Следете не

Занимливости

Денешен Хороскоп за Св.Валентин (14.02.2018)

Објавено пред

на

Изгледот може да лаже на овогодишниов Св. Валентин. Овој романтичен празник е за прославување на радостите на љубовта, но сериозните чувства оваа година се брануваат под површината. Цвеќето, чоколадите и сличните подароци нема да ѝ наштетат на врската, но нема да ги оттргнат грижите и сомнежите за подарувањето на вашето срце.
Венера, планетата на љубовта и манипулативниот Плутон се во таква позиција што може да предизвикаат појава на посесивност и љубомора, поткопување на довербата помеѓу партнерите, како и на вербата во себе.
Најкорисните подароци кои може да ги дадете сега, се искреното изразување на вашите грижи и покажувањето разбирање за стравовите на партнерот. Веројатно ова ќе ги тргне површните насмевки во моментот, но ќе ги продлабочи и зајакне врските во иднина. Погледнете ги предвидувањата за вашиот знак за овој Св. Валентин.

Овен

Оваа година важни се малите нешта затоа што вашата вообичаено страсна владејачка планета Марс е заглавена. Ова може да ве направи носталгични, но подобро ќе ви биде ако се посветите на деталите од сегашноста. Правењето нешто корисно е одличен начин да го прославите овој празник, со Марс во практичната Девица. Наместо да се занесете во јадење и танцување, зошто овој ден да не го посветите на тоа да им послужите на другите? Ова веројатно не звучи романтично, но ја покажува вашата љубезност и сочувство. Помагањето некому како волонтер, пријател или член на семејството ќе ви донесе ниво на задоволство, кое ќе направи да се чувствувате дека навистина ја заслужувате љубовта, овозможувајќи ви послободно да ја дарувате и воспримите.
Бик
Слатката страна на Св. Валентин ѝ прилега на вашата сензуална природа. Слаткиот мирис на цвеќе и вкусот на чоколада ја истакнува нежната страна на вашиот карактер. Сепак, може да има нешто што недостасува оваа година затоа што ви е тешко да се смирите и да уживате во овој специјален ден. Романсата која ја претставува овој ден е завиена во напнатата врска помеѓу љубовната Венера и провокативниот Плутон. Задевање, недоверба, љубомора или сомневање во себе може да ви го помрачат расположението. Ако имате партнер, побарајте тивко, оддалечено место каде ќе може да разговарате за интимни нешта. Ако сте сингл, подобро е да сте сами или со некој кому му верувате, отколку да барате романса под ризични околности.
Близнаци
Св. Валентин за вас може да започне отрезнувачки затоа што Месечината во Скорпија која е одговорна за расположението, се наоѓа во вашата 6-та куќа на прилагодување сè до вечерта, но токму тогаш забавата започнува. Месечевата промена кон дружељубивиот Стрелец  ја осветлува вашата 7-ма куќа на партнери, канејќи ве гласно и силно да се забавувате со некоја авантуристичка индивидуа. Сепак, може да сте со личност која се чувствува малку несигурна, што не му одговара на вашиот дух. Сфаќањето дека другиот можеби не се чувствува толку весело и разиграно како вас е важно доколку сакате да ја стекнете неговата или нејзината доверба. Не сметајте ги за безначајни повредените чувства, иако мислите дека проблемот и не е толку важен.
Рак
Разбудената сентименталност на овој Св. Валентин е помешана со некои компликации. Патувањето започнува со Месечината во страсната скорпија и вашата 5-та куќа на романсата, што звучи како совршена формула за добивање на посакуваната интимност. Сепак, вечерта се случува промена, со влегување на Месечината во грубиот стрелец, која може да биде помалку нежна од потребното. Нечувствителните забелешки може да предизвикаат непријатни чувства. Ако е така, искажете се цврсто, но нежно, наместо да се смешкате додека од внатре вриете. Довербата бара вистина, дури и кога кажаното не се вклопува во идеалниот модел на Св. Валентин со срценца и цветчиња. Соочувањето со реалноста е клучно за љубовта да трае.
Лав
Денот може да ви донесе извесни предизвици, односно да дојде до комплицирање на вашите планови, а емоциите може да ви бидат многу повредени. Љубомората или презирот може да му го одземе сјајот на празникот и славењето на љубовта. За среќа лунарната транзиција во ентузијастичкиот стрелец и вашата 5-та куќа на романсата, во текот на вечерта може да го сврти ветерот во поповолна насока. Игривата и дарежлива природа на вашиот карактер ќе заблеска и ќе ви овозможи да си поминете незаборавно. Сепак, извесна чувствителна личност може да реагира со љубомора, недоверба или едноставно да не биде расположена. Наоѓањето рамнотежа помеѓу радоста која вие ја барате и ранливоста на оваа личност, најлесно може да биде постигнато со љубезност и умерена смисла за хумор.
Девица
На овој празник, обидете се да ги поедноставите работите затоа што страсниот Марс сè уште се движи ретроградно во вашиот знак. Враќањето на место или на активност каде во минатото сте искусиле задоволство, е еден добар начин да ја искористите оваа инаку комплицирана транзиција. Само одржете ги работите едноставни за да го ограничите стресот и да си поминете убаво. Поврзувањето со некој што не сте го виделе некое време е уште еден начин да го прославите овој празник. Можно е да сретнете гласни или некултурни поединци во текот на вечерта. Дадете сè од себе да бидете во духот на забавата и немојте да им дозволите на груби личности да ви го уништат расположението.  Исто така, може да испланирате тивка вечер надвор или да останете дома и да најдете помирни начини на уживање.
Вага
Вашиот вкус за романтика тежнее кон слатката страна, што всушност треба да е поентата на Св. Валентин. Сепак, на овој ден постојат моќни чувства во вашите врски со другите луѓе, кои ја симнуваат фасадата на љубезност за да стигнат до подлабоките лични проблеми. Вашата примамлива владејачка планета Венера, е на пат кон заплеткување со мрачниот Плутон, побудувајќи проблеми со самоконтролата, љубомората и изнесувањето на скриените работи на површина. Страста е дел од пакетот, а ако имате волја да се соочите со непријатните чувства, може да го претворите проблемот во можност да се зближите со некого. Клучот е да бидете искрени кон себе и потоа да ги изразите вашите желби, без да застранувате во презир или во фокусирање на минатото.
Скорпија
Страста пулсира додека барате задоволство на подлабоко ниво од она што ќе го најдете на која било картичка за Св. Валентин. Денот започнува со Месечината во вашиот интензивен знак, подигајќи ги влоговите во играта на љубовта.  Вие не сте за флертување или за играње со луѓе кои не се подготвени да се посветат целосно на романсата. Планетата на љубовта, Венера сега се судира со вашата моќна владејачка планета Плутон, интензивирајќи ги врските со поголема желба, но исто така заканувајќи им се со тајност, љубомора и проблеми со контролата. Оваа атмосфера не е идеална за весели активности, но може да ве поттикне да ги поместите границите со вашиот партнер. Само, направете го тоа нежно за да не отидете предалеку и на крајот да создадете криза.
Стрелец
Одржувањето позитивен став е една од вашите јаки страни и вештина која ќе ви биде потребна овој Св. Валентин. Оптимизмот ќе ви биде неопходен, затоа што имате „сиви чувства“ на денот кога треба да се прославува љубовта. Започнува со Месечината во мистериозната скорпија и вашата таинствена 12-та куќа, што може да не ве доведе во најигривото расположение. Можеби ќе бидете посреќни ако не сте толку активни вечерта или ако поминете време со личност која не очекува многу. Лунарна промена во вашиот знак вообичаено би ја разубавило вечерта, што и во овој случај е возможно. Како и да е, љубовната Венера се судрува со манипулативниот Плутон, а вие не сте некој што сака да биде контролиран. Ако сте незадоволни со вашиот партнер, бидете искрени, но внимателни со вашите зборови.
Јарец
Една од вашите силни страни е тоа што знаете што сакате, но знаењето што и кого не сакате е еднакво важно за овој ден. Секако, празникот треба да претставува славење на љубовта, исполнет со цвеќиња, чоколади и романтика. Но ова не е баш таков ден. Овој Св. Валентин посоодветно е да се зборува за сериозни емоционални проблеми со пријател, отколку да се однесувате како заљубен тинејџер. Добрата вест е што можеби сте подготвени да дискутирате за некои сериозни работи. Ова не е забавно, но може да биде исклучително продуктивно за да се расчистат нерешени прашања кои ве фрустрираат во сегашната врска или во потрагата по нова. Ако и покрај ова, сега одлучите да си „играте“, добро е да знаете дека работите може да станат сериозни, затоа избегнувајте да бидете премногу компетитивни.
Водолија
Идејата за љубовта е прекрасно нешто и нешто во кое можете целосно да верувате. Сепак, овој концепт можеби нема да се отслика во реалноста на годинешниот комплициран празник. Првичниот проблем е тоа што Венера, планетата на љубовта се вплеткува со Плутон, темниот господар на подземјето. Ова може да предизвика некои провокации кои го разбиваат духот на денот. Но наместо да се трудите да пловите над непријатните чувства, соодветно време е да нурнете длабоко во себе и да размислувате за вашите желби. Доколку тие не се исполнети од вашиот сегашен партнер или сте сингл, интимен разговор со некој на кого можете да му верувате, може да ви помогне да тргнете кон остварување на вашите потреби.
Риби
Дури и романтична личност како вас може да забележи дека овој Св. Валентин повеќе е за копањето длабоко во нашата емотивност, отколку за кратки врски во лесен стил. Многу е важно да бидете ценети, со оглед на тоа што Венера е во вашата 2-ра куќа на самопочитта и се судира со проникливиот Плутон.  Вие веројатно не можете да си ги објасните непријатните проблеми, како на пример чувството да се биде непочитуван или игнориран. Не е убаво кога незадоволството ќе излезе на површина, но тоа е многу поздраво отколку да се потиснуваат чувствата. Решението е во признавањето дека заслужувате љубов и внимание без да се борите за тоа и да сфатите дека не сте жртва. Добивањето на тоа што го сакате, започнува со елиминирање на кое било однесување и верувања кои ви стојат на патот, за да се осигурате дека ве третираат фер.

