Занимливости
Дневен Хороскоп (19.03.18) Понеделник

ОВЕН
ЉУБОВ: Понекогаш пред саканата личност ниту големите зборови не се доволни. Со покажување на чувствата се постигнува посакуваниот ефект.
РАБОТА: Делувате многу одлучно и амбициозно. Употребето го своето знаење во таа мера колку што е потребно да ги заштитите деловно финансиските интереси.
СОВЕТ: Важно е да ја подобрите кондицијата.
БИК
ЉУБОВ: Не заборавајте на обврските кон семејството. Вашиот партнер има големи барања и нема да дозволи да го ставите во втор план
РАБОТА: Вашиот начин ан размислување претставува полн погодок. Столот на кој се заложувате позитивно влијае на вашата популарност во друштвото на соработниците.
СОВЕТ: Задржете го оптимистичното расположение.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Во емотивниот однос некои ситуации премногу ги комплицирате. Партнерот и понатаму ви дава дознаење дека бара чусвство на доверба и сигурност.
РАБОТА: Работите кои ги правите вез нечие одобрување претставуваат потенцијален ризик. Важно е да одржите добар соработнички однос.
СОВЕТ: Не ги преценувајте сопствените можности
РАК
ЉУБОВ: Во љубовниот дијалог партнерот несака лесно да се откаже од плановите кои ги има. Но некој мора да попушти. Бидете мудри.
РАБОТА: Средбата со една личност на вас делува интригантно па поради тоа неможете да го прикриете своето нерасположение и загриженост.
СОВЕТ: Потребна ви е релаксација
ЛАВ
ЉУБОВ: Внимателно анализирајте ја саканата личност, но неможете да ги усогласите различните интереси кои ве оддалечуваат.
РАБОТА: Реагирате многу темпераментно во ситуациите кога треба да покажете дипломатски манири и трпение.
СОВЕТ: Различна забава делува позитивно на вашето расположение.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Нема потреба да и се спротиставувате на блиска личност и да ги кршите поставените правила за заеднички живот. Важно е да постигнете емотивна блискост.
РАБОТА: Бидете разумни и повнимателно бирајте ги соработниците кон кои имате доверба и слични интереси.
СОВЕТ: Избегнувајте претерување или лоши навики.
ВАГА
ЉУБОВ: На субјективен начин, го оценувате партнерското однесување. Бидете реални во вашите емотивни очекувања.
РАБОТА: Треба да се организирате правилно за да постигнете успех на различни партии. Не дозволувајте некој да ве спречи.
СОВЕТ: Важно е правилно да ги филтрирате вашите мисли и чувства.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Сакате “посебен третман” во емоционалната врска, но треба да му кажете на вашиот партнер да ви се доближи.
РАБОТА: Врз основа на нови информации, откривате различни детали кои влијаат на основниот поредок на деловната сцена. Искористете ја предноста од поволниот момент за акција.
СОВЕТ: Поттикнете ја креативноста во изразување и добра волја.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Осигурајте се дека сте во согласност со договорот што го имате со вашата сакана. Новите изговори не можат да ве оправдаат.
РАБОТА: Важно е да го подобрите вашиот бизнис рејтинг или да се прилагодите на соработниците кои позитивно влијаат на вашата општествена репутација.
СОВЕТ: Дозволете си креативен одмор и соодветна грижа.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Вие сте вознемирени. Подобро е да се прифати идејата на вашиот партнер отколку да се предизвика нова љубоморна сцена.
РАБОТА: Немојте да бидете измамени од фактот дека сè е вистина или дека некои ветувања се доволна гаранција за бизнис-финансиска добивка.
СОВЕТ: Потребно е да се ослободите од прекумерна загриженост.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Бидете повнимателни од вообичаеното во изразувањето на емоции, не дозволувајте некој да ве тера да се однесувате лошо.
РАБОТА: Обрнете внимание на корисни цели. Нема потреба да се споредувате со различни соработници.
СОВЕТ: Избегнувајте напорни ситуации во кои не се чувствувате пријатно.
РИБИ
ЉУБОВ: Нема причина да бидете измамени од големи илузии или нечии ветувања. Разговарајте искрено со вашиот партнер.
РАБОТА: Ако се грижите за добар бизнис рејтинг, мора да прифатите нечие влијание или мислење.
СОВЕТ: Премногу загриженост влијае на вашата концентрација и расположение.
Занимливости
Неколку работи кои треба да ги знаеме пред да купуваме леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете „не“ на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.
Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас, пишува WeightWatchers.
Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?
Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.
Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.
Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.
/denar
Занимливости
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година

Секогаш незгодната тема е платата на MotoGP возачите. Некој би рекол недоволно со оглед на ризикот што го преземаат при секое излегување на патеката. Не размислуваме само за ризикот од смрт, туку и за повредите кои можат засекогаш да ги отстранат од моторните спортови.
Возењето на возачите од мотоспортот обично значи дека тие остануваат без занает во нивните раце. Причината лежи во тоа што речиси сите момчиња и девојчиња од мали нозе се занимаваат со мото спорт, па добар дел од нив не го завршиле целосно образованието.
Лавината околу платите започна кога ДОРНА официјално објави дека годинава ќе се одржат 42 трки, односно по две трки по тркачки викенд. Воведувањето на спринтерски трки го зголемува ризикот за возачите и бара дополнителен напор од нив (да бидат физички поподготвени итн.). Бидејќи ДОРНА е иницијатор на дополнителните трки, тимовите побараа ДОРНА да ги сноси трошоците за зголемување на платите.
Во виорот на овие настани, La Gazzetta dello Sport ги претстави платите што ги добија возачите на MotoGP во 2022 година. Ве молиме имајте предвид дека бројките што ги гледате се веројатно само сумите што возачите ги добиваат од тимовите за кои возат. Вкупната заработка е секако поголема, бидејќи возачите имаат приходи и од спонзори.
Плати на возачите на MotoGP за 2022 година (возач: износ во евра):
Марк Маркез: 12.500.000
Маверик Вињалес: 10.000.000
Фабио Квартаро: 6.000.000
Џоан Мир: 6.000.000
Франческо Бањаја: 5.000.000
Какви суми добиваат Еспаргаро, Морбидели, Жарко и други, погледнете овде.
/nova
Занимливости
Сте сѐ запрашале ли дали кивите можат да се јадат како јаболката со се кора?

Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви.
Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно.
Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо.
Дали е вкусно? Косата на кората е „големо не“ за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето!
Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.
Сега го знаете одговорот, но, дали ќе пробате да изедете цело киви со кора?
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп6 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Видео17 часа
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android