Lifestyle
Ова е храната која ќе ве направи „по убави“

Наместо да купувате скапи ултрахидратациски креми или “antiage” пилинг, ѕирнете во фризидерот. Вашата исхрана може да влијае на тоа како ќе изгледате. Воведувањето на неколку разновидни хранливи производи во исхраната е едноставен, практичен и ефтин начин да се подобри вашиот изглед (ќе добиете сјај во очите, ќе спречите паѓање на косата или ќе го исчистите тенот)
Еве неколку производи од овошје и зеленчук кои ќе ве направат повеќе привлечни.
СПАНАЌ
Омилената храна на Попај нема да ви ги направи мускулите како во цртанот, но сепак спанаќот е богат со каротеноиди од лутеин и зеаксантин кои одлично влијаат врз чистотата на бојата на вашето око. Овој зелен производ кој е богат со железо е совршен за салати, кари и како додаток на стек.
ЈАЈЦА
Овие неисцрпни извори на енергија, често се идеална состојка на брзи и лесни вечери, ако сакате омлети и јајца на око. Меко-варени јајца се совршени за почеток на денот, а варените може да послужат и како додаток на сендвич. Јајцата се богати со железо, кој помага да се спречи опаѓањето на косата и губењето на сулфурот, што ја прави косата мека и мазна.
БАНАНИ
Ова овошје ја одржува вашата кожа да биде убава и еластична. Пушењето на цигари, на пример, сериозно ја нарушува еластичноста на кожата, а калиумот во бананите може да ви помогне и да се се ублажи тоа.
ЦРВЕНА ЗЕЛКА
Пурпурната боја што ја има овој зеленчук содржи многу сулфур и јод, кои се одлични за чистење на организмот. Чистата внатрешност значи дека телото нема токсини, кои потоа се рефлектираат на вашата кожа. Ако на пример имате акни, за вас поважно е да имате чист организам одвнатре, одколку да нанесувате секакви видови лосиони на лицето. Борете се на двата фронта.
ЦВЕКЛО
Ова е одличен сојузник во борбата да го зачуваме нашиот изглед. Коренот од цвеклото содржи бедатин, биоактивни агент кој помага во разложувањето на мастите. А сокот од цвеклото содржи еден вид на хлор кој помага при варењето на храната. Ако цеденото цвекло не ви делува вкусно, потрудете се барем да го јадете во природна состојба, како на пример салата.
МИСИРКИНО МЕСО
Мажите можеби не гледаат често во своите нокти. Но затоа жените ги забележуваат ноктите, забите, косата и ушите на мажите. Тие сакаат да знаат колку се грижите за себе и личната хигиена. Па, момци, не ја потценувајте важноста на здравите нокти. Добра вест: тоа е многу едноставно. Само бидете сигурни дека внесувате доволно вода и белковини. Но тоа не значи дека до крајот на животот да јадете само бифтек. Разновидната исхрана богата со овошје и зеленчук, особено оние со светли бои, е од суштинско значење за одржување на младиот изглед. Супата од мисирка е одличен почеток бидејќи на тој начин ќе внесете во себе и течност.
ГУАВА
Гуавата е богата со антиоксиданси, уништувачи на слободните радикали кои го нарушуваат изгледот на вашата кожа и поради кои можете да изгледате постари од тоа што сте сега. Дури и неморате да јадете гуава, ако не сте обожаватели. Само исцедете го сокот од гуавата во чинија, нанесете го на вашата кожа и потоа отстранете го. Гуавата е богата со витамин Ц.
Lifestyle
Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена од екстремни температури.
Ако продолжи сегашното темпо на глобалното затоплување, милијарди луѓе ќе останат надвор од „климатската ниша“ во опасно топли услови, се вели во студијата објавена во понеделникот во списанието Nature Sustainability, објави Си-Ен-Ен.
Се проценува дека такво влијание врз луѓето би имало доколку светот продолжи по својата проектирана траекторија и се загрее за 2,7 степени Целзиусови до крајот на векот во споредба со температурите пред индустриската револуција. Земајќи ги предвид и очекуваното глобално затоплување и растот на населението, студијата покажа дека до 2030 година, околу две милијарди луѓе ќе бидат надвор од „климатската ниша“ и ќе се соочат со просечни температури од 29 степени Целзиусови или повеќе, а до 2090 година тој број ќе изнесува околу 3,7 милијарди луѓе.
еден од двајцата главни автори на студијата, Тимоти Лентон, рече дека една третина од светската популација може да живее во овие климатски услови.
„Тоа е длабоко преобликување на способноста за живеење на површината на планетата и потенцијално може да доведе до голема реорганизација на местото каде што живеат луѓето“, рече Лентон, кој е и директор на Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
/B92
Lifestyle
Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе, објави АФП.
Неуралинк рече дека одобрувањето на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) на нејзината прва клиничка студија за луѓе е „важен прв чекор“ за нејзината технологија, која има за цел да му овозможи на мозокот директно да се поврзе со компјутерите.
„Возбудени сме што можеме да споделиме дека добивме одобрение од FDA да ја иницираме нашата прва клиничка студија за луѓе“, рече Neuralink во објавата на Twitter предводена од Маск.
„Ова е резултат на неверојатната работа на тимот на Neuralink во тесна соработка со FDA“, се додава.
Регрутирањето за клиничкото испитување сè уште не е отворено, според Neuralink. Целта на имплантот Neuralink е да му овозможи на човечкиот мозок директно да комуницира со компјутерите, рече Маск за време на презентацијата во декември. „Работевме напорно за да бидеме подготвени за нашиот прв човек (имплант) и очигледно сакаме да бидеме исклучително внимателни и да се погрижиме да работи добро пред да го вградиме уредот во човек“, рече тој тогаш.
Маск, кој го купи Twitter кон крајот на минатата година, а исто така е сопственик на SpaceX, Tesla и неколку други компании, е познат по тоа што дава амбициозни предвидувања за неговите компании, а неколку такви предвидувања на крајот пропаднаа. Во јули 2019 година, тој вети дека Neuralink ќе може да ги изврши своите први испитувања на луѓе во 2020 година.
Прототипови на производи, со големина на паричка, беа вградени во черепите на мајмуните, покажаа демонстрациите на стартапот. На презентацијата на Neuralink, компанијата покажа неколку мајмуни како „играат“ основни видео игри или го движат курсорот на екранот преку својот имплант Neuralink.
Маск рече дека компанијата ќе се обиде да користи импланти за да им го врати видот и мобилноста на луѓето кои ги изгубиле таквите способности. „Првично, ќе му овозможиме на некој кој нема речиси никаква способност да ги контролира своите мускули… и ќе му овозможи да ракува со телефонот побрзо од некој што има работни раце“, рече тој.
„Колку и да звучи чудесно, ние сме убедени дека е можно да се врати целосната телесна функционалност на некој со отсечен ‘рбетниот мозок“, додаде тој.
Надвор од можноста за лекување на невролошки болести, крајната цел на Маск е да се погрижи луѓето да не бидат интелектуално обземени од вештачката интелигенција, рече тој.
/6yka
Lifestyle
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?

Дали некогаш сте забележале дека комарците каснуваат некои луѓе почесто од другите? Донекаде зависи и од крвната група.
Секоја крвна група има одредени карактеристики. Понекогаш го зголемува ризикот од добивање на одредена болест, а постојат теории дека крвната група дури ги одредува нашите карактерни црти. Крвната група дури може да определи колку интензивно ќе не каснуваат комарците.
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
Досега се направени некои истражувања кои покажаа дека се работи за нулта крвна група. Сепак, експертите проценуваат дека зачестеноста на каснување од комарци зависи од многу фактори, пишува aktivna.si.
Комарците може да бидат привлечени од мирисот на вашето тело.
Одредени бои што ги носите можат да бидат привлечни за комарците. Сегашните истражувања покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните или темните бои.
Луѓето кои консумирале алкохолни пијалоци можат да им бидат попривлечни на комарците, а се покажало дека комарците особено ги „фаворизираат“ трудниците.
Комарците можат да пренесат сериозни болести, па затоа е важно да се заштитите од нив, без разлика на крвната група и други фактори, пренесува Danas.rs.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза8 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт8 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија