Спорт
Марк Гасол во Лејкерс
Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс.
Според американските медиуми, помладиот брат на Гасол се договорил за двегодишна соработка со Лејкерс, откако му истече договорот со Торонто.
Гасол го освои рингот со Репторс во 2019 година, тој помина повеќе од 10 сезони во Мемфис, а во минатото имаше просек од 7,5 поени и 6,3 скока.
Марк на тој начин ќе се приклучи на франшизата во која настапуваше неговиот брат Пау Гасол од 2008 до 2014 година и каде беше двапати шампион – во 2009 и 2010 година.
Гасол е четврто засилување за шампионите во најсилната кошаркарска лига во светот, откако претходно во тимот се приклучија Денис Шредер, Весли Метјус и Монтрес Харел.
Спорт
Сејдини поднесе оставка од претседател на ФФМ, УО закажа вонредно изборно собрание за 22-ри декември
Предмалку првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се истакна на социјалните мрежи дека поднел оставка од столчето претседател, односно Управниот одбор на вонредната седница ја прифатил оставката на Сејдини, така што за 22-ри декември експресно закажал вонредно изборно собрание за нов престедател за Фудбалската федерација на Македонија, додека Сејдини ќе остане на функцијата до истото.
– На Вонредното изборно Собрание на ФФМ на 22.12.2024 ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија – истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
Кичевчанецот Сејдини е претседател во ФФМ од 2018-та година по Илчо Ѓорѓиевски, додека во неговиот мандат четири години беше втор човек на федерацијата. Во неговиот мандат кој регуларно истекува во март 2025-та, нашата селекција бележи големи натпреварувања, односно пласман на Европското првенство. Низ годините, може да се забележат бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА, обновување стадиони, трибини, поставување нов тревник, осветлувања, второто место во квалификациската група за Светското првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со премин во Лига Б.
Во неговото интегрално обраќање преку социјалните мрежи тој истакна: Благодарност до сите кои придонесоа за досегашните успеси, фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, Управниот Одбор и секој љубител на фудбалот, со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, иште еднаш од срце ви благодарам.
Спорт
(ВИДЕО) Миовски донесе нова победа на Македонија, овој пат против Ф.Острови – нов рекорд на нашата селекција без примен гол
Македонија со триумф против Ф.Острови ја „бетонира“ првата позиција во својата група воедно и се пласира во Лигата Б за понатамошниот циклус во Лигата на нации. Минимално, но доволно за среќа, стрелец беше Миовски Бојан кој во 62-та минута по грешката на одбранбениот играч од гостинската селекција прецизно биеше и погоди.
⚽️GOAL | 🇲🇰 North Macedonia 1-0 Faroe Islands 🇫🇴 | Bojan Miovski pic.twitter.com/AvM99JN8ul
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 17, 2024
– Целта е постигната, задоволни сме за се што направивме до сега во Лигата на нации, бидејќи завршивме на првото место. Среќни сме и горди, заслужено дојдовме до овој рекорд за нашата репрезентација, додека во тимот моментално владее одлична атмосфера, и се надевам дека така и ќе остане, истакна Миовски на прес конференцијата по завршетокот од натпреварот.
– Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, Фарски тоа го покажа и претходно, но секоја чест за момците, ги заслужуваат сите почести. Резултатот на нашата напорна работа е видлив, имаме тим со голем потенцијал, работиме на негово подмладување. Апелирам и ја користам оваа прилика да упатам позив до надлежните за теренот, овие играчи мора да играат во најдобрите услови, навистина тоа го заслужуваат, тука доаѓаат големи репрезентации, изјави Благоја Милевски, по завршувањето на мечот.
Инаку, покрај пласманот во Лига Б, што е историско постигнување, Столе Димитриевски уште еднаш ја сочува мрежата мирна, а со 16 бода Македонија се наметнува сериозно и во разигрувањето за мундијалски бараж за СП 2026.
Момци, честитки!
Спорт
(ФОТО) Во дерби мечот против „Еврогол“ од Прилеп, ФК Кичево денес оствари важна победа во одлично прикажана игра
Денес во рамките на 9-тото коло нашата екипа одигра важен меч против своите врсници од „Академија Еврогол“ – Прилеп, каде нашите момчиња го добија со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Васко Грујоски (по одличен центар-шут, погодок со глава), Марко Сталески (соло дриблинг, го претрча скоро цел терен и погоди) и Борис Матески (мал продор, одлична поставеност, шутираше прецизно и погоди) во финишот на натпреварот.
Кратко резиме: „Вистинско дерби, со многу шанси за гол. Временските услови беа идеални за одлична игра, а момчињата тоа и го направија. Со оваа важна победа ФК Кичево собра 22 бодови и практично ја „бетонира“ одличната позиција на табелата.“
Фотогалерија преку нашиот објектив:
-
Кичево2 дена
(ФОТО) На кичевско „Китино Кале“ наши сограѓанки од граѓанското здружение “Sunshine Kids” организираа културен настан „Мојот шарен град“
-
Спорт20 часа
(ФОТО) Во дерби мечот против „Еврогол“ од Прилеп, ФК Кичево денес оствари важна победа во одлично прикажана игра
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (17 ноември)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за понеделник (18 ноември)
-
Временска прогноза17 часа
Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег
-
Временска прогноза11 часа
Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч
-
Спорт14 часа
Сејдини поднесе оставка од претседател на ФФМ, УО закажа вонредно изборно собрание за 22-ри декември
-
Спорт17 часа
(ВИДЕО) Миовски донесе нова победа на Македонија, овој пат против Ф.Острови – нов рекорд на нашата селекција без примен гол