Занимливости
Порта Хороскоп за денес (16.4) Понеделник

ОВЕН
Денес сте посветени на работата, но изгледа имате премногу обврски, па најверојатно во текот на целиот ден ќе треба да го давате својот максимум. Ќе имате повремена деконцентрација од страна на некој колега. Се обидувате да средите некоја мисла за односот со саканата личност.
БИК
Иако имате чувство дека немате време за ништо, денешниот ден ќе го поминете во добро расположение и пријатна атмосфера. Ќе бидете изненадени со позитивен став од некоја личност. Можност за контакт со поранешна симпатија или некој со кој сте биле во врска.
БЛИЗНАЦИ
Иако сте свесни дека имате многу работа и несакате се да завршувате во последен момент, сепак денес сте подготвени да ги одложите обврските и да се посветите на нешто што ви е полесно, а можно е да гледате што побрзо да избегате од работното место. Насочени сте кон емотивниот сегмент, на партнерот или на симпатијата.
РАК
Денес ќе добивате некои интересни информации кои ќе ви помогнат да решите некое двоумење кое извесно време ве измачува. Добар контакт со колегите и деловните соработници. Една личност покажува големо интересирање за вас. Прифатете повик за излегување или барем остварете добра комуникација.
ЛАВ
Некои напорни денови се зад вас и сеуште не сте целосно смирени, па своето нерасположение, незадовоство и нервоза ќе го пренесете на оние со кои ќе стапите во контакт. Насочете се кон своите обврски и оваа голема енергија потрашете ја на работата, наместо на кавга.
ДЕВИЦА
Многу добро расположение во текот на целиот ден. Се чувствувате стабилно и подготвени сте да одговорите на некои обврски. Добра концентрација. Плановите со саканата личност лесно се реализираат, вие двајца денес одлично се вклопувате и функционирате заедно. Пријатно попладне и вечер во друштво.
ВАГА
Притисокот врз вас е очигледен од раните утрински часови. Не ви се допаѓа фактот дека другите постојано ве брзаат, не сакате да бидете толку напнат, бидејќи на овој начин не успевате да го дадете својот максимум на работа. Едвај чекате да ги оставите вашите деловни обврски и да се посветите на компанијата или на саканата личност.
СКОРПИЈА
Одлични можности за контакт и договор со лице (или луѓе) што очекувате солидна деловна соработка. Можно е во текот на денот да постигнете мала финансиска добивка преку дополнителен ангажман. Денот како да е создаден за да уживате со емотивниот партнер. Хедонизам, страст, љубов.
СТРЕЛЕЦ
Некои деловни договори доаѓаат кај вас денес, но нема да бидете целосно задоволни, бидејќи очекувавте повеќе бидејќи се работи за финансискиот дел од понудата. Некои договори ќе треба да се одложат поради обврски кои неочекувано ќе се појават. Можно е исто така да ја поместите вашата средба со емоционален партнер.
ЈАРЕЦ
Успевате да остварите многу добар однос со деловните партнери и за кратко време да решите проблематика која постоеше од претходните денови. Денес сте во одлично расположение, стабилно, мирно и подготвени да се прилагодите на оние со кои доаѓате во контакт. Емотивно – повеќе од добар ден.
ВОДОЛИЈА
Нема да подлегнете под критиките за вашата работа. Сметате дека функционирате повеќе од добро и немате намера да се менувате. Обидете се да се однесувате правилно кон вашата сакана, иако таа ве иритира со некои од нејзините постапки.
РИБИ
Чувствувате дека конечно е вистинското време да го слушате советот и да промените нешто во вашето функционирање во работната средина. Сфативте дека некои луѓе беа во право во врска со тоа. Се обидувате да комуницирате со некого, но другата страна не реагира на начинот на кој го сакате.
Занимливости
Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH
— Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017
Го најдовте ли слонот? Откако ќе го завртите екранот, ќе забележите дека двете дрвја од двете страни на ловецот ги формираат нозете на слонот додека дрвото од спротивната страна на сликата е стеблото на слонот.
Занимливости
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.
Доктор Арун Кумар долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.
Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.
Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:
– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.
– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.
– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.
– Секогаш имајте мастики во себе.
– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.
– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.
/denar
Занимливости
Напишете „The Last Of Us“ во пребарување на Google за изненадување

Некој во Google е голем обожавател на The Last of Us – „Пребарување на Google“ сега има кул мало изненадување што ја слави реномираната сериска адаптација на франшизата на видео игрите на HBO.
Печурките се насекаде
За да го проверите, отворете Google, напишете „The Last Of Us“ и почекајте само половина секунда црвената печурка да се појави на дното на страницата со резултати од пребарувањето. Кликнете на неа и видете што ќе се случи.
Колку повеќе кликнувате на печурката, толку повеќе вашиот екран се полни со разни печурки, но за среќа, со едноставно кликнување на црвеното копче „X“ на дното, можете да исчистите се што се појавило на вашиот монитор.
Ова не е прв пат, а се надеваме не последен пат, да наидеме на вакви изненадувања преку пребарување на Google.
Извор: Mashable
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Видео8 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици