Кичево
Се потврди: Шпаркасе два пати нападната од ист крадец. МВР со детали..

Вчера (06.02) околу 14,00 часот во експозитурата на „Шпаркасе“ банка на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, од страна на едно лице со закана со пиштол извршено е казнено дело „разбојништво“. Полициски службеници од полициската станица во Кичево веднаш излегоа на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен Ч.Д.(34) од село Ливада, струшко. Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол. Во консултација со јавен обвинител, на местото на настанот е извршен увид.
По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година. Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.
Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“.
Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.
Кичево
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар

На 19.05.2022 околу 15:50 часот во ОВР Кичево, пријавено е дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј, кај крстосница од селата Црвевци со Гарани, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.К. (42) од село Туин, кичевско, удрило во пешак В.Ш.(39) од село Стрелци, кичевско.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош.
Увид на местото изврши екипа од ОВР Кичево, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
15 Години Conquering Lion во Република 96250

Со огромна чест ве покануваме на концертен настап 15 години Conquering Lion во Република 96250 во Кичево, на 11-ти Јуни (Сабота) со почеток во 21:30 часот!
Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми Април 2007.
Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”.
До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја.
Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…
Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.
Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018. Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми Август 2018. Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум “Revolution Time” на 30.03.2022 за издавачката куќа “Rehegoo Music” од Лондон, В.Британија.
Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл “Long Time” во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска беше премиерно промовиран на 8-ми Декември 2021.
Кичево
За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 19 мај 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места на Општина Кичево:
Од 09:15 до 15:00 часот (Манастир Св.Богородица)
Од 10:00 до 12:30 часот (дел од потрошувачите од с. Србица и Ново Село)
Инфо: Струја
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп2 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза17 часа
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин1 ден
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин1 ден
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин1 ден
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Свет1 ден
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
Скопје4 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН