Lifestyle
Љубовта се создава за 8 секунди
Ако машкиот поглед остане подолго прикован на жената кога ќе ја забележи за прв пат, толку е тој повеќе заинтересиран за неа.
Доколку погледот трае само 4 секунди, тогаш може да се каже дека таа не го импресионирала многу. Ако неговиот поглед се фокусира 8,2 секунди, тоа сигурно значи дека девојката успеала да го освои на прв поглед.
Меѓутоа, овие правила не важат кај жените. Жените во принцип погледот кон мажот можат да го задржат и повеќе од 8 секунди, но тоа не значи дека им се допаѓа.
Во ова истражување научниците користеле скриени камери за тајно да го следат движењето на погледот на 115 испитаници, додека разговарале со актери и актерки, а потоа требале да ја оценат привлечноста на своите соговорници.
Мажите гледале во очите на актерките кои им биле привлечни подолго од 8,2 секунди, а оние кои помалку ги привлекувале успеале погледот да им го задржат само 4,5 секунди.
Додека пак жените подеднакво долго ги гледале актерите кои им биле привлечни, а и оние кои не ги привлекувале.
Научниците овие резултати ги објаснуваат со тоа што мажите го користат погледот за да пронајдат потенцијално плодни потенцијални партнерки. Од друга страна, жените мораат да бидат многу повнимателни со привлекување на машко внимание, бидејќи не им е целта да згрешат и да одгледуваат деца како самохрани мајки. Токму затоа припадничките на понежниот пол ги “скенираат” мажите подолго.
Lifestyle
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!

Одбивањето да се прифати одговорноста и агресијата кон критиките се само дел од показателите за незрело однесување.
Луѓето се различни и во текот на вашиот живот ќе имате можност да запознаете различни типови на личности. Меѓутоа, ако забележите одредено однесување кое ви се чини дека не е во согласност со нивната возраст или ситуација, можно е да се работи за незрели луѓе.
Психотерапевтот Марко Јовашевиќ ги откри 12-те особини кои ја карактеризираат незрелата личност:
Тие одбиваат да преземат одговорност за своето однесување.
Кога се нерасположени, не се однесуваат љубезно со другите.
Тие реагираат агресивно на критиките.
Тие не ја гледаат поентата во подлабока анализа на сопственото однесување.
Тие нема да ги споделат своите проблеми со вас, туку со други луѓе.
Демантираат дека кажале некои работи.
Тие се убедени дека никогаш не грешат.
Нивните совети се претежно полни со гнев, нездрави и непожелни.
Ве убедуваат дека треба да се извините, дури и кога не се во право.
Кога ќе направите грешка, тие реагираат бурно и агресивно.
Ве убедуваат и ве тераат да не ги сакате луѓето кои не ги сакаат.
Скоро секој разговор што го водат е на тема омаловажување на други луѓе или озборување.
Lifestyle
За полесно да помине времето: Ако ви претстои првиот авионски лет, еве што треба да знаете

Без оглед на ситуацијата, веруваме дека ќе ги најдете советите кои можат да ви го направат поудобно времето на аеродромот. Ви ги пренесуваме во следните редови.
Цените на аеродромот не се наивни. За да избегнете да плаќате три пати повеќе за обична кеса со чипс или бисквити, најдоброто нешто што можете да направите е да го носите она што сакате да го јадете од дома.
Спакувајте празно шише со вода
Секогаш е препорачливо со себе да носите празно шише со вода, кое обезбедувањето нема да ви го земе и кое можете да го наполните со вода во бањата на аеродромот кога ќе почувствувате жед.
Пријавете се за вашиот лет однапред
За да не чекате предолга редица на аеродромот, погрижете се да се пријавите за вашиот лет онлајн 24 часа однапред. Згора на тоа, некои авиокомпании наплаќаат дополнително за пријавување во живо, што е дополнителна мотивација за да го направите тоа од дома.
Облечете се во слоеви
Целосно неповрзано со временските услови, треба да се облекувате слоевито кога планирате лет. Аеродромот може да биде толку ладен среде лето што ќе зажалите што ќе облечете само тенок фустан. Истото важи и за зимските услови. Облекувањето во слоеви ќе ве спаси од несакани настинки.
Носете пренослив полнач со вас
Понекогаш навистина може да се случи да чекате со часови на аеродром. Во тој случај, телефонот ќе ви биде начин да го пополните тоа време. Но, многу лесно може да се случи батеријата да ви откаже во најлош можен момент. Во овој поглед, мудро е да носите пренослив полнач со себе ако се покаже дека сите приклучоци на аеродромот се зафатени.
Спакувајте го вашиот лаптоп на лесно достапно место
Кога летате, ќе треба да ја отстраните целата електроника за проверка од обезбедувањето, поради што е важно да ги имате на дофат. Навистина лоша идеја е да го ставите вашиот лаптоп на дното на рачната торба бидејќи ќе мора да ги извадите сите работи од него додека другите патници гледаат.
Фотографирајте го вашето паркинг место на аеродромот
Изгледа прилично смешно, но дали сакате да талкате низ паркингот барајќи го вашиот автомобил кога ќе се вратите од патот, бидејќи сте заборавиле каде сте паркирале. Фотографија од паркинг место во телефонот е вашиот најдобар пријател.
Lifestyle
Кои намирници се препорачливи за жените доилки

Една од важните работи за доилките е да пијат доволнa количинa на течности како што се: Вода, јогурт и млеко, лесни билни чаеви, супи, свежо цедени сокови.
Алкохолните напитоци треба да се изостават, а кафето и чаевите од видот на црн и зелен чај, да се сведат на минимум. Се препорачува внес на 3 порции млечни производи во текот на денот и тоа посебно збогатени со витаминот Д (1 порација = 250 мл млеко или јогурт = 80 грама немасно сирење = 50 гр кашкавал)
Треба да консумираат разновидно овошје и зеленчук во најразлични бои, а да ги избегнуваат намирниците кои предизвикуваат надуеност: грав, леќа, соја, кикирики.
Јаткастите плодови (ореви, лешници, бадеми) и семките (ленено, сончоглед, семки од тиква) да се консумираат секојдневно.
Треба да се внесуваат доволни количини на месо и риба, особено сардина.
Секојдневно треба да се користат намирниците кои се извор на јаглени хидрати: леб, тестенини, ориз, компир. Но, потребно е да се избегнува храна која содржи транс масти како масни пецива, кекси, грицки, соленки.
Повеќето лекови преминуваат во млекото, па задолжително пред пиењето на било каков лек консултирајте се со лекар.
/денар
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за четврток (2 февруари)
-
Видео2 дена
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Македонија9 часа
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
-
Автомобили2 дена
Електричниот Audi RS6 ќе пристигне следната година
-
Култура1 ден
Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие
-
Занимливости9 часа
„Зелена комета“ најблиску до Земјата за прв пат по 50,000 години, последен пат била видлива во камена доба
-
Магазин2 дена
Последната испорака на Boeing 747, првиот џамбо џет, заминува во историјата