Следете не

Занимливости

Дневен Хороскоп за (29.5) – Вторник

Објавено пред

на

Овен (21.03-20.04)

Вашата психичка состојба поради разни причини не е најдобра. Самите настани тоа ќе го потврдат. Не ќе можите да се усогласите со личности од спротивниот пол, па вашиот сексуaлен живот ќе се најде во мала криза. Немате доволно сила да започнете од почеток. Потребен ви е одмор. Овновите кои се во брак ќе се повлечат во себе, а партнерот ќе превземе се во свои раце. Здравје; солидно.

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно. Бидете поладнокрвни и обидете се потрезвено да ги решите проблемите.

Близнаци (21.05 – 22.06)

Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат. Имате голема подршка од саканата личност, а тоа е доста важно во ваки моменти. Здравје: нежно.

 
 
 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидејќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чуствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се завртите сите бараат пари, а работните проекти за сега доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение.

Лав (23.07 – 22.08)

Денеска ќе морате посебно внимание да обрнете на тоа што го работите. Ако енергијата ја насочите позитивно, ќе имате успех. Комуникациите ви се одлични, а работната енергија во пораст, но ќе биде зголемена и вашта агресивност. Избегнувајте работи во кои се вртат пари и бидете внимателни со имотот. Што се однесува до љубовта ова е прекрасен ден кој долго ќе го паметите. Здравје: нежно.

Девица (23.08 – 22.09)

На работно место ве очекуваат купови работни задачи повеќето нови, а некои од нив и заостанати од порано. Бидете ефективни. Вашите желби ќе бидат во чекор со моменталните настани. Во љубовната врска ќе изнаоѓате многу недостатоци. Ќе бидете недоверливи. Внимавајте бидејќи партнерот може погрешно да го протолкува вашето однесување. Брзо решете го краткиот спој во врската.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивна енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза. Доколку се чуствувате осамено некои ваши пријатели ќе ви помогнат да не се чуствувате така.

Скорпија (23.10-21.11)

Добро се чувствувате и активно пристапувате кон работните обврски и проблемите. Ќе имате помали проблеми во комуникацијата со околината, посебно родителите. Највероватно тоа ќе бидат вербални препирки кои само ќе го расипат доброто расположение. Не подпаѓајте под изказите на партнерот, концентрирајте се на неговите постапки и чисти емоции. Финансиската состојба нестабилна, а здравјето многу добро.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Целосно ќе им се посветите на работата и воопшто нема да имате време за одмор. Денов е поволен и за сите интелектуални активности. Интересот на јавноста за вашите одлуки и планови ќе биде доста изразен. Љубовниот живот се подобрува. Ве очекува средба со личност од спротивниот пол која може да ви го промени животот. Здравје: многу доборо.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе чуствувате внатрешен немир што многу ќе делува врз односот со парнерот. Ќе бидете во неизвесност по прашањето за љубовта бидејќи ќе се најдете во ситуација каде ни самите не ќе знаете што сакате и што чуствувате. Ако постои вистинска љубов во вашата врска партнерот ќе ви даде подршка и ќе се потруди да не покажува дека и тој е напнат и незадоволен. Здравје: нрвоза пропратена со галвоболка.

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда. Значи треба само да бидете внимателни, мудри и успехот не ви гини.

Риби (20.02 – 20.03)

Ова не е ден ниту за сонување ниту за одмор. Ќе морате добро да се потрудите за да успеете да ја сочувате вашата позиција и да го одбраните вашето мислење. Ако тоа ви се случи не правете никакви застои. Опуштете се во душтвото на личноста која многу ви значи, бидејќи таа ќе направи се што е во нејзина моќ за да ви помогне во овој нестабилен ден. Здравје: за вашите здраствени проблеми побарајте совет од лекар

Занимливости

„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Објавено пред

на

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица мајстор, кои ќе бидат во редовен работен однос, платен превоз, редовна плата и одлични услови за работа.

Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража

Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на ☎️ 075/788-322 или да дојдат во објектот.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Објавено пред

на

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.

Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…

Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.

Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.

Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Објавено пред

на

Архива

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.

Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.

Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.

Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.

Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.

Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.

Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.

НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.

/rtv

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје5 часа

Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“,...

Македонија7 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Новата безбедносна кампања „Стави појас“ на РСБСП и МВР денес реализирана во Битола

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави...

Македонија8 часа

(ФОТО) И кај скопјанец на Табановце најдени монети, ги зел од србин по карго

На 31.03.2023 во 14.30 часот на ГП Табановце, при влез во државата, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи...

Македонија9 часа

(ФОТО) На ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари кај турски државјанин

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко...

Здравје и убавина9 часа

Следните пролетни намирници ќе ви помогнат за вишокот зимски килограми

Преку зимскиот период голем број на луѓе ја зголемуваат својата тежина, односно ставаат плус неколку зимски килограми на своето тело....

Македонија12 часа

Инфо до сите кои патуваат преку „Стража“ до тетовски „Групчин“, во вторник ќе има посебен сообраќаен режим – известуваат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во вторник, на 4 април 2023 година, од 11:45 часот до...

Хороскоп20 часа

Месечен Хороскоп (април 2023)

ОВЕН Овновите се многу посветени на парите во текот на април. Сè што може да ви донесе добра заработка, наоѓате...

Хроника22 часа

Ненадејно почина Д-р Горан Ѓошев од академијата на млади фудбалери од ФФМ

Лоша вест го потресе македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија објави дека почина медицинското лице задолжено за фудбалерите во Академијата...

Временска прогноза1 ден

Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени,...

Занимливости1 ден

„Станица Стража“ вработува касиери и пица мајстор, кои ќе имаат одлични услови за работа, платен превоз и редовна плата

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од 4 касиери или касиерки, како и еден пица...

НАЈЧИТАНИ