Следете не

Занимливости

Необична глетка: За дел од секунда ноќта се претвори во ден! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

“Огнена топка” како што го опишале овој феномен жителите на Урал, исплашила многу луѓе. Станува збор за метеор кој почнал да согорува при влезот во орбитата на Земјата, поради кој небото со осветлило.

Жителите на Урал останале изненадени кога ноќта во неколку секунди се претворила во ден. Необичниот феномен изгледал како “огнена топка” која всушност е метеор кој согорел при влезот во орбитата на Земјата. Тоа согорување предизвикало силна светлина, но и мала експлозија на небото.

“Мислев дека е ѕвезда, но произлезе дека не е. Додека паѓаше, светеше во жолта и портокалова боја, а зад себе остави траг кој имаше виолетова боја” кажува очевидец. Рој додава дека луѓето многу се исплашиле, а некои кренале голема паника и почнале да викаат.

Подоцна експертите потврдиле дека станува збор за природен феномен.

Занимливости

Дали сте знаеле дека на жените им е потребен повеќе сон од мажите, еве и зошто..

Објавено пред

на

Американски научници открија дека на жените им е потребен сон повеќе од мажите. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално во текот на денот. Оваа вест мажите би можеле да ја дочекаат како доказ за некаков вид на нивна супериорност.

Причината како што наведуваат за ваквата состојба е што на женскиот мозок му треба повеќе време да се опорави – затоа што во текот на денот извршува посложени задачи од машкиот мозок.

Тим од универзитетот „Дјук“ открива дека жените на кои хронично им недостасува квалитетен сон, честопати страдаат од депресија и вознемиреност. За разлика од нив, на мажите на кои им е скратен сонот не ги покажуваат овие симптоми.

/denar

Прочитај повеќе...

Занимливости

Netflix ја прекинува услугата за испорака на ДВД до дома

Објавено пред

на

Netflix ни е познат како стриминг видео услуга, но малкумина знаат дека првично започна како услуга за изнајмување видео ДВД на корисници, преку поштенската услуга. Интересно е што оваа услуга постои до денес. Сепак, компанијата најави дека оваа услуга (конечно) ќе биде прекината на 29 септември, повеќе од 26 години од основањето на компанијата. Корисниците ќе можат да ги вратат изнајмените ДВД-а до 27 октомври.

Во официјалното соопштение што го објави Netflix по тој повод, се наведува дека компанијата отсекогаш сакала на своите претплатници да им ја обезбеди најдобрата услуга. Но, како што се намалува пазарот на ДВД, станува се потешко да се обезбедат наслови на видео и логистика, поради што, за жал, беше одлучено да се прекине оваа услуга.

Netflix е основан во 1997 година како услуга за плаќање по изнајмување, која ја искористи предноста на тогашниот нов и, во споредба со VHS, супериорен медиум за репродукција на видео содржини. Во текот на 1999 година, компанијата се преориентира на модел на претплата, кој се користи и денес. Тој модел им овозможува на корисниците да го дефинираат редоследот по кој се испраќаат дисковите кога ќе станат достапни. Веќе во тоа време беа достапни неколку модели на претплата, што овозможи да се изнајмат неколку филмови во истиот временски период.

Стриминг верзијата на Netflix беше лансирана во 2007 година, како додаток на поштенскиот метод за изнајмување филмови. Малку подоцна, на крајот на првата деценија на овој век, стриминг имаше повеќе претплатници отколку корисници кои добиваа ДВД-а по пошта, а на крајот на 2010 година компанијата понуди посебна услуга за стриминг, целосно независна од претходниот бизнис модел.

Интересно е што овој потег на почетокот беше слабо примен, пред се поради повисоката цена на претплатата на услугата за стриминг. Сепак, со текот на времето, стримингот го презеде и бројот на корисници продолжи да расте до 2022 година, кога Netflix доживеа пад на претплатниците за прв пат во два последователни квартали. Ова резултираше со побрзо откажување на многу серии и најавени филмови. За да ги намали последиците, компанијата презеде различни мерки, а една од нив е најавата за поскапа претплата за корисниците кои ги споделуваат своите лозинки.

