Следете не

Занимливости

Понеделнечки Хороскоп (11.6)

Објавено пред

на

Овен (21.03-20.04)
Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка да излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот. Здравје: проблеми со забите, посетете го вашиот стоматолог.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе ве зафати мрзеливост, а од вас ќе се бара повеќе активност и работа, бидејќи промените со кои ќе се соочите се доста сериозни. Нејасните односи со соработиците ќе морате најбрзо што можете да ги средите, бидејќи морате заедно да работите. Родените во третата декада ќе имаат можност за нова работа. Посветете се на вашите најблиски, и тие го заслужуваат вашето внимание. Викендот пред вас е одличен за тоа.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Денеска нема да сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот мислите дека е најдоброто скривалиште. Водете сметка денеска на исхраната. Преоптеретениот желудник може да ви предизвика компликации. За помладите личности родени во овој знак ова е ден за нежни љубовни чуства. Па уживајте додека трае.
Рак (22.06 – 22.07)
Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса да овој работен ден ви биде многу успешен. Во љубовта ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени. Совет: излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми едноставно уживајте во убавините на животот. Здравје: проблеми со синусите и воспаленија.
Лав (23.07 – 22.08)
Вие ќе бидете на потег, но ќе настапите доста импулсивно и без размислување, па затоа е можно да направите и некои грешки. Не се залетувајте пред непознати луѓе. Некоја помош што сте ја очекувале од странство можеби ќе пристигне па така ќе можите да ги реализирате замислените планови. Во љубовта недоразбирањата продолжуваат и би требало да го разберете вашиот партнер бидејќи и тој има проблеми.
Девица (23.08 – 22.09)
Не располагате со енергија која ви е потребна за совлажување на работните задачи. Можеби некој од вашето семејство врши голем притисок врз вас и ви ја одзема енергијата која треба да ја насочите на работно поле. Оставете ги неважните работи и целосно насочте се кон тоа што се случува на деловен план. Љубовниот живот ви е среќен ве очекуваат нови познанства и пријателства. Здравје: добро.
Вага (23.09 – 22.10)
Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротивното од она што вие сте го замислиле. Тоа е само последица на непотребна љубомора која може се да расипе. Бидете потолерантни. Здравјето добро ве служи.
Скорпија (23.10-21.11)
Нема да бидете оптеретени со многу обврски, па така ќе можете малку и да здивнете. Скорпиите на кои работата му дозволува можат најпосле да се посветат на некои работи кои ги оддложувале поради многу обврски како на пример читање на книги, или средба со луѓе кои не ги виделе повеќе време. Скорпиите од женски пол ќе бидат мета на додворувачите но нити еден нема да да ги задоволи нивните критериуми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Работните задачи ќе ги извршите без поголеми пречки и навремено, но не очекувајте голем успех. Ве очекува еден просечен ден можеби и малку досаден и монотон. Доколку денот ви е планиран за љубов состојбата е значително поинаква. Претставник од знакот Близнаци ви е идеален партнер за наредните неклку дена, па не ја пропуштајте денешната прилика. Здравствената состојба добра. Наспиете се добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете повеќе расположени за дружење и разонода одколку за работа, а во прилог ќе ви оди и поволната финансиска ситуација. Голема поддршка ќе имате од некоја угледна личност. Обидете се да превеземете нешто во врска со љубовта, најповеќе внимание посветете на разнишаниот однос со партнерот. Немате доволо време за своето семејство. Здравје: чуствително-внимавајте на желудникот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не склопувајте нови пријалтелства и не се доверувајте се на секому. Ако имате потреба некому да се искажите, одберете ја личноста во која имате доверба. Во спротивно може да дојде до компликации. Пред се бидете сериозни и свесни во обавувањето на должностите. Емоционално сте незадоволни и осамени, но тоа нема догло да трае. Слободните претставници нема да имаат многу среќа во додворувањето. Здравје: добро.
Риби (20.02 – 20.03)
На работнто место ќе покажете дека сте дисциплинирани, а вашите постигнати резултати ќе зборуваат место вас. Ќе успеете да се ослободите од сите препреки кои ве вознемируваат во односот со вашиот партнер. Ако немате кому да му ги искажете вашите чуствата постои можност да сретнете посебно интересна личност во знакот на Вага. Здраствената сотојба ви е добра, бидете внимателни во сообрајќајот.

Занимливости

Јапонскиот робот „Archax“, направен по моделот на популарните „Transformers“, е ставен на аукција

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Минатата година во јуни, јапонската компанија Tsubame Industries го заврши производството на робот по име Archax, направен по моделот на популарната серија Transformers. Сега истиот робот е на аукција на веб-страницата SBX Cars.

