Следете не

Култура

Рован Аткинсон „повторно во акција“: Прв трејлер за новиот „Johnny English“

Објавено пред

на

Третото продолжение за Џони Инглиш, со култниот Рован Аткинсон во главната улога, го има своето најавно видео.

Новата авантура почнува кога после интернет хакерски напад се откриваат идентитетите на сите тајни агенти во Велика Британија, оставајќи го Џони Инглиш како последна надеж за тајните служби. Откако е принуден да се врати од пензија, Инглиш најпрвин тргнува во мисија во која мора да го најде хакерот кој го изврши споменатиот компромитирачки напад.

Како таен агент од старата школа, Инглиш има за предизвик да ги надминува предизвиците на модерната технологија за успешно да ја заврши својата мисија.

Во главните улоги ги имаме Рован Аткинсон, Бен Милер, Олга Киреленко, Џејк Леси и Ема Томпсон, а режијата е потпишана од Дејвид Кер.

Култура

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Објавено пред

на

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена „Македонска Кадињача“. Во битката кај село Кленоец-Кичевско животот го положиле 67 борци и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде забележана како една од најкрвавите што се случила кај нас во Втората светска војна.

Исто така на денешен ден 1943 година кај селото кленоец, кичевско, во борба против балистичките банди, загинал Јосиф Јосифовски-Свештарот.

Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век.
Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист.
По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со
Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.
Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви. Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.

 

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Објавено пред

на

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Прочитај повеќе...

Култура

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Објавено пред

на

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто бил пронајден од страна на светата царица Елена, мајката на светиот цар Константин Велики. Тој можеби е и единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан на којшто е посветен овој празник.

Се знае дека, откако се случиле оние најголеми настани во историјата на човештвото – Распнувањето, Погребението, Воскресението и Вознесението Христово, се изгубил Крстот на кој беше распнат Спасителот на светот. За тоа најголемо влијание имало уништувањето на Ерусалим од страна на римската војска во 70 година по Христа, а на некои од местата на Христовиот живот биле изградени пагански храмови.

Историската и црковна литература содржи три различни верзии за настанот поврзан со наоѓањето на Крстот Господов. Така Руфин, еден од црковните историчари, го сведочи следново: „Елена, мајката на Константин, жена со беспрекорна вера и религиозна душа, неспоредлива по благородништвото, чиј син навистина беше Константин, поттикната, како што велат, од Божественото видение, отишла во Ерусалим и таму, кај локалните жители, разбрала за она место каде што на Крстот било распнато светото Христово тело. Меѓутоа, потрагата била отежната поради тоа што во времето гонителите на местото ја подигнале статуата на Венера, така што ако некој од христијаните сакал да му се помоли на Христа на тоа место, да изгледа дека ѝ се моли на Венера. И поради тоа, таму веќе посетеноста била ретка и речиси било заборавено. Но, кога (како што рековме погоре) религиозната жена побрзала кон местото, означено со небесен знак, отстранувајќи од него сè нечисто и злобно, во длабочините под ѓубрето нашла нечисти три крста кои лежеле на тоа место. Сепак, радоста од наоѓањето на наодите, ја нарушила надворешната еднаквост на крстовите. Иако таму била пронајдена и табличката, на која Пилат напишал натпис на грчки, латински и еврејски јазик, сепак немало јасно укажување за Господовиот Крст. Затоа, на човечката несигурност ѝ требаше Божјо сведоштво. Се случило во градот, недалеку од ова место, да има една благородна жена, изморена од тешка болест и веќе на умирање. Епископ во тоа време на црквата, во тој град, бил Макариј. Кога ја виде кралицата како неодлучно стои, како и сите присутни, рече: Донесете ги овде сите крстови што се најдоа, а оној што го носеше Господ, ќе ни го открие Бог. И влегувајќи заедно со царицата, како и со луѓето [во куќата], кај скоро умрената, клекнал и Му принел молитва на Бога“. Кога зборува за сето ова Руфин, ја пишува молитвата и продолжува со следново кажување: „И кога го кажа ова [молитвата], најпрво го приложи првиот крст од нив, но ништо не постигна. Го приложи вториот, па исто така ништо не се случи. Кога го постави третиот [крст], жената наеднаш отворајќи ги очите се крена, и кога ѝ се врати нејзината телесна сила, стана посвежа отколку кога лежела болна. И сите во куќата се згужваа и почнаа да ја фалат Божјата семоќност. Така, откако доби очигледни докази, царицата, според дадениот завет, со царска ревност изградила неверојатен храм на тоа место каде што го нашла Крстот.“

Тоа е целосниот текст во историјата на Руфин Аквилејски, а останатите две верзии се слични, од кои едната вели дека пронаоѓањето се случило околу 100 години порано и се вели дека Крстот го пронашла Протоника, сопругата на императорот Клавдиј II (269-270), а потоа е скриен и повторно откриен во IV век. Третата верзија е од Сиријски текстови, слично како и втората и се кажува како светата царица Елена се обидела да ја дознае локацијата на Светиот Крст од Ерусалимските Јудејци и на крајот, еден постар Евреин по име Јуда, кој на почетокот не сакал да зборува, откако бил измачен го посочил местото, поточно храмот на Венера. Откако царицата наредила уништување на храмот и ископувања биле пронајдени три крста. Бидејќи не знаеле како да го препознаат Крстот Христов, тогаш поминала поворка со мртовец и преку допирање на еден од крстовите врз мртовецот се случило чудо и мртвиот воскреснал. Токму овај текст подоцна е внесен во преданието за Крстовден.

Токму поради ова Црквата го празнува почитувањето на Крстот Христов како орудие за победа над смртта, пеколот, сатаната и злите сили, па поради тоа Крстот е знак на Божјата љубов кон нас и кон целиот свет. Тој стана симбол и за нашата вера и за силата Божја. Нека Бог нѐ заштити со силата и дејството на Светиот крст и ни даде сила за победа на искушенијата низ целиот наш живот, па да Го прославиме Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

Честито и благословена слава на тие кои слават, вековити имињата на тие кои ги носат и за многу години!

Нашата кичевска Црква Св.Апостоли Петар и Павле за претстојниот празник ја истакна следната агенда на активности

14/27.09.2022 година (вторник)
ВОЗДВИЖЕНИЕ НА СВЕТИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ (Крстовден)

26.09.2022 година (понеделник)
Вечерна Богослужба – 18⁰⁰ часот.

27.09.2022 година (вторник)
Утрена Богослужба – 07³⁰ часот;
Света Божествена Литургија – 08³⁰ часот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура26 минути

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Кичево4 часа

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Хип Хоп Сабота во Република 96250! Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие...

На денешен ден7 часа

6 октомври – На денешен ден

1014.- Почина императорот Самуило, кој во 976 година кренал востание против Рим (Византија) и ја основал Македонската империја. Неговата империја...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток [6 октомври]

ОВЕН Не се откажувајте или согласувајте се на површни решенија. Продолжете да барате сè додека не најдете одговори или методи...

Македонија16 часа

Серија поскапувања на Дизелот, вечерва со нова покачена цена за литар, додека бензините остануваат непроменети

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство...

Македонија17 часа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против скопјанец, се сомничи дека употребил лажни пари при купување земјоделски производ

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“....

Спорт18 часа

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше против Грузија, следен предизвик е за два дена против Белорусија!

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1:0 над репрезентацијата на Грузија во рамките на...

Кичево18 часа

РЦУК Кичево утре организира крводарителна акција, повик до сите хумани луѓе да даруваме крв и да спасиме живот, утре можеби нам ќе ни треба!

РЦУК Кичево организира крводарителна акција, закажана за утре четврток 06.10.2022, од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за...

Lifestyle1 ден

Положба за спиење која придонесува за подобро здравје

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете...

Дом и уредување1 ден

Температурите паѓаат, а прозорците во вашата куќа се замаглуваат? Со овие неколку совети ќе го спречите тоа

Многу е важно да се намали количината на влага во воздухот, а тоа може да се постигне на неколку начини...

НАЈЧИТАНИ