Следете не

Кичево

МВР приведе кичевчанка, при претрес во нејзиниот дом пронајдена е дрога

Avatar

Објавено пред

на

Вчера на ден 02.11.2020 во Кичево, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ја лишиле од слобода М.Т.(22) од Кичево.

При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашкаста материја, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Извор: СВР Охрид – портпарол Стефан Димоски

Извадок: Дневен билтен за медиуми

Кичево

Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни

Avatar

Објавено пред

на

Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-09, Кичево-30, Дебар-01).

На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19

Според статистичките податоци кои стигнуваат од СВР Охрид, изминатата седмица вкупниот збир на напишани казни поради непочитување закон за заштита на лицето (носење маска) изнесува 183 што практично укажува за максимална не одговорност.

Надлежните органи во координација со медиумите, апелираат да се почитуваат пропишаните мерки за Ковид-19.

Извор: СВР Охрид

Прочитај повеќе...

Кичево

ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19

Avatar

Објавено пред

на

Портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски ја информира јавноста дека на 27.02.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

При контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

/СВР Охрид – дневен билтен за медиуми

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење

Avatar

Објавено пред

на

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење. Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без собири, но со видеомонографија подготвена со учениците од I до IX одделение под менторство на сите наставници во училиштето. Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот во 10 часот утрово, истата беше дело на Фото Зоран, а се прикажуваше и во 19 часот попладнево.

Концептот на програмата беше фокус врз целокупниот воспитно – образовен процес: рецитали, музички точки, мали драмулетки на англиски јазик, особен акцент врз теми од природната група на предмети. Фокус врз едно модерно, иновативно училиште, кое поседува голем број на талентирани ученици и посветени наставници.

„Нашето училиште во текот на своето постоење, подготвило многу кадри што оставиле белег во општествениот и научниот живот во нашиот град, како и во нашата држава. Затоа, сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи особен развој“ – за нашиот медиум изјави директорот, Драган Андрески.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 44 минути

На денешен ден – 3 март

1703 година – Умре англискиот научник и пронаоѓач Роберт Хук, кој усоврши барометар, телескоп и микроскоп и прв ја откри...

ХороскопПред 2 часа

Дневен Хороскоп (3 март) среда

ОВЕН Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви...

СпортПред 4 часа

ФФМ: Дисквалификувана екипата на Вардар Форино од натпреварувањето во Втора МФЛ – Запад

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82.  од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за...

МакедонијаПред 9 часа

Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 367 -Прилеп...

Временска прогнозаПред 10 часа

Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..

До четврток времето во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и топло преку ден со максимални дневни температури кој...

СветПред 12 часа

Мерките за затворање во Германија се во сила до 28 март?

Германија планира да ги продолжи мерките за затворање воведени како резултат на вирусот корона до 28 март, објави германскиот магазин...

СветПред 12 часа

Израел отвора ресторани, но само за вакцинираните

Израелската влада го одобри отворањето сали за настани и ресторани следната недела како дел од укинувањето на третите ограничувања воведени...

МагазинПред 12 часа

Непознат телефон на Realme се појави на 3D рендери

Иако Realme GT во моментов е во центарот на вниманието, кинеската компанија Realme има и други телефони во подготовка. Еден...

Здравје и убавинаПред 12 часа

ДОКТОР ТВРДИ: Овие сигнали јасно покажуваат дека нешто не во ред со црниот дроб

Црниот дроб е многу важен орган, бидејќи влијае на здравјето на сите други органи и воопшто на целиот организам Црниот...

На денешен денПред 24 часа

На денешен ден – 2 март

1824 година – Роден е чешки композитор, диригент и пијанист Бедрих Сметана (Бедрич), чие дело е успешна синтеза на фолклорот...

НАЈЧИТАНИ