Култура
Репортажа за Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ – Кичевско

Манастирскиот комплекс “Св. Горѓиј” познат како Кнежински манастир, се наоѓа западно од градот Кичево, во непосредна близина на селото Кнежино на падините на планината Бистра, на надморска височина од над 900 метри. Пределот е богат со вегетација, со букова и дабова шума. Некои од дрвата се со повеќе вековна старост. Во манастирскиот двор се наоѓа чешма низ која протекува изворска вода, која народот ја смета за лековита.
Денес манастирскиот комплекс е археолошки локалитет. Кнежинскиот манaстир “Свет Ѓорѓија” и манастирот “Света Богорица Пречиста” во минато и денеска претставуваат значајни споменици во Македонската духовна и историска ризница.
Во колективната меморија на населението од овој крај, во едно предание кое ја отсликува духовната и религиозната состојба, двата манастира ја преземале улогата на водители еден од друг. Кога Кнежинскиот манстир бил разрушен, иконата од манстирот прелетувала во манастирот „Св. Богородица Пречиста” и се враќала назад во Кнежинскиот манастир и на крај преданието вели останала во манастирот “Света Богородица Пречиста”.
Светоста на манастирот има длабоки корени. Посветен е на Светителот Великомаченик “Свети Ѓорѓи”, кој живеел кон крајот на третиот век од новата ера, а по потекло е од Кападокија, Мала Азија. Бил војник со висок чин во војската на римскиот цар Диоклецијан. По вероисповед бил христијанин. Во Дијаклицијоновите прогони на христијаните страда и тој, не сакајќи да се откаже од својата вера. Во христијанскиот свет е познат како Светител кој ги исцелува болестите, ги заштитува луѓето и стоката, воскреснува покојници, чудотворец.
Манастирската црква во основа е ранохристијанска црква со базиликална форма, изградена во 5-6 век од нашата ера со должина од 27-29 м. Ранохристијанската црква ќе биде разурната во непознато време. Делови од нејзината камена пластика ќе бидат вградувани во обновената црква кон крјот на 11-12 век и во другите објекти на манстирскот комплекс. Во ова време кичевската област , a со тоа и Кнежинскиот манастир припаѓале кон Византиското царство, а црквата во Охридската Архиепископија за чија автокефалност дознаваме од историјата на Македонската православна црква.
Манастирскиот комплекс опстојува, односно живее во средновековието се до неговото палење, запустување и рушење, во првата половина на 18 век. Во археолошките истражувања започнати во 1985 година на манастирската црква и некропола (гробишта), а продолжени ВО 1998 година и траат со прекини до денешни дни. Откриените наоди при овие истаржувања: Мозаичниот под во наосот, камената пластика, керамичките плочи, градежни и плочи со натписи, фрескоживописот како и гробната архитектуира и прилозите на покојниците го потврдуваат постоењето на манастирот во хронолошка и културна смисла.
Од гробните конструкции и прилозите на погребаните покојници во нив, може да се види дека некрополата била во долга употреба и да се насети погребувањето на ктитори и богати поединци (белегзии, копчиња, прстен со гема и друго), како и гробни конструкции во кои се погребувани монаси.
Во народната традиција, во преданијата, Кнежинскиот манастир “Свети Ѓорѓи” е поврзан со Китино Кале – средновековниот град Китава околу кој со тек на времето ќе се развие современот град Кичево. Кита во народните преданија била сестра на Крали Марко, живееле во Калето и бранејќи го Кнежинскиот манастир од Муса Кесеџија таа гине.
Манастирскиот комплекс е запален во првата половина на 18 век. Монашкото братство се растура а самиот манастир е препуштен на забот на времето запуштајќи се до срушување. За неговата слава и големина сведочи сеќавањето на христијанското население во овој дел на. Р.Македонија. Манастирскиот комплекс е вратен во живот во 1973 година, кога жителите од селото Кнежино ја градат малата црквичка на зададниот дел на старата црква, а во исто време го градат манастирскиот конак. Најновата црква четврта по ред во манастирскиот комплекс, почна да се гради во 1999 година a во 2007 година на 11 октомври беше осветена. Конакот беше исто така обновен и проширен, црквата и конакот се градени со донации од народот.
Култура
(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.
– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.
Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.
Култура
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.
Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…
Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.
Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.
Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.
Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.
Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!
Култура
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.
Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.
„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.
Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.
„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.
Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.
„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“
Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.
„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.
„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија8 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија10 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома