Занимливости
„Мртви“ луѓе кои оживеале: „Тато жеден сум, дај ми чаша вода“ – МИСТЕРИЈА

Некои луѓе по грешка се прогласени за мртви. Подоцна кога “оживеале” нивните семејства и пријатели доживеале вистински шок.
Мислеле дека е зомби
Еси Дунбар имала 32 години кога во 1915 година е прогласена за мртва. Таа имала епилептичен напад. Телото го ставиле во ковчег и погребот требало да биде во 11 часот наредниот ден. Тие ќе ја погребале и порано, но ја чекале нејзината сестра да дојде од соседниот град.
Кога сестрата стигнала, тие го отвориле ковчегот. Еси и се насмеала на својата сестра. Тројцата мажи кои биле покрај ковчегот од став се обиделе да побегнат. Тие паднале во гробот, а еден од нив скршил три ребра.
И неколку години подоцна луѓето биле уверени дека Еси е зомби. Таа починала во 1955 година.
Се рабудила во ковчегот
Маргарет “Маги” Диксон била обесена на 2 Септември 1721 година бидејќи се обидувала да ја сокрие бременоста. Жената од Единбург повеќе не живеела со својот сопруг и се вработила во една гостилница. Таму започнала афера со синот на сопствениот. Останала бремена, но ја криела бременоста бидејќи несакала да ја загуби работата. Таа родила многу слабо бебе кое починало неколку дена после раѓањето.
Маргарет неможела да го погреба бебето бидејќи нејзината бременост морало да остане тајна. Мртвото бебе го фрлила во реката. Телото на бебето е пронајдено и жената е осидена на бесење. Откако ја обесиле, нејзиното тело го ставиле во ковчег. Таа се разбудила на патот кон гробиштата/
Нејзиното “воскреснување” жителите го сфатиле како Божја порака. Тие сметале дека Бог и простил и и дал втора шанса. Таа му се вратила на сопругот и имале уште деца.
Докторот ја прогласил мртва
Елеонор Маркхам е прогласена мртва во 1894 година во своето село во Америка. Таа се жалела на проблеми со срцето, две недели пред нејзината смрт. Докторот ја прогласил за мртва на 8 јули и два дена подоцна ја ставиле во ковчег.
Таа се разбудила кога ковчегот го носеле кон возилото со кое требало да биде пренесен до гробиштата. Го отвориле ковчегот и Елеонот почнала да вика бидејќи за малку жива ќе ја закопале. Докторот кој ја прогласил за мртва кажал дека ќе ја поправи грешката. Подоцна таа тврдела дека цело време била свесна и дека слушала што збореле другите.
Се подготвувале да го запалата неговото тело
Сандеп (23) е момче од Индија кое оживеало во моментот пред да го запалат неговото тело. Во 2016 година него го каснала отровна змија, па мислеле дека е мртов. Кога сватиле дека е жив, го однеле за да го лекуваат, но тој починал
Момчето од Индија собирало дрва во шумата кога го каснала змија. Сите мислеле дека е мртов па се подготвувале да го запалат неговото тело. Тогаш тој почнал да вика од болка и сфатиле дека е жив. Наместо да го однесат во болница, го однеле кај истиот човек кој го прогласил за мртов.
Ниту вториот пат тој не успеал да го спаси. На крајот завршил во болница каде што неможеле да направат ништо повеќе за него освен да го прогласат за мртов.
Оживеал и барал вода
Келвис Сантос (2) престанал да диши во болницата во Белем во северен Бразил, за време на лекувањето на воспаленито на белите дрободи во 2012 година. Прогласен е за мртов и семејството го земало неговото тело. Семејството цела ноќ останало покрај телото кое лежело во отворен ковчег. Еден час пред погребот, детето изговорило “Тато може ли да добијам малку вода”
Таткото на детето, Антонио Сантос кажува како сите почнале да викаат.
“Неможевме да им веруваме на сопствените очи. Мислевме дека се случи чудо и дека нашето дете е живо. Но тој само легна назад како и претходно. Неможевме да го разбудиме. Беше мртов” кажува таткото.
Веднаш го однеле во болница, но докторите потврдиле дека не дава знаци на живот.
“Ме уверуваа дека е починат и не ми обајснија што видов и слушнав пред малку”кажува Антонио.
Семејството одлучило да го погреба наредниот ден со надеж дека повторно ќе оживее. Уверен дека синот е жртва на докторите, Антонио го пријавил случајот.
Локалните власти потврдиле дека момчето е примено во болница во критична состојба и дека е прогласено за мртво поради престанок на дишењето.
Ја закопале жива
Џејмс и Октавија Хатчер од Кентаки во јануари 1891 година го загубиле својот единствен син. Октавија паднала во депресија. Наскоро паднала во кома и прогласена е за мртва на 2 Мај. Тие веднаш ја погребале. Неколку дена подоцна нејзиниот сопруг забележал дека неколку луѓе во градот кои биле во кома се разбудиле и оздравеле. Џејмс почнал да се сомнева дека можеби жива ја закопале неговата жена.
Затоа одлучиле да го ископаат нејзиниот гроб. Но закасниле. По тоа што го виделе заклучиле дека Октавија се разбудила во ковчегот и се обидувала да излезе од него. Жителите кажуваат дека слушнале звуци и плачење кои доаѓале од гробот на Октавија.
Џемјс се исплашил дека и тој може жив да биде закопан па побарал за него да биде направен ковчег од кој ќе може да излезе ако се разбуди.
Занимливости
Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.
Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.
Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.
/denar
Занимливости
Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.
Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.
Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.
Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.
Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.
Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.
Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.
Извор: ArsTechnica
Занимливости
Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.
Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.
Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.
Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.
Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.
/денар.мк
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево1 ден
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (28 мај)
-
Временска прогноза13 часа
Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..
-
Lifestyle2 дена
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Магазин2 дена
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто
-
Спорт13 часа
ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија
-
Lifestyle21 час
Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа