Занимливости
Дневен Хороскоп (25.3.18) Недела

ОВЕН
ЉУБОВ: Проблемите може да се поправат, но исклучиво во договор со блиска личност. Простете му на партнерот за ситните пропусти.
РАБОТА: Неизвесноста во деловните преговори дополнително влијае на вашата концентрација. Покажете доволно разбирање за различното мислење
СОВЕТ: Подобрете ја кондицијата
БИК
ЉУБОВ: Ќе ве израдуваат новите емотивни сигнали или гест на внимание од некоја страна. Партнерот искрено се обидува да ги задоволи сите ваши потреби.
РАБОТА: Ваќно ви е да ги претставите своите идеи на оригинален начин. Потребна ви е дипломатска нота и добра деловна стратегија.
СОВЕТ: Посветете внимание на здравиот начин на исхрана
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Постојат прашања кои се решаваат или тајни кои се откриваат исклучиво во блиска средба со драга личност.
РАБОТА: Новите случувања на деловната сцена прифатете ги со оптимистички стил без оглед на разликите кои постојат во мислењето.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна форма. Продолжете така
РАК
ЉУБОВ: Најмногу сакате да си ги задоволите сопствените потреби, па не посветувате внимание на забелешките од партнерот.
РАБОТА: Изгледате нескромно. Во некои деловни прилики премногу ги истакнувате личните придонеси и се ставате на прв план.
СОВЕТ: ДОбро ќе ви дојде витаминска исхрана и повеќе течности.
ЛАВ
ЉУБОВ: Претерувате со своите барања пред саканата личност. Треба да уживате во малите нешта.
РАБОТА: Нема потреба да се докажувате или да се споредувате со соработниците кои применуваат различни деловни критериуми.
СОВЕТ: Во вечерните часови добро ќе ви дојде релаксација.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Загрижени сте за некои случување кои го вознемируваат вашето семејство. Не успевате да разберете нечие мислење или однесување.
РАБОТА: Ви се пружа добра можност за да ги потврдите своите професионални способности или да постигнете забележителна улога во друштво на соработниците.
СОВЕТ: Нема причина за претерана загриженост.
ВАГА
ЉУБОВ: Кога се сретнуваме со блиска личност, ниту “големите зборови” не се доволни, важни се делата. Направете некој посебен гест.
РАБОТА: Работете љубопитно и амбициозно, проверувајќи различни информации кои влијаат на нивото на деловна соработка.
СОВЕТ: Опуштете се во добра друштво, ќе ви годи релаксација.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Некој го возбудува вашиот емоционален интерес и добро расположение. Нови настани ве поврзуваат со пријатни спомени.
РАБОТА: Постојат работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. Нема потреба да се забрзаат некои деловни ситуации.
СОВЕТ: Обидете се да ја подобрите концентрацијата.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Без нечие присуство чувствувате емотивна празнина. Тешко ви е да ги искажете своите чувства и намери пред блиска личност.
РАБОТА: Вашиот став е разумен, но потребна е нечија поддршка. Бидете решителни во вашите намери.
СОВЕТ: Следете го вашиот “внатрешен глас”, опуштете се.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Со одредена резерва прифатете нечие лесно изговорено ветување или комплимент. Внимателно анализирајте ги настаните од различи аспекти.
РАБОТА: Ако имате доволно мудрост, обрнете внимание на корисни информации за нови бизнис можности.
СОВЕТ: Ќе ви годи поздрав режим на исхрана, внесувајте повеќе витамини.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Барајте емотивна инспирација во вистинската личност.
РАБОТА: Потребен ви е доверлив човек кој ги разбира вашите креативни идеи и целосно го следи вашиот чекор.
СОВЕТ: Испланирајте прошетка и релаксација.
РИБИ
ЉУБОВ: Покажете повеќе нежност и имагинација во друштво на некој близок. Ако сте слободни, одговорете на нечиј повик.
РАБОТА: Ако немате веродостојни информации, не ставајте официјални ветувања, туку побарајте нечија интервенција.
СОВЕТ: Важно е правилно да ја управувате својата енергија.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево2 дена
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Временска прогноза14 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт15 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија
-
Lifestyle22 часа
Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа