Следете не

Македонија

При претрес во дом на Кумановец пронајдени дроги во тегли и тенџериња

Објавено пред

на

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.С. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 31.01.2018 година, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во домот на пријавениот. Притоа, биле пронајдени една тегла со семки од марихуана со маса од 33,57 грама, една тегла и две тенџериња со раствор од наркотична дрога – хашиш смола со вкупен волумен од пет литри и 50 мл., едно најлонско пакување со наркотична дрога марихуана со маса од 1.40 грама, цврста материја со темно кафеава боја – хашиш со маса од 13,40 грама, едно капаче од шише и еден шприц со смолеста материја со темно кафеава боја со волумен од 11,5 мл. и едно капаче од тегла со остатоци од марихуана.

Од страна на судија за претходна постапка, на М.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија

Вчера за шест саати СВР Тетово санкцонира 132 возачи кои возеле пребрзо

Објавено пред

на

Вчера (24 Мај) од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).

Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму.Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и воопшто, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска поскапуваат сите нафтени деривати, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари за литар и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува 1,50 ден за литар.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95                            78,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98                            80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           69,00 (денари/литар)

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес е 20-ти мај, Ден на пожарникарите, упатуваме срдечни честитки!

Објавено пред

на

Понекогаш забораваме на овие луѓе кои на момент се најбитен фактор во нашите животи – ризикувајќи ги своите, додека некои не знаат дека и тие имаат свој празничен ден, тоа е денешниот – 20 мај!

Денот 20-ти мај за тие кои не знаат, како ден на пожарникарството се слави бидејќи далечната 1836-та година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.

Нашиот медиум срдечно Ви го честита денот, со желби за многу здравје, љубов, бериќет, успеси и што помалку работа и опасност од пламените јазици за Вас и Нас како општество!

Да бидеме општествено одговорни!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп26 минути

Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Временска прогноза5 часа

Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. И во следните 10-тина денови од пладневните...

Спорт5 часа

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот...

Спорт9 часа

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на...

Lifestyle13 часа

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Кичево1 ден

Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата...

Скопје1 ден

Во недела во Скопје поради ревијална трка на велосипеди и ролерки ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална...

Спорт1 ден

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија. На натпреварот кој...

Lifestyle2 дена

Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе,...

НАЈЧИТАНИ