Во моментот на пишување, аукцијата ја погледнале речиси 19.000 луѓе и досега се дадени четири понуди. Првичната понуда беше 23.000 долари, вториот понудувач ја зголеми на 25.000 долари, третиот на 199.000 долари, а сега таа бројка скокна на 333.333 долари.

Аукцијата завршува на 19 јули во 03:00 часот, но цената е малку изненадувачка, бидејќи компанијата, како што пренесува Reuters, планирала да продаде пет роботи по цена од по три милиони долари, што е значително повисока цена во споредба со тековната аукција.

Се ракува со џојстик, внатре во кабината има четири екрани, преку кои може да се набљудува движењето и околината, а за сето тоа се заслужни девет камери кои овозможуваат поглед на просторот од 360 степени. Изграден од метал и пластика, Archax може да ги крева рацете, да мавта и да се префрли од режим на возило во режим на робот и обратно.

Има четири ногарки со гуми, слични на оние што ги користат виљушкарите. Може да се управува со предните ногарки, додека е со погон на задните тркала. Доаѓа во пет бои: сина, бела, црвена, зелена и виолетова.

Генералниот директор на компанијата што го произведе овој прототип, Рио Јошида изјави дека сака да направи нешто ново и различно.

„Исто така, Јапонија е многу силна во анимација, игри и роботика, како и автомобили, па мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ги има сите овие елементи во себе – тоа е Јапонија“, изјави тој за Ројтерс.

Прочитај повеќе...

Занимливости

SpaceX Starship, првото враќање од вселената

Објавено пред

на

Се планираше Starship да го совлада враќањето од вселената уште порано, но тоа се случи дури сега. Леталото веќе натера многумина да размислуваат за патување до Марс, а последниот лет докажува дека ракетите за повеќекратна употреба се повеќе од само имагинација.

Уште во 2019 година, Илон Маск зборуваше за плановите за „поход“ на Марс, не само за патување до Црвената планета, туку и за активности што ќе доведат до првите одржливи населби. Така, во рамките на овие долгорочни планови, луѓето би станале меѓупланетарен вид, и тоа не за сто или двесте години, туку, како што Маск тврди веќе некое време, многу порано.

Лансирањето на еден Ѕвезден брод чини околу два милиони долари, а за тераформирање на Марс ќе биде потребно многу повеќе од еден Ѕвезден брод. Маск вели дека за успех на проектот ќе бидат потребни најмалку илјада авиони кои ќе се користат за транспорт на товар, градежни материјали и екипаж, а целиот процес, како што се проценува, ќе трае најмалку 20 години.

За воопшто да се размислува за населби на Марс, потребно е барем едно летало со екипаж да стигне до оваа планета. SpaceX на 6 јуни докажа дека Starship може да се врати на Земјата за повторно да се користи. За прв пат сите делови на ракетата висока 121 метар го преживеаја лансирањето, како и спуштањето во Индискиот Океан.

Starship е најголемото и најмоќното вселенско летало некогаш изградено. Тоа е клучот за иднината на компанијата SpaceX, а успехот е од интерес и за агенцијата НАСА, бидејќи леталото е замислено како дел од новата мисија Артемис на Месечината. Ќе има уште пробни летови пред човечкиот екипаж да тргне на пат, а се проценува дека тоа би можело да се случи на крајот на оваа деценија.

„Starship“ досега е лансиран вкупно четири пати, а овој лет е најуспешен. Се уште не се знае кога ќе се случи петтиот, експертите тврдат дека нема да чекаме долго.

Извор: Ars Technica

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Дукати го претстави новиот модел „Монстер“ во чест на легендарниот Аиртон Сена

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Најновата „играчка“ на легендарниот Аиртон Сена доаѓа од Ducati, која го претстави специјалното издание Monster. Мотоциклот има шарена графика инспирирана од кацигата на Сена. Како резултат на тоа, моделот го имитира бразилското знаме и има мешавина од жолта, зелена и сина боја.

Специјалниот Monster е опремен со елементи од јаглеродни влакна, алуминиумски потпирачи за нозе и специјални алуминиумски тркала. Ним им се спојува сино седиште, уникатна плочка и приспособена анимација за подигање за екранот од 4,3 инчи.

Моќта доаѓа од познатиот двоцилиндричен мотор Testastretta со 82 kW/111 КС. Велосипедот има и целосно прилагодлива суспензија Ohlins и систем за сопирање Brembo со жолти клешти.

Производството е ограничено на 341 единица (3 за три светски титули и 41 за бројот на победи на Сена во Формула 1), а цените започнуваат од 25.000 долари.

Извор: autoblog.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (27 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Балкан10 часа

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија1 ден

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт2 дена

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт3 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

НАЈЧИТАНИ