Занимливости

Јапонскиот робот „Archax“, направен по моделот на популарните „Transformers“, е ставен на аукција

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Минатата година во јуни, јапонската компанија Tsubame Industries го заврши производството на робот по име Archax, направен по моделот на популарната серија Transformers. Сега истиот робот е на аукција на веб-страницата SBX Cars.

Во моментот на пишување, аукцијата ја погледнале речиси 19.000 луѓе и досега се дадени четири понуди. Првичната понуда беше 23.000 долари, вториот понудувач ја зголеми на 25.000 долари, третиот на 199.000 долари, а сега таа бројка скокна на 333.333 долари.

Аукцијата завршува на 19 јули во 03:00 часот, но цената е малку изненадувачка, бидејќи компанијата, како што пренесува Reuters, планирала да продаде пет роботи по цена од по три милиони долари, што е значително повисока цена во споредба со тековната аукција.

Се ракува со џојстик, внатре во кабината има четири екрани, преку кои може да се набљудува движењето и околината, а за сето тоа се заслужни девет камери кои овозможуваат поглед на просторот од 360 степени. Изграден од метал и пластика, Archax може да ги крева рацете, да мавта и да се префрли од режим на возило во режим на робот и обратно.

Има четири ногарки со гуми, слични на оние што ги користат виљушкарите. Може да се управува со предните ногарки, додека е со погон на задните тркала. Доаѓа во пет бои: сина, бела, црвена, зелена и виолетова.

Генералниот директор на компанијата што го произведе овој прототип, Рио Јошида изјави дека сака да направи нешто ново и различно.

„Исто така, Јапонија е многу силна во анимација, игри и роботика, како и автомобили, па мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ги има сите овие елементи во себе – тоа е Јапонија“, изјави тој за Ројтерс.

Прочитај повеќе...

Занимливости

SpaceX Starship, првото враќање од вселената

Објавено пред

на

Се планираше Starship да го совлада враќањето од вселената уште порано, но тоа се случи дури сега. Леталото веќе натера многумина да размислуваат за патување до Марс, а последниот лет докажува дека ракетите за повеќекратна употреба се повеќе од само имагинација.

Уште во 2019 година, Илон Маск зборуваше за плановите за „поход“ на Марс, не само за патување до Црвената планета, туку и за активности што ќе доведат до првите одржливи населби. Така, во рамките на овие долгорочни планови, луѓето би станале меѓупланетарен вид, и тоа не за сто или двесте години, туку, како што Маск тврди веќе некое време, многу порано.

Лансирањето на еден Ѕвезден брод чини околу два милиони долари, а за тераформирање на Марс ќе биде потребно многу повеќе од еден Ѕвезден брод. Маск вели дека за успех на проектот ќе бидат потребни најмалку илјада авиони кои ќе се користат за транспорт на товар, градежни материјали и екипаж, а целиот процес, како што се проценува, ќе трае најмалку 20 години.

За воопшто да се размислува за населби на Марс, потребно е барем едно летало со екипаж да стигне до оваа планета. SpaceX на 6 јуни докажа дека Starship може да се врати на Земјата за повторно да се користи. За прв пат сите делови на ракетата висока 121 метар го преживеаја лансирањето, како и спуштањето во Индискиот Океан.

Starship е најголемото и најмоќното вселенско летало некогаш изградено. Тоа е клучот за иднината на компанијата SpaceX, а успехот е од интерес и за агенцијата НАСА, бидејќи леталото е замислено како дел од новата мисија Артемис на Месечината. Ќе има уште пробни летови пред човечкиот екипаж да тргне на пат, а се проценува дека тоа би можело да се случи на крајот на оваа деценија.

„Starship“ досега е лансиран вкупно четири пати, а овој лет е најуспешен. Се уште не се знае кога ќе се случи петтиот, експертите тврдат дека нема да чекаме долго.

Извор: Ars Technica

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Дукати го претстави новиот модел „Монстер“ во чест на легендарниот Аиртон Сена

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Најновата „играчка“ на легендарниот Аиртон Сена доаѓа од Ducati, која го претстави специјалното издание Monster. Мотоциклот има шарена графика инспирирана од кацигата на Сена. Како резултат на тоа, моделот го имитира бразилското знаме и има мешавина од жолта, зелена и сина боја.

Специјалниот Monster е опремен со елементи од јаглеродни влакна, алуминиумски потпирачи за нозе и специјални алуминиумски тркала. Ним им се спојува сино седиште, уникатна плочка и приспособена анимација за подигање за екранот од 4,3 инчи.

Моќта доаѓа од познатиот двоцилиндричен мотор Testastretta со 82 kW/111 КС. Велосипедот има и целосно прилагодлива суспензија Ohlins и систем за сопирање Brembo со жолти клешти.

Производството е ограничено на 341 единица (3 за три светски титули и 41 за бројот на победи на Сена во Формула 1), а цените започнуваат од 25.000 долари.

Извор: autoblog.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан6 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