се обидувате одговорно да ја извршувате секоја обврска, можни се грешки и пропусти. Вистина е дека другите нема да ви замерат за тоа, но вие ќе бидете незадоволни. Посветете внимание на саканата личност, денес ќе се обидува да ве расположи.
РАК
Некои ситуации на работното место ви пречат и тешко ќе ви биде да премолчите. Колку и да се обидувате, неможете да го сокриете своето незадоволство од постапките на некои личности. Во контактот со саканата личност избегнете некои тешки теми. Потребно ви е да бидете усогласени.
ЛАВ
Можеби денес нема да можете да се прилагодите кон сите, но максимално ќе се обидете. Еден деловен состанок ви значи многу и ќе се овидувате да го дадете најдоброто од себе. СО љубовниот партнер денес сте совршено усогласени, пред вас е одличен ден.
ДЕВИЦА
Во последен момент ќе се сетите на некои обврски или ветувања кои сте ги дале. Ви претстои големо брзање да го завршите тоа што ви е на ум. Обидете се да оставите добар впечаток пред некој кој неодамна сте го запознале.
ВАГА
Вие не сте сигурни како одредени бизнис ситуации ќе продолжат, и мора да признаете дека сте малку загрижени за сè. Немојте да бидете напнати – но денес е можноста за позитивни информации. Очекувате емотивниот партнер да “ги чита вашите мисли”. Кажете отворено што ви смета…
СКОРПИЈА
Некои од вашите планови денес ќе бидат многу ранливи на промени, но добро е што сте флексибилни и подготвени да се прилагодите. Меѓутоа, ќе се обидете да ги направите работите, секогаш кога е можно, во насока која ви одговара. Денес можеш да го подобриш твојот однос со некој кој е емоционално важен за тебе.
СТРЕЛЕЦ
Денес се наоѓате во голем расчекор со времето и тешко ви е да ги исполните сите обврски кои ви се наметнуваат. Многу кратки рокови, па ќе функционирате со нервоза. Саканата личност се однесува на начин кој за вас е неразбирлив и не се снаоѓате во новонастанатата ситуација
ЈАРЕЦ
Мала нервоза поради тоа што треба да чекате информазии поврзани со некој проект или договор. И покрај се ќе успеете да фунционирате и да се вклопите со луѓето со кои работите. Тешко постигнување на договор со саканата личност. Ќе имате отежната комуникација.
ВОДОЛИЈА
Овој ден ви носи голема ангажираност но и доста личности со кои ќе остварите интересни контакти. Можност за важна средба. Не успевате да договорите средба со личност која ви е привлечна, се останува само на комуникација и допишување.
РИБИ
Иако ќе откриете дека не можете да одговарате на некои ситуации во деловниот сегмент и дека работите полека се лизгаат од вашата рака, во последен момент добивате вистинска помош од другите. Земете ја вашата пауза попладне, опуштете се малку, па ќе можете да функционирате подобро со вашиот партнер во текот на вечерта.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет7 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео7 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици