Кичево
Важно известување од Општина Кичево за кучињата скитници

Општина Кичево Ви соопштува:
Согласно договорот за јавни набавки и услуги Ветеринарната клиника ИНО ВЕТ е обврзана да постапува согласно програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на територијата на Општина Кичево почнувајќи од денес 30.05.2018 (Среда), ќе се врши заловување, прифаќање и третирање на кучињата скитници и други нерегистрирани кучиња.
За таа цел Општина Кичево ги известува сите граѓани да ги згрижат и маркираат своите домашни миленици
Кичево
Вчера бил пријавен пожар во помошна котлара на РЕК „Осломеј“, нема повредени..

На 23.03.2023 во 12:25 часот во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната РЕК „Осломеј“ настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За нашиот портал извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
Работник од Младо Нагоричане вчера настрадал при извршување градежни активности во Кичево, трет пријавен случај месецов…

Вчера на ден 22.03.2023 во 11:10 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во Општата болница во Кичево со повреди бил донесен Б.М. (34) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во фирма во Кичево.
Увид бил извршен и за настанот бил запознаен трудов инспектор, за порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
– Инаку да потсетиме месецов ова е трета пријава за повреден работник додека ги извршувал своите градежни работи, претходно случај беше на 8-ми март каде настрада 46-годишен кичевчанец и на 18-ти март жител на Демир Хисар исто така беше здобиен со тешки телесни повреди извршувајќи градежна работа.
Кичево
Во Кичево реализирана локална работилница на тема „Градење на дијалог и соработка на бизнис заедницата и општината“

Во Кичево на 20.03.2023 понеделник успешно се реализираше локална работилница на „Рурална Коалиција“ на тема како може да се подобри соработката и дијалогот помеѓу бизнис заедницата, општината, граѓанските организации и медиумите, а во насока на унапредување на транспаретноста и отчетноста на општината и останатите локални чинители. На настанот исто така беа присутни претставници од општините Кичево, Пласница и Македонски Брод, како и на на локалната акциска група „Треска“ и на Регионална Стопанска Комора.
Како главни предизвици во соработката и дијалогот, според претседателот на Регионалната Стопанска Комора, г-динот Игор Соколески беше пред се немањето на доволно волја, но и мотивација да се работи заедно, да се вложува во заедницата иако проблемите и предизвиците во општината лесно може да се препознаат и да се надминат.
Свој говор пред присутните истакна и извршната директорка на „Рурална Коалиција“ г-ѓа Лилјана Јоноски каде нагласи дека согласни се дека е потребно да се има почести средби на кои ќе се дискутира за предизвиците на општината, а ги иницираше и средбите кои треба да се реализираат во блиска иднина.
Од општината истакнаа дека се тука да ја слушнат секоја идеја и можност за унапредување на соработката, но и отвореноста на општината кон локалните чинители и дека треба многу повеќе да се работи на градење на взаемната соработка и доверба која што во моментов и не е на некое завидно ниво.
На работилницата беа присутни и дел од советниците во општината, локалните медиуми, како и граѓанските организации кои што предлагаа свои мерки како да се превенира корупцијата, при што беше напоменато дека и едукацијата, како и јакнењето на свеста кај населението за следење на работата на општината е од клучно значење
Инаку работилница беше реализирана во рамките на проектот „Заштита од корупција“ кој што „Рурална Коалиција“ го спроведува како локален партнер на Центар за граѓански комуникации, додека истиот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
Официјална галерија од настанот:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (23 март)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (24 март)
-
Кичево1 ден
Работник од Младо Нагоричане вчера настрадал при извршување градежни активности во Кичево, трет пријавен случај месецов…
-
Македонија5 часа
(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра
-
Временска прогноза1 ден
„Србиноски Турс“: Останаа уште неколку празни места за на саем во Белград по одлична цена!
-
Магазин9 часа
Еве колку би можел да чини iPhone 15
-
Кичево8 часа
Вчера бил пријавен пожар во помошна котлара на РЕК „Осломеј“, нема повредени..
-
Временска прогноза1 час
Најава за заладување на времето и провејување снег, еве од кога..