Занимливости
Хороскоп за денес (27.4) Петок
ОВЕН
Посветете внимание на контактот со авторитетите и шефовите. Ако изиграте паметно, може да се променат односите во голема мера. Ден за добри деловни, но и материјални можности за вас. Една личност интензивно се обидува да ве освои. На некои им претстои авантура.
БИК
Енергијата на овој ден ви одговара бидејќи се е отворено да за се остварат вашите планови и постигнувате повеќе отколку што сте очекувале. Имате големовлијание врз другите, искористете го тоа во своја корист. Некогаш е доволно само приството на саканата личност и не се потребни зборови за да се чувствувате добро.
БЛИЗНАЦИ
Некои планови сте успеале да ги остварите и сега размислувате како да се поставите пред новите предизвици кои се појавуваат. Ова е добар ден низ размислување но и комуникација да пронајдете решение за некои ситуации. Во едмотивните односи има многу љубов и добро расположение.
РАК
Иако имате чувство дека денес правите се како што сакаат другите, обидете се реално да ја согледате својата позиција. Во суштна во овој момент сте сигурни и прифаќате кон обвските да се поставите како што се очекува од вас. Отворени сте за комуникација со личноста која ви се допаѓа.
ЛАВ
Ќе бидете насочени да го работите тоа што ви одговара или што ви е лесно, а сите останати обврски ќе ги оставите за друг ден… Не сте расположени да се занимавате со многу комплицирани работи. Расположени сте за флерт и авантура, а денес ќе ви се појават шанси за тоа.
ДЕВИЦА
Енергијата на овој ден целосно ви одговара и подготвени сте да ги завршите деловните обврски. Одлични моменти за комуникација со соработниците и деловните партнери. Денес можете во голема мера да покренете контакт со личноста која долго време ви го привлекува вниманието.
ВАГА
Денес, на лесен начин, можете да завршите со сето она што ве оптоварува во претходниот период и “виси над главата”. Уште повеќе, за Вагите денес се отвараат и некои одлични деловни зделки. Во емотивниот сегмент ќе следат убави изненадувања, а ако сте сами – покана за забава.
СКОРПИЈА
Вие комуницирате со деловните партнери на вистински начин, и не е ни чудо што постојат големи можности да се добие понуда која денес не се одбива. Преговорите се повеќе од успешни, а во финансискиот сегмент има можности за убави приливи.
СТРЕЛЕЦ
Добра посветеност кон деловните обврски. Од друга страна, ќе бидете во можност да се претставите на вистински начин, па сосема е можно денес да ви биде понудено нешто што може да ви донесе финансиска корист. Љубовта работи денес без никакви пречки.Добар ден за нови познаници.
ЈАРЕЦ
Во текот на овој ден ќе имате повеќе волја и стимулации за работа. Подобра комуникација осварувате со жените, и денес ќе имате неспоредливо посилна соработка со нив. Ве очекуваат убави емотивни моменти, особено ако имате партнер. Ако сте осаменни, изненаден позив за забава.
ВОДОЛИЈА
Некои извонредни можности може да ви бидат отворени денес и единственото нешто што е важно е дека не мислите премногу. Ако ја разгледувате ситуацијата, може да се блокирате. Пуштете се да си оди по својот тек. Одлична комуникација со емотивен партнер.
РИБИ
Период на големи деловни активности. Одличен за секој вид на комуникација, затоа организирајте важни состаноци овој ден. Исто така, можности за финансиски приливи од дополнителни ангажмани. Некој покажува љубов и желба да те запознае подобро. Одговорете на вистински начин.
Занимливости
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“

Во 2007 година Google ги објави првите фотографии на Street View од Сан Франциско, Њујорк, Лас Вегас, Мајами и Денвер. Оттогаш поминаа 15 години, а автомобилите на Street View опремени со камери снимија и споделија повеќе од 220 милијарди фотографии од Street View и поминаа преку 16 милиони километри, што е еквивалентно на патување околу светот повеќе од 400 пати.
Индонезија, САД и Јапонија се на врвот на глобалната листа на земји со најпосетувани локации на услугата Street View во текот на изминатата година, додека Мексико и Бразил се на четврто и петто место.
Со Street View можете да посетите места како што се пешачките зони, планинските врвови или длабочините на океанот и сето тоа е достапно од удобноста на вашиот дом. Сепак, три локации привлекоа најголем интерес од корисниците минатата година: Сите 154 ката на Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, која беше прогласена за највисока зграда во светот, Иконата Ајфелова кула во Франција, која нуди феноменален поглед на Париз, Како и нашата специјална колекција на слики на Таџ Махал во Индија.
Среќен роденден „Google Street View“ !
Занимливости
Нов бонус 777% во Евротип! Три седумки за тројна среќа!

Нов зголемен бонус од 777% во спортските обложувалници Евротип, кој може да се добие отсега со максимални 50 натпревари на еден уплатен тикет.
Новите бонуси во Евротип започнуваат од 5 натпревари, се до 50 натрпевари, кои ве носат до Евробонусот од 777%, а ако седумката е среќен број, тогаш среќата за добивка е зголемена тројно!
Овој бонус е важечки само за тикети уплатени со Евротип Клуб Картичка.
Ова е само почеток на новитетите кои ќе бидат воведени во спортските обложувалници Евротип, посочуваат од таму. Во наредниот период ќе следуваат уште новитети и поволности кои ќе ја зголемат среќата на типувачите, а добивките и понатаму ќе бидат најголеми само во Евротип.
Ова е само уште една од причините зошто да станете дел од Евротип клубот и да ги искористите придобивките на Евротип клуб картичката.
Бројот 7 секогаш се смета за среќен број, уште од времето на старите цивилизации, затоа верувајте и вие во неговата среќа, бидејќи ништо не е случајно, па ни фасцинацијата од бројот 7.
Повеќе информации ќе најдете ТУКА
Занимливости
Денеска е 1-ви мај, државен празник – „Денот на трудот“

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Први мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата. Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп2 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза17 часа
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин1 ден
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин1 ден
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Свет1 ден
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Магазин1 ден
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Скопје4 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН