Занимливости
Дневен Хороскоп (9.6) Сабота
ОВЕН
Некој ги одобрува вашите идеи, што представува доволна причина да се ангажирате на различни работи. Нема причина за лажна скромност пред соработниците, поставете нови услови кои ги задоволуваат вашите интереси и потреби. Во средба со саканата личност, важно е да чувствувате позитивна инспирација и да бидете расположени.
БИК
Личноста која има негативен став за вашите идеи нема да го промени своето мислење и после долга расправија. Конфликтот во решавањето на деловните интереси создава дополнителна тензија во односот со соработниците, бидете доволно внимателни и промислени. Планирајте романтична забава за двајца.
БЛИЗНАЦИ
Избегнувајте непотребен ризик на кој ве наговараат некои соработници. Најдобро е да прифатите деловни ситуации или правила што добро ги познавате. Не можете да промените некои од тековните услови и околности во ваша корист. Нема причина да очекуваме премногу разбирање од лице под притисок.
РАК
Понекогаш одредени конфронтации со вистината бараат голема морална храброст. Проблемите кои постојат во деловното опкружување паѓаат во полесна категорија, но соработниците изгледа дека немаат доволно волја за да се спротивстават на сите негативни влијанија. Нема причина да имате недоверба кон саканата личност.
ЛАВ
Треба рационално да ја употребувате енергијата и да прифатите нечие влијание, како добро или корисно решение. Ако влијае на вашата суета, размислете за различните последици што може да ги добиете од одбивањето. Делувате премногу загрижено пред блиска личност која и не баш ве подржува.
ДЕВИЦА
Делувате самоуверено во своите убедувања, верувате дека имате добро решение за различни проблеми кои постојат на деловната сцена. Сепак, не можете да ги остварите сите ваши идеи без туѓа помош. Ги занемаривте околностите кои ве натерааа да паднете. Искрено изразете ги своите намери пред саканата личност.
ВАГА
Нечија порака или деловна средба имаат позитивно влијание на понатапошниот тек на настаните. Ако сте доволно информиран и претпазлив ве очекува двојна добивка. Употребете некои свои скриени адути. Не дозволувајте некој од страна премногу да го окупира внаманието на партнерот, но не низ испади на љубомора.
СКОРПИЈА
Не ви се допаѓа нечија критика или двосмисленост во деловните преговори. Некој од соработниците полека почнува вам да ве оптеретува со својата улога и има помалку негативно влијание на вашата концентрација. Избегнувајте личности кој умеат да делуваат депресивно на вашето расположение.Немојте да бидете сами денес.
СТРЕЛЕЦ
Во ваш интерес е да не зборувате премногу за работите кои ги познавате доволо, како и да не се уплеткувате во нечии деловно-финансиски планови. Немојте да оценувате нечија способност или мана, своето внимание концентрирајте го на редовните обврски. Ќе ви одговара некој вид на неформална забава или спонтана средба со приајтел.
ЈАРЕЦ
Некој се обидува да ви наметне строги правила на однесување, но вие неможете да се помирите со различните ограничувања во деловното изразување. Употребете ја својата интелигенција со намери да ја сочувате добрата позиција и квалитет. Саканата личност делува инспиративно на различни начини и носи убава состојба.
ВОДОЛИЈА
Нечии зборови кај вас имаат лошо влијание, но деловните правила брзо се менуваат и во таа смисла мора да истрпите нечија критика. Насочете го своето внимание и енергија кон решавање на некои корисни цели. Не треба да се занесувате со некои далечни прогнози. Не барајте некој вид на лажна утеха во нечие друштво. Бидете искрени.
РИБИ
Потребно е да го процените најдобриот момент за ефикасна акција за да ги остварите своите цели комплетно. Поради тоа не инсистирајте на работи кои неможе да заживеат во реалноста или кои неможат да се променат во ваша корист. Вашето емотивно задоволство зависи од тактиките кои ги применувате кон партнерот.
Занимливости
По повод 25 години „Google“ ова се најпребаруваните термини за 2023-та година до денес

По повод 25 години на Google, Index ги провери најгугланите термини во 2023 година (до денес). Не е чудно што, според податоците на SimilarWeb, YouTube е најгугланиот термин на глобално ниво и оваа година.
Втор на листата е Facebook, а трет е Pornhub. Четвртата е временската прогноза, па Амазон, па зборот „преведи“. XVideos, Google Translate, Gmail и WhatsApp Web се исто така во првите 10.
Меѓу спортските теми, најгуглани термини се НБА (11 место) и „Премиер лига“ (18 место). Инстаграм е на 12-то место, Твитер на 15-то, додека самиот Гугл е на 16-то место на најгуглани термини. ChatGPT е 20-ти најгуглан термин оваа година, а топ 20 вклучува и порно.
Интересно е што на листата на топ 100 најгуглани поими нема ниту една личност, односно име или презиме. Податоците беа ажурирани на 14 септември годинава.
Вака изгледаат 20-те најпродавани термини на Гугл во 2023 година (до денес):
youtube
facebook
pornhub
weather (vremenska prognoza)
amazon
translate
xvideos
google translate
gmail
whatsapp web
nba
instagram
xnxx
traductor
twitter
google
porn
premier league
google maps
chat gpt
Занимливости
Научници целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом кај мажите, кој може да даде резултати за неплодноста кај поединци

Научниците целосно дешифрираа мистериозен хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува Ројтерс.
Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозоми и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство.
Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните репродуктивни функции, вклучително и производството на сперма, па дури и се вмешани во ризикот и сериозноста на ракот.
– „Би сакал да им се заблагодарам на новите технологии за секвенционирање и пресметковни методи за ова“, рече Аранг Рије, научник од Националниот институт за истражување на човечкиот геном на САД и главен автор на студијата.
Тој додаде дека научниците сега имаат пристап до целосен приказ на кодот на хромозомот Y за прв пат.
– „Откривме повеќе од 50 проценти од должината на хромозомот што претходно недостасуваше на нашите геномски мапи“, истакна Рије за медиумите.
Истражувањето ги откри карактеристиките на медицински релевантните региони на хромозомот Y, вклучително и дел од ДНК што содржи неколку гени вклучени во производството на сперма.
Ново и поцелосно разбирање на хромозомските гени ќе има практична примена во истражувањето на неплодноста, велат истражувачите.
Занимливости
Поради довербата на потрошувачите зголемен e обемот на работа, „Станица Стража“ има потреба од дополнителен персонал за работа

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините, поради зголемениот обем на работа има потреба од повеќе персонал, односно на позициите „пица-мајстори во кујна & касиери“, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или 076/355-400
, а може и да дојдат во објектот директно.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (30 септември)
-
Временска прогноза1 ден
Месец октомври без дожд, но со посвежи утра, вообичаени за есенскиот дел од годината
-
Хороскоп4 часа
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Скопје13 часа
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје2 дена
За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“
-
Македонија20 часа
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
Спорт1 ден
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал