Занимливости
Хороскоп за Недела (13.5)
Овен (21.03-20.04)
Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко. Партнерот не ви е многу наклонет, па затоа бидете практични и реални кога е во прашање соработката. Ве очекуваат здраствени проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
Љубовната ситуација ќе ви излезе од контрола. Ќе се чуствувате беспомошно и ранливо, особено поради некои гревови на партнерот од минатото. Спротивната страна може да ве прободи таму каде што сте најранливи. А тоа ќе испровоцира кај вас изливи на бес, но за жал во погрешно време и на погрешно место. Завртете се кон работата бидејќи тука можете да имате повеќе успех.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение. Тоа е идеален начин да ја избегнете нервната раздразнетост. Пиете течности.
Рак (22.06 – 22.07)
На припадниците на овој знак, особено на оние од понежниот пол им се препорачува исполнување на своите желби да бидат поотворени и поспонтани, доколку сакаат да ги разбере околината. Во спротивно ги очекуваат непријатни изненадувања и драматичен и емотивен пресврт. Тоа е последица на копнежот за разновидни љубовни контакти. Бидете внимателни кога работите со електрични апарати.
Лав (23.07 – 22.08)
Подготвени сте да и се посветите на работата и тоа целосно. Брзо ќе ги увидувате грешките и веднаш наоѓате решенија од нив да се спасите. Бидеји се можни некои непријатности, добро би било во се денеска да бидете повнимателни. Во врската со партнерот пожелно би било денеска повеќе да молчите. Празните зборови само можат негативно да делуваат врз односот со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Не се напрегнувајте, правете одмор од време на време ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили. Ако видете дека луѓето не ве разбираат повлечете се, но не се однесувајте како да се помалку вредни од вас. Здравје: многу доборо.
Вага (23.09 – 22.10)
Денеска подобро ќе се чуствувате. Ќе располагате со малку енергија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра. Избегнувајте да патувате, бидејќи планетите не ви се наклонети за тоа. Во љубовните врски односите се стаблини.
Скорпија (23.10-21.11)
Денеска ќе бидете повеќе расположени за другарување и разговори отколку за работа. Некоја личност која вие ја почитувате и многу ви значи, ќе се најде во проблеми кои нема да знае да ги реши. Иако ништо конкретно не ќе можите да сторите сепак бидете покрај неа и дадете му подршка и разбирање. Некогаш на луѓето само тоа му е потребно. Здрвје: одлично се чуствувате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе сакате да се одморите, но тоа е дискутабилно колку ќе ви оди од рака. Некој навистина магнетски го привлекувате, но не сте задоволни со поедини случаеви. Врската со некоја помлада личност било тоа да е емотивна или деловна во секој случај е доста значајна. Резултатите од работата се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте расправии и водете сметка за тоа што помалку да озборувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Многу ви одговара работа во изолација. Емоциите ги потискате, а од малите проблеми со партнерот без причина умеете да направите вистинска драма. Моментално не сте во состојба за настаните трезвено да размислувате, затоа ги оставате за друго време. Занимавајте се со некое хоби и нешто од што имате директна корист, но не го заборавајте и дружењето со пријателите. Ќе имате прилика за напредување.
Водолија (21.01 – 19.02)
На работно место ќе ги одстраните пречките за деловниот развој. Искористете ги познанствата и наклонетоста на една влијателна личност. Вашата издржливост ќе се исплати. Свртете ја ситуацијата во своја корист. Во љубовта би требало да го послушате говорот на сопственото тело. Комбинација од пријателство и физичка привлечност ќе ве прикаже како неодоливи и важни за околината.
Риби (20.02 – 20.03)
Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живеете во мир. Нагалсен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори, и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно Здравје: внесувајте повеќе витамини.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Временска прогноза2 дена
Попоски повторно со вонредни метео вести за времето, се очекува дожд и грмежи – Ова се последните информации…
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 јуни)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (9 јуни)
-
Подкаст2 дена
(ВИДЕО) Игорче во „Какаротски муабети“ – „Што ако сум со Даунов синдром, вистина ја зборувам чесно со срце и душа“
-
Мобилни уреди8 часа
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Мобилни уреди1 ден
Samsung Galaxy S23 Ultra во САД е сепак најскапиот паметен телефон
-
Магазин4 часа
Поради лажна промоција на криптовалути против YouTube, Twitter, Instagram и TikTok, поднесена е жалба до Европската комисија