Македонија
„Кино утро“ за најмладите во Кинотека

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од денеска до 20 јануари.
Ќе почне со филмот „Мравко“ – приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари. Почетокот е во 12 часот.
Утре и на 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.
Македонија
Вчера за шест саати СВР Тетово санкцонира 132 возачи кои возеле пребрзо

Вчера (24 Мај) од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 103 биле надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-65).
Четири од нив, (ТЕ-1 и ГВ-3) биле за над 70 километри на час, 22 пречекорувања од 50 до 70 километри на час (TE-9 и ГВ-13) и така натаму.Покрај ова, санкционирани се и 29 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 7(ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и воопшто, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Од ноќеска поскапуваат сите нафтени деривати, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари за литар и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува 1,50 ден за литар.
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Македонија
Денес е 20-ти мај, Ден на пожарникарите, упатуваме срдечни честитки!

Понекогаш забораваме на овие луѓе кои на момент се најбитен фактор во нашите животи – ризикувајќи ги своите, додека некои не знаат дека и тие имаат свој празничен ден, тоа е денешниот – 20 мај!
Денот 20-ти мај за тие кои не знаат, како ден на пожарникарството се слави бидејќи далечната 1836-та година во Битола е формиран првиот противпожарен одред.
Нашиот медиум срдечно Ви го честита денот, со желби за многу здравје, љубов, бериќет, успеси и што помалку работа и опасност од пламените јазици за Вас и Нас како општество!
Да бидеме општествено одговорни!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза2 дена
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Временска прогноза6 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт7 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија