Македонија
Намален бројот на нови случаи денес, додека бројот на починати висок
Во последните 24 часа направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 91
• Куманово – 14
• Кавадарци – 7
• Струга – 4
• Прилеп – 3
• Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
• Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 330 оздравени пациент од:
• Скопје – 116
• Куманово – 28
• Велес – 23
• Прилеп – 15
• Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14
• Кавадарци и Битола – по 9
• Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6
• Кичево и Ресен – по 4
• Пробиштип – 3
• Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2
• Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187
Македонија
Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време
„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар.
Како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
Од денес на повеќето малопродажни објекти авто-гасот се продава по цена од 43,50 ден/лит, додека во пракса некои од малопродажните објекти се продава по цена од 43 ден/лит.
Цената на авто-плинот не беше променета заклучно со септември месец 2023-та каде тогаш од 42,5 цената порасна на 45 ден/лит.
Македонија
Од полноќ сите деривати ќе бидат со намалена цена за литар
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар, истакнаа од РКЕ.
– Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Македонија
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
Во пресрет на најсветите мигови на Христовото Воскресение, и најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска обител испраќа апел до сите верни што вечерва ќе земат удел во Пасхалната богослужба, да се воздржат од користење на мобилни телефони за време на службата. Сликањето со мобилни телефони го уништува молитвениот амбиент и ја одзема духовната димензија на богослужбата, претворајќи ја во евтина атракција, подобна на световните настани и манифестации. Затоа во тој контекст, би ви биле благодарни доколку и самите ја согледате штетноста на оваа, во последно време доста актуелна навика и во иднина ја отфрлите. На тој начин и вие ќе имате поголема полза од богослужбата, а и на верните околу вас ќе им овозможите со поголем мир молитвено да учествуваат во неа.
Уште еднаш апелираме да се почитува светоста на богослужбата, да не се фотографира со мобилни телефони, затоа што манастирот си има свои официјални фотографи и сите ќе имате можност подоцна да видите фотографии од тие благодатни моменти, што не би ги ни доживеале доколку во рацете држите мобилни. Надевајќи се дека ќе го почитувате овој апел, на сите ви посакуваме Добра Пасха
Известуваат од Бигорскиот Манастир во пресрет на најсветиот празник
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (16 мај)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (17 мај)
-
Магазин2 дена
Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш
-
Магазин2 дена
Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!
-
Спорт12 часа
Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството
-
Спорт1 ден
ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал
-
Автомобили12 часа
VW Golf оваа година го слави својот 50-ти роденден, а по тој повод ќе биде претставена специјална серија