Кога станува збор за изнајмување ДВД, единствената голема промена со која се обиде Netflix беше ребрендирањето на услугата во 2011 година. Qwikster требаше да биде самостојна верзија на Netflix и беше планирано да се дозволи изнајмување на видео игри (исто така на ДВД) покрај филмовите. Сепак, по само неколку недели, оваа идеја беше напуштена.

Инаку, Netflix ја даде и информацијата дека од своето основање до претплатниците испратил повеќе од пет милијарди ДВД-а. Претплатниците ќе можат да ја преземат својата историја на изнајмување во PDF формат до 27 октомври, по што тие податоци ќе бидат избришани, заедно со сите лични податоци на корисникот.

Извор: ArsTechnica

Прочитај повеќе...

Занимливости

Едноставна навика која спречува непријатен здив на утро

Објавено пред

на

Непријатниот утрински здив е многу честа појава, а неговите предизвикувачи се бројни. Причина може да биде лошата исхрана, проблеми со желудникот, расипан заб и сл. Но, тоа може да биде и хронично воспаление на синусите, воспаление на слузокожата кое предизвикува зголемена секреција на слуз во носот.

Слузта преку ноќта се спушта низ грлото и таму се таложи, бидејќи во ноќта не кашламе и не го отстрануваме тој талог на било кој начин, тој почнува да се разградува, што предизвикува непријатен мирис.

Гастроезофагеалниот рефлукс, или враќањето на киселините и храната од желудникот во хранопроводот исто така можат да предизвика непијатен утрински здив.

Доколку спаѓате во групата на лица кои јадат доцна, а имате ослабен желудечен свинктер, содржината од желудникот во текот на ноќта ќе се префрли во хранопроводот, а неговиот непријатен мирис ќе се почувствува и надвор.

Од таа причина, најдобро би било да не јадете најмалку 3 часа пред спиење, секој ден без исклучоци, советува, д-р Ерих Војт.

/денар.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили1 час

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили1 час

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин1 час

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

Магазин1 час

Корисниците на социјалната мрежа Instagram ширум светот од утрово пријавуваат проблеми

Се чини дека Instagram, една од најпопуларните платформи на социјалните мрежи ширум светот, утрово не работи, пишува „Дејли мејл“. Според...

Магазин1 час

Google ја прекинува поддршката за уште еден од своите производи

Нема повеќе софтверски или безбедносни ажурирања за првиот Chromecast на Google, кој Google тивко го прекина на крајот на април,...

Свет1 час

Тужба: TikTok и шпионирање на демонстрантите во Кина

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, и помогна на Кина да ги шпионира демонстрантите, според тужбата поднесена од поранешниот...

Магазин2 часа

Amazon Prime Video добива пакет со реклами

Се чини дека платформите за стриминг прават се што можат за да преживеат во конкурентна средина, а сега Amazon Prime...

Магазин2 часа

Поради лажна промоција на криптовалути против YouTube, Twitter, Instagram и TikTok, поднесена е жалба до Европската комисија

Групите на потрошувачи во Данска, Франција, Грција, Италија, Литванија, Португалија, Словачка и Шпанија, исто така, ја потпишаа жалбата. Европската групација...

Мобилни уреди6 часа

Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android

Новиот оперативен систем iOS 17 им отежнува на корисниците на Android да имаат групни разговори кога се допишуваат со луѓе...

Спорт6 часа

„Сер Боби“ уште еднаш ги пофали своите момчиња, каде овој пат покажаа професионален пристап и голем ентузијазам

Македонската А репрезезентација утре 10-ти јуни (сабота) го има официјалниот собир за јунските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против...

НАЈЧИТАНИ